fbpx

Како да ги охрабриме децата да јадат поздраво?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Здравата исхрана е многу важна за секого, без разлика на полот и возраста. Сепак, имајќи предвид дека сите навики се градат од порана возраст, усвојувањето на здравите навики за исхрана е особено значајно кај најмалите.

Децата не можат рационално да пресудат што за нив е најдобро, па многу е важно ние како повозрасни да ги упатиме и да им укажеме која храна е добра, а која не и зошто е тоа така.

Навиката за исхрана кај децата е важна за превенцијата од гојазноста, која е директно и индиректно поврзана со различните хронични заболувања во подоцнежниот живот. Но, треба да се знае дека лошите навики во раната возраст, кои водат до дебелина, не само што никако не можат да се сметаат за нормална работа, туку можат и директно да го загрозат здравјето на детето:

"“Online”/

Пандемијата направи да бидеме почесто дома, да го искористиме тоа за доброто на децата!

 

Влијанието од средината, постојаните кампањи на ланците за брза храна, зафатеноста на родителите, но пред сè силните вкусови карактеристики, ја прават популарно наречената ,,брза храна”, речиси неизбежна за децата. Заради овие причини, претставува голем предизвик да ги научиме најмалите да практикуваат здрава исхрана. Дополнително, децата доста често јадат надвор од дома, што уште повеќе го усложнува проблемот.

Сепак, овој пандемски период, кога почесто сме дома и имаме повеќе време за децата, но и за кујната, претставува добра прилика да им пренесеме повеќе добри навики.

Fibro Gel

Кога станува збор за исхраната, не само што сега имаме повеќе време да ги запознаеме децата со тоа што е добро, а што не, туку имаме и повеќе време да им готвиме во домашни услови. Исто така, ова е добра прилика  за вклучување на децата во подготвувањето на оброците, што може да биде корисно за нив од различни аспекти.

 

Корисните ефекти од здравата исхрана за децата

 

Усвојувањето на здрави навики за исхрана, ќе има навистина извонредно позитивни ефекти врз здравјето на детето. Ќе издвоиме само неколку:

 

  • Подобра контрола на телесната тежина
  • Поддршка на правилниот раст и развој на детето
  • Постабилно расположение
  • Превенција од различни чести заболувања и тоа не само на оние во подоцнежните години од животот
  • Превенција и помош при различни ментални нарушувања, како: депресија, анксиозност, биполарно растројство,

 

[Поврзано: Депресијата не е обична тага!]

Веќе споменавме дека усовјувањето на здравите навики за храна кај децата не е воопшто лесна работа, впрочем, тоа не е лесно ниту кај возрасните. Но, решенија постојат (секако, не во диетите :))! Она што е важно да се знае е следното: децата не се родени со одбивност кон брокули и морков и потребата за пржени компири, пица, хамбургери итн. Ова се случува како резултат на постојана изложеност на нездрава храна, храна која е со силни вкусови карактеристики и на еден начин создава зависност.

 

[Поврзано: Зошто сите диети се погрешни?]

 

Што порано ги воведете здравите навики, тоа полесно децата ќе ги прифатат и ќе создадат една здрава врска со храната, што многу веројатно, ќе трае цел живот. Всушност, ова може да биде многу поедноставно отколку што си замислувате.

Во продолжение, повеќе совети како да ги поттикнете здравите навики за исхрана кај најмалите.

Како да ги охрабриме децата да се храна поздраво?

 

Без разлика дали станува збор за помали деца или тинејџери, тие природно избираат почесто да јадат храна во која најмногу уживаат. Всушност, тука најчесто настанува и проблемот, односно тешкото одолевање на силните вкусови карактеристики на нездравата, препроцесирана храна.

[Поврзано: Што се тоа ПРАЗНИ КАЛОРИИ и зошто се опасни?]

Затоа, главниот предизвик за поттикнување на здравите навики во исхраната кај децата е следниот: како да се направи нутритивната храна попривлечна. Главните начини да го постигнете ова е целосното избегнување да се дава препроцесирана храна во порана возраст. Кои се другите совети во оваа насока?

 

  • Секогаш бидете добар пример – децата имаат природен импулс да ги емитираат нашите однесувања. Затоа, немојте да барате и очекувате од децата да јадат зеленчук, додека вие јадете чипс.
  • Фокусирајте се на исхраната во целина, на големата слика, а не на диети или целосна рестрикција на некоја храна – освен можеби во најмалата возраст, никогаш немојте да имате целосно забранета храна за децата. Тоа веројатно ќе ја направи таа храна попривлечна. Она што е значајно се генералните навики, а не неколку незначителни ,,прекршувања” во месецот или неделата.
  • Зборувајте со децата зошто е важно здраво да се хранат

  • Почесто јадете дома – готвењето дома се поврзува со здрави начини на третирање (приготвување)на храната, како варење, динстување, печење, но и јадење повеќе свежа храна.

    Јадењето по ресторани и сендвичари, како по правило ќе ви даде преголеми количества празни калории, односно малку хранливост, а многу калории- нездрави масноти, шеќери сол итн. Дополнително, во домот можете многу полесно се да контролирате: од свежината и исправноста на набавените намирници, начинот на подготвување, чување, но полесно ќе ги контролирате и големините на порциите.

    Да не ја заборавиме и значајноста на социјалната интеракција со децата. Тоа го овозможува и времето поминато во заедничките оброци.

  • Охрабрувајте ги децата да ви помагаат во кујната – покрај тоа што треба да им бидете добар пример и да ги едуцирате за здравата исхрана, одлично би било децата да добијат и ,,пракса”. Освен што со поминувањето на време во кујната децата ќе научат нешто ново, тоа ќе им ги направи здравите оброци попривлечни, но ќе поминете и повеќе квалитетно време заедно со нив.
  • Направете ,,резерви” со здрави, наместо со нездрави грицки.

  • Максимално ограничете ја употребата на сокови – немојте да корисите слати и сокови за да го смирите вашето дете. Немојте да им давате слатки на децата помеѓу оброците.
  • Гледајте секогаш оброците да биде што е можно ,,пошарени”искористете ја секоја прилика да додадете некаков зеленчук во јадењата или да подготвите салата како комбинација со оброците.

  • Секогаш внимавајте на големината на порциите

  • Секогаш барајте начини да ја направите здравата храна попривлечна – веќе споменавме, дозволете им на децата да готват заедно со вас, веројатно тоа ќе им ја направи храната попривлечна. Уште еден корисен совет би можел да биде: кога се обидувате да им дадете некаква нова храна на децата, секогаш нудете им ја кога се навистина гладни.

 

Поврзани теми:

 

Обезноста не е нормална појава кај децата! Што можеме да превземеме за да ги заштитиме?

 

Болести типични за возрасни, сега се јавуваат и кај деца. Единствена причина: ВИШОК КИЛОГРАМИ!

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X

Витални
пензионери

12 неделна групна програма за здрав и активен живот за пензионери

990 ден.