fbpx

Како да го направите највкусниот САЛЕП?

tonus

Со доаѓањето на ладните зимски денови, почнуваме почесто да користиме топли пијалаци, како различни чаеви, кафиња, какао и слично.

 

[Поврзано: 8 причини почесто да уживате во КАКАОТО]

 

Навиките за чај или кафе се традиционални на овие простори, но постои уште една можеби подазборавена традиција, а тоа е употребата на салепот.

"“Online”/

 

[Поврзано: 7 причини зошто чај не се пие само во зима!]

Во продолжение, што е тоа салеп, зошто е добро да се користи и како самите да го подтовите дома?

 

Традиционален османлиски напиток

 

Салепот е пијалок што се прави од прав или брашно добиено од повеќегодишното растение, наречено дива орхидеја (најчесто од видот Orchis mascula или Orchis militaris) во комбинација со жешка вода или млеко.

Поточно, салепното брашното се добива од коренот на билката (или комбинација од корени на слични билки од родот Orchis), по негово соодветно обработување, миење, сушење и мелење.

 

Салепот се служел со години во сите територии на поранешната Османлиска империја, па така навика за пиење на овој специфичен топол пијалок постоела и во Македонија. Освен за пијалок, брашното од дива орхидеја се користи и за подготовка на различни десерти особено на Блискиот Исток.

 

Во традиционалната медицина, се сметало дека салепот е добар за повеќе здравствени аспекти, а главно се сметал за одличен афродизијак.

[Поврзано: Кои продукти во храната можат да влијаат на вашето либидо]

Хранлива вредност


Салепот е добро да се подготвува со врела вода и зачини, но хранливата вредност му се зголемува и со додавањето на нискомаслено обично или растително млеко.

Една чаша салеп подготвена со млеко (околу 250ml нискомаслено), поседува сосема солидни количества:

 

Покрај ова, во помали концентрации се содржат и фибер, витамин А, железо, сложени јаглехидрати (полисахаридот глукаманан).

 

Секогаш користете го салепот со антиоксидативните зачини кои значително ќе го збогатат вкусот, но и нутритивноста: цимет, кардамон, ѓумбир и каранфилче. Повеќе за секој од нив, прочитајте со кликнување на линкот поставен на зборовите.

Салепот можете да го подготвувате и во домашни услови, пришто ќе можете да го контролирате додавањето на шеќерот или да користите растително млеко и здрави засладувачи, како мед, стевиа и слично.

[Поврзано: Глобалниот тренд наречен РАСТИТЕЛНИ млека – кои им се предностите, а кои недостатоците?]

Потенцијални корисни ефекти од пиењето салеп

 

Одделот за нутриционизам и диететика при истанбулската Меморијалната болница во Сисли, укажуваат дека пиењето салеп допринесува за:

 

  • Полесно пребродување на сезонските грипови и настинки

  • Контролирање на глукозните нивоа во крвта – зачинот цимет, кој е нераздвоен ,,другар” на салепот не само што самиот е одличен за превенција и контролирање на дијабетот, туку ја намалува потребата од нездрави слатки десерти, особено проблематична храна за луѓето што имаат проблем со шеќерот.

    Прво, студиите покажуваат дека циметот го намалува нивото на глукоза која влегува во крвотокот. Тоа го прави преку попречувањето на работата на повеќе дигестивни ензими.

 

Второ, една негова компонента делува на клетките како прикриен инсулин. Ова придонесува кон зголемување на внесената глукоза во клетките.

 

Повеќе спроведени студии го потврдуваат анти-дијабетичниот ефект на циметот, укажувајќи дека може да го намали и шеќерот при гладување, дури за 10-29%.

[Поврзано: 6 причини зошто ЦИМЕТОТ не е само обичен зачин!]

  • Поуспешен процес на слабеење – полесно заситување и чувство на полн стомак, а одредени експерти велат и дека салепот придонесува за забрзано ,,согорување” на масните ткива.
  • Поуспешно справување со главоболките – модерното време подразбира стресно живеење, па малите моменти на релаксација, како оние кога пиеме чај, кафе, како или салеп, на долг рок можат да бидат многу важни за трајното справање со стресот.

    [Поврзано: Главоболки – можни причини, превенција и кога да се обратите на лекар; Ритуали за релаксација]

 

Дополнително, пиењето салеп значително може да допринесе во оптималниот внес на повеќе значајни минерални, во балансирањето на телесната температура, да го загрее телото и да ни помогне многу полесно да се опуштиме.

 

 

Како да подготвите салеп во домашни услови?

 

Најпрво измешајте ги зачините со салепното брашно или со обичен скроб:

 

  • 4 лажици салепно брашно или скроб
  • 1,5 лажица мед/можете да употребувате и стевиа
  • ¼ лажичка ѓумбир
  • ¼ лажичка кардамон
  • ⅙ лажичка каранфилче

Ставете две големи лажици млеко (некакво растително или обично) во мало садче и додадете ги сувите намирници. Мешајте до хомогенизирање.

 

Во едно ѓезве, ставете околу 300ml млеко на средно висока температура. Додадете ја претходно добиената смеса и гответе околу 5 минути со постојано мешање. Салепот е готов кога пенате ќе почне да се крева.

 

 

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор