fbpx

Инсулинска резистентност – се’ почест проблем!

tonus

Инсулинот е многу важен хормон кој регулира низа телесни функции. Евентуалните проблеми со него се во самата срцевина на бројни т.н. болести на модерното време.

Инсулинската резистентност или отпорност на инсулин е многу честа состојба при која клетките прекинуваат да ,,одговараат” на инсулинот. Во САД, речиси 1/3 од населението има облик на ова нарушување, а во зависност од критериумите за негово дефинирање, оваа бројка може да биде и значително повисока. И кај нас ситуацијата е сериозна.

Според истражувањата на оваа тематика, дури 33% од децата и тинејџерите кои се соочуваат со обезност, имаат инсулинска резистентност. Значи, обезноста е сериозен ризик-фактор.

"“Online”/

И покрај ваквите загрижувачки бројки, наједноставните промени во начинот на живот можат драматично да помогнат во превенцијата и подобрувањето на оваа состојба.

Во продолжение, сè што треба да знаете за инсулинот, инсулинската резистентност и лајфстајл промените кои се корисни при ова нарушување.


Инсулин

Инсулинот е хормон кој го излачува панкреасот. Неговата главна улога е да го регулира количеството хранливи материи кои циркулираат во крвотокот.

Иако најчесто се поврзува со контролирањето на шеќерот во крвта, овој хормон има улога и во метаболизмот на мастите и протеините.

Кога имате оброк кој содржи јаглехидрати, нивото на глукоза во крвта по одредено пократко време ќе порасне. Клетките на панкреасот имаат механизам според кој можат да го ,,почувствуваат” ова, по што излачуваат инсулин во крвотокот.

Инсулинот им сигнализира на клетките дека треба да го примаат шеќерот од крвта. Овој процес резлутира со намалени глукозни нивоа. Постојано високите нивоа на шеќер во крвта се особено штетни од повеќе аспекти, а екстремно високите можат да предизвикаат сериозни штети, па дури да бидат и живото-загрозувачки.

Инсулинска резистентност

Кога клетките ќе престанат соодветно да одговараат на ,,стимулациите” од инсулинот, станува збор за инсулинска резистентност или отпорност. Во вакви услови, панкреасот почнува да лачи уште повеќе инсулин во намерата да го намали шеќерот во крвта. Ова води кон високи нивоа на инсулин во крвта, состојба наречена хиперинсулинемија.

Со текот на времето, резистентноста на клетките во однос на инсулинот може да се зголемува, предизвикувајќи високи нивоа на шеќер, но и на инсулин во крвотокот. На крајот може да дојде до оштетувања на панкреасот и следствено, намалена продукција на инсулинот.

Инсулинската резистентност е најчестата причина за дијабет тип 2, заболување кое опфаќа и до 10% од светската популација, но и за гестационалниот дијабет и предијабетот – исто така доста чести заболувања. Повеќе околу дијабетот, прочитајте тука.

Резистентност vs Сензитивност

Инсулинската резистентност и инсулинската сензитивност се две страни од една иста паричка.

Ако имате инсулинска резистентност, имате намалена инсулинска сензитивност и обратно.

За разлика од резистентноста, инсулинската сензитивност е позитивна.

Што ја предизвикува инсулинската резистентност?


Многу фактори можат да допринесат за развивање инсулинска резистентност. За еден од главните се смета нарушениот липиден профил. Бројни студии покажуваат дека високите количества слободни масни киселини во крвотокот водат кон инсулинска резистентност.

Главната причина за нарушен липиден профил (холестерол и триглицериди) е неправилната исхрана – нездравата храна, прејадувањата, обезноста итн. Повеќе околу значењето на липидниот профил, прочитајте тука.

Вишокот маснотии во клетките исто така водат кон зголемен ризик од резистентност. Сепак, инсулинската резистентност не е нужно поврзана со обезноста, таа може да ги погоди и луѓето со нормален BMI.

Други ризик-фактори:

Фруктоза – Исхраната богата со фруктоза (од додадени шеќери, не од овошки), низа студии ја поврзуваат со инсулинска резистентност.

Воспаление – зголемениот оксидативен стрес и хроничното воспаление можат да водат до оваа состојба

Неактивност – физичката активност ја зголемува инсулинската сензитивност, додека неактивноста делува сосема спротивно.

Нарушена цревна микрофлора – во последно време се зголемува бројот на докази дека нарушената цревна микрофлора може да поттикне инфламација која допринесува за инсулинската резистентност и други метаболитички нарушувања.

Генетски фактор

Симптоми


Иницијално, инсулинската резистентност не пројавува симптоми. Симптомите почнуваат да се појавуваат со позначителните зголемувања на глукозата во крвта и вклучуваат:

◦ Хроничен замор
◦ Постојано чувство на глад и жед (дури и непосредно по оброците)
◦ Нарушена концентрација
◦ Зачестено уринирање
◦ Зачестени инфекции
◦ Нарушен липден профил

Ако знаете дека сте во некаква ризична група (обезност, повишена телесна тежина, масно ткиво во пределот на стомакот), треба почесто да го проверувате нивото на шеќер во крвта.

Покрај со дијабетот и метаболниот синдром, инсулинската резистентност се поврзува и со срцевите заболувања.

Според истражувањата, луѓето со инсулинска резистентност или метаболен синдром имаат дури 93% поголем ризик од некакви кардиоваскуларни заболувања.

Други заболувања поврзани со резистентноста: неалкохолно замастен црн дроб, синдром на полицистични јајници, Алцхајмер, малигни заболувања итн.

Промени во животниот стил – прва линија на превенција и третман на инсулинската резистентност

И наједноставните промени на лошите навики можат значително да помогнат при оваа состојба, но што е можеби и позначајно – во нејзиното превенирање. Според искуствата и правените истражувања, можна е дури и реверзибилност, односно целосно излекување на резистентноста, сo следење на здравите животни навики. Пред сè тука се мисли на:

Редовна физичка активност

Здрав начин на слабеење

Откажување од цигарите

Намален внес на препроцесирана храна

Внес на храна богата со омега 3 масни киселини

Добра хигиена на сон

Донирање на крв – високите нивоа на железо во крвта се поврзуваат со инсулинската резистентност.

Одредена суплементација – секако, во консултација со лекар.

Одредени истражувања укажуваат и на тоа дека наизменичното постење или intermittent fasting, може да помогне при инсулинската резистентност.

Значи, следењето на здравите животни навики, што е клучно за општото здравје, односно за минимизирање на ризикот од низа хронични заболувања е клучно и при справувањето со инсулинската резистентност.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор