fbpx

Импотенцијата може да наговести срцев удар

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Врската помеѓу импотентноста и ризикот од срцев удар   Импотентноста (еректилната дисфункција) може да биде ран предупредувачки сигнал дека е можен срцев удар кај засегнатиот пациент. Особено кај мажи пред 50-тата година. Импотентноста не е дел од нормалниот процес на стареење и не треба да се игнорира, или пак веднаш да се припишува на „психатa”. Причините најчесто се физички, и тоа васкулогени, односно потекнуваат токму од крвните садови. Порано се сметаше дека заради процесот на напластување на масни наслаги низ цело тело (атеросклероза) први страдаат помалите крни садови, како на пример тие кај пенисот, и така доаѓа до импотенција, а подоцна и до срцев удар. Денес се смета дека механизмот е поврзан со нефукционалноста на еднотелиумот (внатрешниот слој на крвните садови) и на мазните мускули, но, каков и да е механизмот, последиците повторно се исти.   Најава три до пет години пред срцевиот удар   Според некои научни студии, се смета дека еректилната дисфункција може да најави срцев удар 3 до 5 години пред тој да се случи. Оттука е многу важно проблемот да се сфати сериозно и да се реагира навремено. Сите сме го чуле муабетот како „здрав прав” човек умрел од срце, без најава. Да, ама здрав прав човек не умира од срце, може да настрада од сообраќајна незгода или друга несреќа, но не и од срце. Дури кај 40% од пациентите со срцеви проблеми – првиот знак е смрт. Значи, процесот почнал и траел подолг период, ама ние не сме го препознале и не сме реагирале кога требало.   Што треба да направат пациентите во таквите случаи?  Најпрво, треба да сфатат дека телото ги предупредува. И да разберат дека тоа најверојатно се должи на неприродниот начин на живот, и неприродниот начин на исхрана. Тоа е прво – да сфатат дека нешто ќе мора да сменат ако сакаат да се одржат здрави. Второ, ќе треба да направат одлука како да си го решат проблемот. Јас на моите пациенти им го предочувам изборот, а одлуката е секогаш на самиот пациент. Изборот е: или промена на исхраната/навиките, или лекарства, стент, операција на срце… Таканаречените „сериозни модификации на животниот стил” (исхрана и физичка активност) можат да ја елиминираат потребата од останатите видови на терапија кај најголем дел од пациентите со срцева болест. Трето, треба да се издржи првичниот период на адаптација, а потоа новиот начин на исхрана станува навика и пациентот продолжува без поголеми проблеми да живее здраво. Едноставно, му се менуваат навиките.   Дали промените во исхраната и навиките се доволни?   Најчесто да, но и доколку се испостави дека не се – нема никаква штета ако најпрво се почне со нив. Прва линија на терапија треба да бидат токму промените во исхраната и начинот на живот. Некако не веруваме многу во моќниот ефект на исхраната. Но, дозволете да ви презентирам еден класичен тек на интервенцијата преку исхрана: доаѓа пациент со болка во градите (ангина пекторис), со висок холестерол и притисок, со прекумерна тежина, со еден куп лекарства… и започнува со програмата за интензивна модификација на животниот стил. За кратко време, за само неколку недели: телесната тежина опаѓа, холестеролот и притисокот започнуваат да се нормализираат, градната болка се намалува и поминува, и сите здравствени параметри постепено се подобруваат. Само со храна, суплементи и физичка активност. Жално е што ја потценуваме моќта за самообнова на нашите тела, особено ние лекарите, но современите медицински трендови покажуваат токму во тој правец. И чесно е пациентите да бидат информирани дека имаат избор, па самите да одлучат дали најнапред ќе се обидат со исхраната. Д-р Митов

Fibro Gel
Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X