fbpx

Индекс на телесна маса – предности и маани?

tonus

Индексот на телесна маса (BMI) веќе подолго време претставува своевиден стандард за општата здравствена состојба на индивидуата. Едноставната формула за негово пресметување има широка примена, а резултатите од неа се користат за проценување дали телесната тежина е во ,,нормалните, здрави рамки”, во однос на висината.

Многу често преку BMI се проценува и ризикот од општа (од било какви причини) смртност, но сепак, главната примена е во проценувањето на степенот на гојазност.

Сè погласни критики за BMI

Во последно време постојат доста критики околу примената на BMI за претходно споменатите намени, бидејќи тој е доста непрецизен во пресметувањето на масното ткиво и не обезбедува целосна слика на здравјето на една индивидуа.

Истражувањата
покажуваат дека проценувањето на ризикот од одредени здравствени проблеми, потпирајќи се само на BMI, многу лесно може да доведе до грешки и заблуда.

"“Online”/

Формулата за пресметување на индекс на телесна маса прв пат била поставена во далечната 1832 година, од еден белгиски математичар Адолф Кутел. Таа гласи: тежината (килограми)/ висината (метри2) = kg/m2.

Ако резлутатот биде под 18,5, индивидуата се смета за неухранета, ако биде помеѓу 18,5-24,9 телесната тежина се смета за нормална, а се над 30 се смета за гојазност.

Повеќе за врската помеѓу калориите, BMR и BMI со слабеењето, прочитајте тука.


Позитивни страни на BMI

BMI е брз, едноставен и ефтин начин за дијагностицирање на прекумерна телесна тежина или гојазност. Потребни се само вредностите за телесната тежина и висината.

Имајќи предвид дека обезноста носи зголемен ризик од низа заболувања, вклучително срцеви, дијабет итн., индексот на телесна маса може да укаже на зголемен ризик од здравствени проблеми. Некогаш BMI вредноста се користи дури и за одбирање на одредени третмани и за проценување колку е ефективен или успешен процесот на намалување на телесната тежина.

Кои се проблемите?

1) BMI не ја дава ,,целосната слика”

Сам по себе, BMI не дава целосна слика за здравствените ризици на одредена личност. Сепак, тој е само едноставна мерка на големината на телото, а не за здравствената состојба. Тој не обезбедува информации за застапеноста на масното ткиво, можеби клучниот елемент за определување на здравствените ризици.

Индексот на телесна маса е значаен, но груб индикатор за телесните масти. Она што е важно и  треба да го разбереме е дека вредноста за BMI не ги разграничува масното ткиво и мускулната маса, односно не нѝ дава никаква информација за нивниот меѓусебен однос.

Како пример колку ,,груб” индикатор е BMI се одредени спортисти. На пример, најчесто играчите на рагби или спринтерите, според формулата за индекс на телесна маса се гојазни или луѓе со прекумерна телесна тежина. Така, би се заклучило дека овие спортисти имаат ист ризик од заболувањата поврзани со гојазноста, како и оние гојазните луѓе со т.н. седечки начин на живот.

Секако, ова е далеку од вистината, бидејќи спортистите имаат однос на мускулна маса и маснотии кој е значително поразличен од гојазните луѓе (имаат многу повеќе мускулна маса).

Истражувањата покажуваат дека спортистите и редовно физички активните луѓе имаат нормален крвен притисок, подобри нивоа на вкупен холестерол и глукоза во крвта, во однос на неактивните луѓе, па имаат и значително намален ризик од хроничните заболувања.

2) BMI не нѝ обезбедува информации ниту за распределеноста на масното ткиво


Распределеноста на масното ткиво низ телото (во околината на абдоменот, во нозете итн.) е доста значаен индикатор за здравјето. Поединците со т.н. јаболковиден облик (обемно масно ткиво околу струкот), имаат значително поголеми здравствени ризици отколку оние со масно ткиво распределено во пределот на колковите.

Јаболковидниот облик, истражувањата го поврзуваат и со зголемен ризик од метаболен синдром – комбинација од поврзани нарушувања, како висок крвен притисок, висок шеќер, холестерол и повеќе други состојби кои заеднички, значително го зголемуваат ризикот од низа хронични заболувања (дијабет, срцев, мозочен удар итн.). Повеќе околу овој синдром прочитајте тука.

3) Потпирајќи се само на BMI, не можеме да кажеме дека одредено лице не е гојазно

Едно истражување со над 13 илјади возрасни волонтери, покажува интересни резултати. Имено, преваленцата, односно зачестеноста на гојазноста била доста помала кога таа се дефинирала со BMI, отколку кога гојазноста се дефицинирала и преку процентот на масно ткиво во организмот.

Дополнително, една студија вели дека кај повозрасните луѓе (оние над 65 години) вредностите за BMI кои укажуваат на гојазност, не укажувале на некаков зголемен здравствен ризик, додека таков ризик бил утврден при вредности под 23.

Заклучокот е дека дури и гојазноста е тешка за дефинирање користејќи само информации за BMI, а исто така, нормалните вредности за овој параметар, не мора да значат и добро здравје. Ако земеме во предвид дека  и одредени здравствени проблеми, како кардиоваскуларни и дијабет тип 2, можат да се јават и кај луѓе со нормален индекс на телесна маса.

Краток заклучок

Како што рековме, BMI е брз, лесен, едноставен и ефтин индикатор за општото здравје, но тој треба да биде само ,,почеток”.

Користејќи ги информациите само околку индексот на телесна маса не сме во можност подетално да го процениме здравствените ризици, па затоа најдобро е тој да биде користен во комбинација со други мерења и проценувања на низа други параметри. Само на тој начин би го добиле она што го подразбираме под ,,цела слика”, во однос на нашето здравје.

Кога велиме ,,други параметри”, се мисли на индивидуалните фактори кои влијаат на здравјето, а BMI воопшто не ги зема во предвид, како: пушење, стрес, физичка активност, крвен притисок, холестерол, шеќер, обемот на струк и колкови, однос помеѓу мускулна маса и масно ткиво итн.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор