fbpx

Како да препознаете високи нивоа на КОРТИЗОЛ?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Секој од нас во одредени периоди има повишени нивоа на кортизол како резултат на стресот, всушност тоа е дел од природниот одговор на телото на стресни ситуации.

Иако повишената секреција на кортизол предизвикана од стрес е корисна на краток рок, сепак постојано високите нивоа на кортизол можат да предизвикаат најразлични проблеми, а притоа да покажат и одредени специфични симптоми.

Функција на кортизолот

Кортизолот е витален хормон, произведен и лачен од надбубрежните жлезди. Се лачи највеќе во утринските часови, за да помогне при будењето, а потоа неговите нивоа  постојано опаѓаат во текот на денот.

"“Online”/

Кортизолот одржува постојано ниво на глукоза во крвта и помага при обезбедувањето на доволно енергија за активноста на мозокот и невромускулаторниот систем. Исто така, овој хормон има моќно антивоспалително дејство – превенира од оксидативни оштетувања на различните ткива, вклучително и нервните оштетувања кои се поврзани со процесите на инфламација.

Кортизолот е клучен кога станува збор за стресот. Неговите нивоа драстично растат како одговор на физичка, но и психичка закана – овој хормон ја обезбедува неопходната дополнителна енергија потребна за справување со стресната ситуација или избегнување на опасноста.


Симптоми на повишен кортизол

Симптомите можат да имаат сериозен ефект не само на телото, туку и на умот. Тие се развиваат со градација, а често се преклопуваат и со други состојби. Симптомите на хронично високите нивоа на кортизол се следни:

Fibro Gel

Депресија
• Повишена телесна тежина, особено во горниот дел од телото и лицето
• Болки во грбот
• Намален квалитет на кожа
• Намалено ниво на концентрација
• Ниско либидо
• Акни
• Замор
• Несоница
• Нарушена меморија
• Лесна надразливост
• Нарушен менструален циклус
• Висок крвен шеќер
• Висок крвен притисок
• Намален густина на коските
• Загуба на мускулната маса и слабост во рацете и нозете
• Црвени линии на кожата, слични на стрии


Причини кои доведуваат до овие симптоми

Хронично високите нивоа на кортизол во ретки случаи се причинети од болеста на Кушинг – односно тумор на надбубрежната жлезда, а можат да бидат и несакан ефект од некаков тип кортикостероидна терапија.

Сепак, најчесто ваквата состојба е предизвикана од хроничниот стрес, кој го нарушува балансот во системот на стрес-одговор.

Овој систем е клучниот физиолошки механизам за координација и одговор на сите типови физички и психички стрес. Кога стресот станува хроничен, односно постојан, деликатниот ,,фидбек” или повратен одговор на овој систем на еден начин се нарушува. Тоа резултира со хорнично високи нивоа на кортизол, кои потоа се манифестираат со споменатите симптоми.

Одредени состојби се често поврзани со хроничниот стрес, а на тој начин индиректно и со константно високиот кортизол во организмот:

◦ Депресија
◦ Панични напади
◦ Анксиозност
◦ Синдром на пострауматски стрес
◦ Анорексија
◦ Дијабетес
◦ Екстремна гојазност
◦ Метаболен синдром
◦ Полицистични јајници
◦ Опструктивна ноќна апнеа
◦ Работа во трета смена
◦ Тешки бубрежни заболувања
◦ Болести кои предизвикуваат хронични тешки болки


Третирање на високите нивоа на кортизол

Сепак, има и добри вести во однос на хронично високите нивоа на кортизол.

Постојат  ефективни третмани за ваквата состојба, вклучително и природни начини за намалување на кортизолот. Вистинскиот избор на третман зависи од вистинските причини поради кои  се јавува овој проблем, односно дали високите нивоа на кортизол се резултат на Кушинг заболувањето, некакви други проблеми со надбубрежните жлезди или проблемот е хроничен стрес.

За првото и операцијата е опција, додека за најчестиот причинител хроничниот стрес – постојат и т.н. ,,лајфстајл терапии”. Тие вклучуваат:

• Редовни оброци (најпогодно, повеќе оброци, со помал обем)

• Исхрана која е богата со растителни протеини, растителни влакна и храна со низок гликемиски индекс

• Темна чоколада, пробиотска храна, банани

• Наоѓање на одредени механизми за справување со стресот, кои се погодни за вас (избегнување ситуации кои ви создаваат стрес, техники за смирување, релаксирачки ритуали итн)

• Редовен и квалитетен сон
(избегнување на кофеин доцна навечер и легнување секоја вечер во исто време- создавање добра рутина на спиење)

• Усовојување некакво хоби

• Редовна физичка активност

• Социјализација со блиски луѓе

• Чување на миленик

Ако овие совети не даваат посакуван резултат, во консултација со вашиот лекар можете да се обидете и со одредена суплементација (ашваганда, магнолија, фосфатидилсерин).


Важно е да сте свесни дека имате проблеми со стресот

Првиот чекор кон решавањето е детектирањето на проблемот. Освен квалитетот на живот, хроничниот стрес, односно константно високите нивоа на кортизол кои не се третираат долго, можат да водат и кон серизони забоувања како: кардиоваскуларни, остеопороза, дијабет, психички нарушувања итн.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X