fbpx

Имате хронични болки? Губењето килограми може значително да Ви помогне!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Кога пациентите и докторите зборуваат околу решавањето на проблемите со некаков тип на хронична болка, најчесто изоставуваат еден многу важен елемент за темата – контролирањето на телесната тежина.

Можеби губењето килограми нема да даде инстантни резултати, односно брзо олеснување на болките, но истражувањата утврдуваат силна конекција помеѓу вишокот телесна тежина и интензитетот на болките. Дури, велат дека и помалото или умерено намалување на килограмите, може да биде ,,пресвртница”, кога станува збор за хроничните болки.

Чувствителна тема

Обезноста освен физичка ,,димензија”, поседува и психичка и социјална. Заради овие причини, дискусијата на оваа тема е доста деликатна работа, па докторите често ја избегнуваат, заради загриженост да не направат непријатна ситуација – емотивно да го повредат пациентот, или пак да создадат повеќе проблеми отколку што би помогнале. Ова особено важи ако посетата е стриктно заради некакви болки, бидејќи пациентот често може да се почувствува како да му го потценувате проблемот со непријатните болки. Дефинитивно е полесно да се зборува на оваа тема доколку самиот пациент ја започне.

"“Online”/

Значи, станува збор за исклучително сензитивна тема, за којашто е потребен позитивен пристап и добар линк на комуникација помеѓу лекарот и пациентот.

Чувствителна, но значајна тема на која мора да се дискутира


Обезноста може да има сериозен импакт на тоа како ја доживуваме болката. Вишокот телесна тежина го зголемува механичкиот притисок на телото, односно притисокот на коските, зглобовите,  ‘рбетот и мускулите кои ги поддржуваат овие елементи, па ваквата ситуација може да доведе до дополнителни оштетувања и мултиплицирање на болките.
Затоа, докторите треба да најдат начин да ги искомуницираат овие факти со пациентите кои страдаат од хронична болка.

Артритис

Студиите покажуваат дека намалувањето на само половина килограм, може да намали притисок во колената соодветен на речиси 2 килограми. Постојат податоци и дека колку повеќе пациентите со артритис губат од својата вишок телесна тежина, толку подобро се справуваат со хроничните болки и понормално функционираат во секојдневнието.

Fibro Gel

Вишокот масно ткиво, особено во абдоминалниот предел (стомакот), ги зголемува нивоата на инфламација во чувствителните деловите од телото, како што се зглобовите.

Фибромијалгија, мигрени и различни типови физички повреди

Губењето на телесната тежина се покажало како фактор за намалување на болките и при состојби, како фибромијалгија, некои мускулни нарушувања, па дури и мигрени.

Вишокот телесна маса е ризик-фактор за синдром на карпален тунел, како и за развивање на хронични болки после некаков вид физичка повреда (спортски или при сообраќајни несреќи, на пример).

Една студија со 800 волонтерки, покажува резлутати според кои се гледа дека губењето на (во просек) 5 килограми, може да го намали дури за половина ризикот од развивање на артритис на колената.

Вишокот килограми уште потешко се губи доколку сте во хронична болка

 

Информацијата дека гојазноста нѝ ја отежнува ситуацијата и со состојбите кои водат до хронични болки може да делува обесхрабрувачки. Живеењето со хронични болки го прави уште потешко губењето килограми, но не и невозможно!

Со малку повеќе труд, мотив, време, планирање и трпение сè е можно! Во продолжение, неколку совети како да си помогнете доколку се наоѓате во токму ваква специфична ситуација, односно имате проблеми со тежината, но и хронични болки.

Визуелизирајте го успехот

Наместо да се фокусирате на губењето килограми на вагата, почнете да си замислувате како би изгледало и колку полесно би се чувствувале со некој килограм помалку. Избегнувајте да се споредувате со другите, особено со оние со фотошопирани слики на социјалните мрежи или со популарните личност. Замислувајте како би изгледала најдобрата верзија од вас самите.

Многу успешни спортисти ја користат визуелизацијата како средство за постигнување на добри резултати, бидејќи таа им помага нивниот мозокот поефикасно да комуницира со телото кога е време за натпреварување. Одржувајте си ја позитивната слика за себеси во иднината, додека трае процесот на слабеење.

Потпрете се на професионалци

Веќе знаете дека губењето на килограмите зависи од исхраната и сè она што се подразбира под начин на живеење. Ова е многу лесно да се каже и да се заклучи, но е исклучителен предизвик да се спроведен ,,на терен”, во реалноста. Затоа, особено во специфични ситуации, како што е оваа (обезност и проблем со хронични болки), воопшто не се двоумете да побарате помош од професионалци кои постојано ќе ве мотивираат и ќе ве одржуваат на вистинската патека.

На следниот линк, е програмата за здраво слабеење на Д-р Митов: Здраво слабеење!

Имајте умерена физичка активност

Можеби еден од најголемите предизвици за овие пациенти е физичката активност. Имајќи ги предвид болките, потребна е силна посветеност и мотив за ваквата личност да применува редовна физичка активност – инаку вториот столб на здравото слабеење.

Сепак, кога ќе се спомене физичка активност, не нужно се мисли на трчање, искачување на Водно, играње фудбал или некој друг тип потешка активност. И најмалата прошетка од 15-тина минути се смета за одлична активност, ако секојдневно се применува. Работењето во градината, возењето велосипед, качувањето по скали наместо одењето со лифт итн. Сето ова се смета за физичка активност!

Дадете си време колку што ви е потребно. На пример, правете кратки прошетки од 10-тина минути секој ден еден и до еден месец, па потоа зголемувајте за некоја минута. Во оваа ситуација е потребно повеќе трпение и малку поголема посветеност на исхраната што ја имате.

После физичката активност, ќе се чувствувате поопуштено, а за одреден период ќе заборавите и на болката.

Ценете го и најмалиот напредок и бидете секогаш позитивно настроени

Секако, како и во секоја друга ,,борба”, така и во борбата со килограмите постојат подеми и падови. Многу е важно повеќе да се осврнеме кон прославувањето на најмалите победи, отколку да се фрустрираме од ,,грешките”. Никогаш не го потценувајте и најмалиот напредок. И да слабеете по само 100 грама неделно, за 6 месеци тоа се 3 килограми. Тие 3 килограми можат да направат ОГРОМНА разлика кога станува збор за повеќе типови на хронични болки, но и да дадат и многу други здравствени бенефити.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X