fbpx

Како да одберете добра лубеница? 7 совети!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Лубеницата е помеѓу најзастапените овошки во летниот период, а за многумина е и омилена. Во една од претходните статии зборувавме за нејзините здравствени бененфити и дадовме 5 причини плус зошто треба почесто да ја консумирате. Повеќе околу лубеницата и нејзините корисни дејства врз нашето здравје можете да прочитате со кликнување тука.

Денес лубеницата повторно ќе биде тема, но од еден малку поинаков аспект. Многу често нѝ се случува да се разочараме после пресекувањето на лубеницата која многу внимателно и долго сме ја одбирале на пазарот. Проблемот е потежок колку што е потешка лубеницата.

Многумина велат дека знаат точно како да ја одберат вистинската лубеница, но дали навистина постои начин да ја препознаеме?
Во продолжение ќе дадеме неколку корисни совети превземени од фармерите и одгледувачите на лубениците, околу тоа како да ги одберете најдобрите – најзрелите и најслатки лубеници.

"“Online”/

1) Најдете го ,,лежиштето на лубеницата


Можеби најдобриот показател за тоа колку е добра една лубеница е нејзното лежиште или делот со кој таа лежела на полето. Тоа треба да има кремасто жолтеникаво обојување. Некои луѓе грешат кога бараат лубеницатата да е ,,иста” од сите страни, односно ги избегнуваат лубениците со лежиште, бидејќи немаат најдобар изглед. Тоа е грешка.

Ако лежиштето го нема или е целосно обелено, тоа е знак дека лубеницата немала доволно време да созрее на полето. Таа може да стои во маркетите и пазарите подолг период, но нема да созрее на ист начин како кога е на полето, каде ѝ се достапни сите нутриенти и вода.


2)
Изберете лубеница која нема сјаен изглед (обојување)


Најчесто добро узреаните и слатки лубеници немаат површини кои ќе ве освојат на прв поглед. Различните нијанси означуваат подолго време поминато на полињата, време погодно за добро созревање. Зелените препознатливи линии на лубеницата треба да бидат со темен тон, додека белите треба да се жолтеникаво бели.

3) ,,Потчукнувањето може да функционира

Ова е можеби најупотребуваниот ,,метод” за препознавање на добрата лубеница, но најчесто луѓето не знаат што треба да ,,чујат” како повратна информација од лубеницата.

Всушност можеби поважно е прстот добро да се одбие и да почувствувате поприлично цврста површина. Ако внатрешното ткиво на лубеницата е омекнато или презреано, ќе почувствувате и мекост во кората. Звукот кој треба да го чуете е звук на празно или шуплина, бидејќи во спротивно се работи за плод со дебела кора или недозреана лубеница.

4) Изберете ја најтешката лубеницата за дадената големина


Според фармерите ова важи за повеќето свежи производи, а особено за лубениците и дињите. Поголемата тежина означува и поголема концентрација на вода и се работи за лубеница со подобар квалитет.

5) Преферирајте поуниформен облик

Ова значи дека е подобро да изберете лубеница со поправилен облик, бидејќи многу е поверојатно оние со понеправилните облци  да имале нееднаква достапност до сончевите зраци и на тој начин полошо и поневоедначено да созревале.

6) Барајте ги црнкастите предели на ,,лежиштето

Многумина ги избегнуваат лубениците со вакви делови, мислејќи дека се незрели, па дури и расипани, но напротив. Црнкастите линии означуваат дека мали количества на шеќер излегуваат од лубеницата и дека таа е доста слатка.

Исто така, доколку забележите црни точки низ линиите, тоа се ,,точки за опрашување” и колку е поголем нивниот број, би требало лубеницата да е повкусна.

7) Изберете лубеница која нема зелена дршка

Исушената дршка укажува на тоа дека лубеницата созреала онаму каде што треба, на полето. Зелената пак, ни дава информација дека плодот бил набран пред да му дојде времето за тоа.

Fibro Gel

Секако, лубеницата е најдобра тогаш кога и е сезоната – од јуни до крајот на септември.  Квалитетот на лубениците кои се купуваат по летниот период значително опаѓа, па затоа да го искористиме овој период на вкусни лубеници!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X