fbpx

Како да препознаете дали имате зависност од вашиот мобилен?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Ако пред 10-тина години некој ни’ кажеше дека ќе бидеме толку неразделни другари со телефонот, веројатно немаше да му веруваме. Денес, тоа е секојдневние на поголемиот дел од луѓето, па мобилните телефони и сличните уреди постојано се во рацете на секој човек, од најмалите деца, па се до повозрасните луѓе.

Само во САД, моментално над 80% од населението поседува паметен-телефон. За споредба, во 2011 процентот бил 35! Растот и кај нас е сличен, експоненцијален!

Ваквата навика не е нужно лоша

Постојат длабоки причини зошто сме толку поврзани со електронските уреди.

"“Online”/

Човекот е социјално битие, тој има постојана потреба од комуникација, споделување, дружење. Дополнително, љубопитноста го обликувала човекот во она што денес го нарекуваме цивилизиран свет. Електронските уреди ги олеснуваат и комуникацијата и љубопитноста (лесната достапност до информации луѓе).

◦ Многумина работат онлајн, но голем дел од луѓето исто така имаат работа со потреба од постојана комуникација и достапност до информации;
◦ Помладите комуницираат, се дружат, запознаваат нови луѓе и учат многу нови работи на интернет просторот и социјалните мрежи;
◦ Најмалите играат игри кои можат да бидат и корисни за развивање на когнитивните способности;
◦ Повозрасните се во контакт со децата кои инаку тешко одвојуваат време за нив итн.

Значи постојат многу позитивни работи кога станува збор за новите технологии, особено оваа пандемска состојба нѝ го покажа тоа. Периодов речиси буквално се преселивме во виртуелната реалност.

Fibro Gel

Според претходно кажаното, се наметнуваат неколку важни прашања: Како да знаеме каде е границата помеѓу корисното и штетното дејство? Кога и зошто стануваме зависни од уредите? Кои се опасностите? И пред сé, дали тоа е воопшто возможно?

Дали е можна зависност од мобилен уред?

Не постои сомнение дека прекумерната употреба на електронските уреди е проблем кај многу луѓе, но во научниот свет сé уште постои дебата дали ваквата употреба може да се смета за зависност.
Обично, докторите и психолози велат дека за зависност може да се смета само употребата на некои супстанции со одредени физиолошки дејства на човекот, кои потоа создаваат зависност.

Како и да е, релевантни институции за менталното здравје (изработувачите на прирачниците кои ги користат медицинските лица за дијагностицирање на ментални заболувања) го препознаваат опесивното коцкање како зависност. Коцкањето е првата ,,признаена”т.н. бихевиорална зависност, односно зависност од одреден начин на однесување или навика. За ваква, бихевиорална зависност може да се смета и зависноста од електронските уреди.


Како да препознаеме каде е границата?


Постојат доста сличности (симптоми) кои ги обединуваат бихевиоралните зависности:

целосно губење на ,,контрола” потреба мобилниот уред да се користи сè почесто, во намерата да се постигне посакуваниот ефект (задоволството).
постојани неуспешни обиди да се ограничи употребата на телефонот
опседнатност со телефонот
,,прибегнување” –
оттргнување од реалноста, односно прибегнување кон мобилниот при депресија или анксиозност
губење на чувство за време и просторпоради ексцесивната употреба на моблиниот. На пример немате чувство колку време поминувате користејќи го мобилниот или имате зголемен ризик од физички повреди поради дефокусираност додека одите или возите автомобил/велосипед итн.
намален перформанс на работа или училиште
толеранција– постојана потреба од навиката заради добивање на истото чувство на пријатност.
лесна надразливост или нервоза – чувство на тензичност, депресија, лутина кога мобилниот не е во близина.

Ако забележите некое од овие однесувања, веќе е премината границата и најверојатно се работи за зависност. Подолу ќе бидат наведен прашалник спроед чии одговори би можеле да утврдите дали се движите кон зависноста.

Причини за зависноста

Главниот предизвикувач на зависноста е најзначајната заедничка работа на бихевиоралните зависности – допаминот. По завршувањето на одредени дејства кои ги сметаме за задоволувачки за нас, мозокот лачи хемикалија наречена допамин, која  предизвикува чувство на награда и задоволство.
Поврзаноста и комуникацијата на социјалните мрежи на пример, кај многумина предизикуваат лачење на одредени количества допамин, па постојано луѓето знаат да се навраќаат и да го проверуваат копчето за нотификации или пораките. Така, добиваат дополнителна ,,доза,, допамин.

Самите апликации се конструирани според овој принцип, па тоа дополнително го појачува чувството на зависност. На пример, повратните информации како коментари, лајкови, пораки итн. Нив не можеме да ги предвидиме, па постојано се навраќаме да провериме ,,што има ново”. На овој начин се формира еден циклус од кoj тешко можеме да излеземе, па неретко луѓето завршуваат во своевиден виртуелен притвор.


