fbpx

Какви се’ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ можете да подготвите од ОБИЧНА конзерва сардина?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Немате идеја што со сардината или конзервираната туна, а веќе ви е здодеано да ги јадете само со парче леб и можеби салата?

Во една од претходните статии, дадовме предлог-рецепти за креативно готвење со конзервираната туна, а денес, ви помагаме на вкусен начин уште поздрав начин да ја внесете хранливата сардина!

Ви нудиме 3 креативни рецепти кои ќе ви покажат колку не сте обрнувале внимание на интересните начини според кои може да се искомбинира оваа риба со специфичен, уникатен вкус!

"“Online”/

[Поврзано: Медитеранска туна салата – рецепт!]
Туна салата со сусам и соја сос – РЕЦЕПТ]

 

6 клучни причини зошто треба да јадете риба 1-2 пати неделно!

 

 

  • Поседуваат антиоксидативен ефект – антиоксидативни минерали, како селенот.
  • Оптимална тироидна функција – исто така заради селенот.

 

  • Поуспешно слабеење – високопротеинска храна со релативно малку калории и маснотии, секако доколку се исцеди од маслото во кое е концервирана.

[Поврзано: Јадењето риба може да го заштити мозокот од загадениот воздух; Лосос – за што е корисна оваа риба?; Туна највкусната и една од најздравите риби, но во кои количини?]

 

1.Маринирана сардина во ,,Ескабеш сос”

 

Комбинацијата од ескабеш сос, сардина и внимателно одбраните зачини, дава еден специјалитет со уникатен француски шмек: богат ,,полн”, лутеникав вкус, а во исто време свежа и крцкава текстура.

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 1 конзервирана сардина (во масло или вода)
  • 3-4 чешниња лук, покрупно исецкани
  • 1 портокал со средна големина
  • Половина главица црвен кромид, исецкан на прстенчиња
  • 2 моркови со средна големина, исецкани на кругчиња
  • Неколку ситно сецкани кисели краставички
  • Малку целер и магданос
  • Зачини: коријандер, цимет, бибер (за подобар вкус, додадете мелен зрнаст бибер со различни обојувања), ловоров лист
  • ⅔ чаша оцет (на пример јаболков)
  • ⅔ чаша сок од кисели краставички

 

[Поврзано: Зошто е добар сокот од киселите краставички?]

 

Начин на подготовка:

  1. На средна температура ставете еден подлабок сад за готвење и додадете ги оцетот и сокот од краставичките. Исцедете ги портокалите, а искористете ја и нивната кора за појачување на вкусот – изрендајте малку од неа во смесата.
  2. По неколку минути, додадете ги и сите останати состојки, освен лукот и магдоносот. Гответе ја оваа содржина на средна температура со повремено мешање, најмалку 10-тина минути. Целта е да се добие ,,маринада” со убаво, балансирано искомбинирани вкусови.
  3. Во меѓувреме, отворете ја конзервата со сардина и наредете ги парчињата во помало садче кое е подлабоко, откако претоходно добро ќе ги исчистите (коските можат и да се јадат). Бидете нежни со цел малите филети од сардина да останат цели. Маслото можете да го користите како подлога или пак целосно да го исцедите и отстраните доколку не сакате дополнителни калории. Врз наредените сардини, гарнирајте со магданосот и исцканите чешниња лук.
  4. Посипете ги сардините со жешката маринада и чувајте ги во фрижидер барем неколку часа или пак преку ноќта.

 

  • Предлог за комбинирање: поставете ги филетите од маринадата врз потпечено фиброгел лебче кое е премачкано со лук.

 

2. Јапонски ,,унаги дон” подготвен со сардина 

 

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 1 конзерва сардина, исцедена од масло
  • Околу 200g претходно сварен ориз
  • ½ чаша вода
  • ½ чаша балсамико оцет
  • ½ чаша меласа
  • ½ чаша соја сос
  • Неколку супени лажици пушен црвена пипер
  • 1 лажица скроб или нишесте, растворено во малку топла вода
  • Ситно исецкан млад кромид и сусам и/или ленено семе за гарнирање

 

Начин на подготовка:

  1. Во подлабок сад за готвење, поставен на средно висока температура, истурете ги водата, оцетот, меласата, соја сосот и пушената пиперка. Гответе ја смесата со повремено мешање, околу 10 минути. На крајот, за да добиете повискозна и ,,сјајна” содржина, додадете го скробот (густинот) и промешајте.
  2. Отворете ја сардината и добро исцедете ја. Извалкајте го секое парченце сардина во подготвениот сос и поставете го врз претходно сварениот ,,ал денте” ориз, како што тоа често се прави во јапонската кујна.
  3. Зачинете со исецкан млад кромид и потпечен сусам/ ленено семе.

3.Медитеранска паста со анасон и сардина

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

 

  • Околу 200g шпагети (Варете ги ,,ал денте” и зачувајте дел од водата во која се вареле)
  • Половина главица црвен кромид, ситно исецкан
  • 1 чешне лук, ситно исецкано
  • 1 китка магдонос, ситно исецкана
  • 1 анасон со средина големина, ситно исецкан
  • Половина чашка суво грозје
  • Една рака индиски ореви или било кои јатки кои ви се наоѓаат, нешто покрупно исецкани, дел изреднани
  • ⅓ чашка доматен сос (може и доматно пире, односно поконцентриран сос, но во половина количество од претходно наведеното)
  • Малку маслиново масло
  • Малку сок од лимон/лиме.

  

Fibro Gel

Начин на подготовка:

 

  1. Ставете еден плиток, нелеплив сад за готвење на средна температура. Истурете малку маслиново масло, па додадете го ситно исецканиот лук и кромидот. Потоа, додадете го сувото грозје, кое претходно сте го потопиле неколку минути во врела вода.
  2. По неколку минути, додадете го доматниот сос и исецканиот анасон (не листовите). Убаво промешајте. Додадете ги индиските ореви (исецканите) и дел од водата која ви останала од варењето на тестенините. Добро затворете го садот и гответе околу 10 минути на ниска температура (крчкање).
  3. По 10-те минути, во садот со смесата додадете ги претходно подготвените шпагети и нежно промешајте. Отворете ја конзервата со сардините, па додадете ги и нив. Убаво промешајте. Зачинете со листовите од анасон, мелени јатки и сок од лимон/лиме.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X