Опасности, односно негативни ефекти на овој тип зависност


Потенцијални физички последици:

Проблеми со очите
болки и непријатности во пределот на очите, чешање и
печење на очите, замаглен вид, заморени очи, чести главоболки.
Проблеми со вратот
болки и вкочанетост во вратот, поради долготрајната
вкочанета позиционираност (надолу спрема екранот).
Зголемена изложеност на патогени микроорганизми ретко кој редовно и
соодветно го чисти својот мобилен, па залудно ги миеме рацете ако
со валканите раце сме работеле на него. Еднакво е важно да одржуваме
хигиена на мобилниот, како што е на рацете, особено во овој пандемски
период. Истражувањата наоѓаат низа патогени на екраните од телефонот.
                     ◦ Сообраќајни незгодидефокусирањето од патот, зборувајќи или пишувајќи
пораки на мобилниот е многу почеста причина за сообраќајни незгоди од што
мислите, затоа и кај нас законот го забранува користењето мобилен при
возење. Според некои статистики, користењето телефон при возење има
речиси еднаков ефект како да возите под дејство на алкохол.
Машка инфертилност
прелиминарните стдуии даваат податоци според
кои зрачењето од телефонот може да влијае на квалитетот на спермата.

Физиолошки последици:

 ◦ нарушена хигиена на сонистражувањата утврдуваат поврзаност помеѓу
нарушениот сон и заморот кај оние со зависност од мобилните телефони.
Сината светлина може да го намали квалитетот на сон и да направи потешко
да го направи потешко заспивањето.
 ◦ депресија 
                    ◦ обсесивно-компулсивно нарушување
                    ◦ проблеми со социјализирањето, особено кај децата
,,offline” врските
можат да настрадаат поради предолгото поминато време на социјалните
мрежи.
анксиозностистражувањаата покажуваат релација помеѓу долгото време
поминато на телефоните и застапеноста на анксиозноста помеѓу студентите.
                   

 
Де
цата и адолесцентите се најсензитивни на оваа зависност

Бројни студии покажуваат дека ризични групи се луѓето со помала самодоверба, импулсивните луѓе, анксиозните и депресивните луѓе и екстровертите.
Истражувачите укажуваат дека освен што поединците со вакви карактеристики се поподложни на зависност и самата зависност може да води кон споменатите проблеми.

Сепак, за најризична група се сметаат децата и адолесцентите. Студиите покажуваат дека прекумерната употреба на телефоните го доживува пикот во тинејџерските години, а потоа постепено опаѓа. Истражувања исто така укажуваат дека опсесивноста со нивните мобилни уреди прави 13 годишниците со денови да не ги исклучуваат и да бидат речиси цел ден во допир со нив.

Што порано децата се изложени на ова ,,искушение“, толку порано ќе ја развијат зависноста. Значи, најризичната група се децата и младите, па родителите треба многу повеќе од своето време да посветат на оваа тема. Најдобар начин е ограничувањето на пристапот и времето кое најмалите го поминуваат со овие уреди. Постојат низа на други активности кои се важни за децата, а тие немаат време поради телефонот.

Како да препознаете дали ја имате оваа зависност?


Доколку на две или повеќе од следните 10 прашања имате потврден одговор, можно е и во вашиот случај да се работи за одреден облик на зависност од мобилниот уред:

1) Дали некогаш сте забележале дека поминувате многу повеќе време на телефонот од тоа што мислите?

2) Дали додека седите на телефонот сте почувствувале дека нема чувство за време?

3) Дали сте забележале дека поминувате повеќе време пишувајќи мејлови, твитови, постови или пораки, во однос на времето во кое зборувате со луѓето?

4) Дали сте забележале дека сé подолго време поминувате на вашиот мобилен уред?

5) Дали потајно посакувате да поминувате помалку време со телефонот?

6) Дали спиете со телефонот до вашата перница?

7) Дали првата работа која ја правите наутро е проверувањето на телефонот?

8) Дали сте онлајн додека извршувате некои секојдневни важни активности?

9) Дали сметате дека доколку не е телефонот, би биле значително попродуктивни?

10) Дали доколку излезете надвор без телефон се чувствувате непријатно?


Што можете да направите за да си помогнете самите?


• Пронајдете го и поработете на вистинскиот проблем
– доста истражувања покажуваат дека причините за прекумерната употреба на телефонот можеби се обид за избегнување на некои проблеми со кои тешко ни оди соочувањето и ни изгледаат нерешливи.

Отстранете ги апликациите кои ви одземаат премногу време или направете распоред за нивно користење

Исклучете го телефонот во точно одредено време од денот

Нека не ви биде постојано достапен

Fibro Gel

• Најдете си некакво хоби – кратка прошетка, теретана, возење велосипед, џогинг итн.

Намалете ја светлината на телефонот и ако е можно, намалете го интензитетот на боите

И на крајот, ова е релевантен проблем, не е лошо да побарате помош од психијатри, односно стручни лица кои можат соодветно да ви помогнат.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X