fbpx

Како да препознаете прекумерен СТРЕС на работното место?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Стресот во денешно време е еден од најголемите нарушувачи на квалитетот на живот. Тој може да биде предизвикан од најразлични ситуации и состојби, а се дели на акутен и хроничен.

Иако повишената секреција на кортизол предизвикана од стрес е корисна на краток рок (природен механизам на телото за поуспешно справување со ,,итни” состојби), сепак постојано високите нивоа на овој т.н. стрес хормон, можат да предизвикаат најразлични проблеми, а притоа да покажат и одредени специфични симптоми. Повеќе околу симптомите на повишен кортизол и справувањето со нив, прочитајте тука.

Стресот делува на менталното, но има импликации и врз физичкото здравје. Во некои од претходните статии зборувавме токму на овие теми, односно како стресот влијае врз имунитетот и врз телесната тежина. Но стресот може да води и кон низа други физички последици.

"“Online”/

Кај возрасните лица, најдобро познатиот стрес е оној од работното место. Секако, акутниот стрес нѝ е од корист и значително помага за фокусот и концентрацијата, но како да го препознаеме и избегнеме постојаниот или хроничен стрес предизвикан од секојдневниот притисок на работните обврски?

Дали после работните обврски наместо да уживате во вечерта и да се релаксирате, мислите ви остануваат на работа? Постојано ве обземаат мисли за утрешните тешки обврски?

Денес нешто повеќе околу тоа како да препознаете кога стресот предизвикан од работното место станува прекумерен.

Кога стресот на работното место e прекумерен


Многу често луѓето сакаат да се покажат пред себе, но и пред другите, па претеруваат со притисокот кој самите си го поставуваат на работното место. Секако, притисокот може да дојде и од претпоставените, но исходот кон кој што води ваквиот константен притисок на крајот е сличен – хроничен стрес.

Докажувањето на работното место е нормална работа, всушност тоа е и смислата – постојан напредок и надоградување! Но мора да се внимава колкава е цената за тој напредок, односно дали тој за последица ќе има константен ментален притисок. Треба рационално да се согледа целта, односно целите да се постават објективно и да се најде траен начин за справување со притисокот кој секако ќе постои.

Притисокот ќе биде преголем доколку постојано сакате да ги извршувате сите обврски ,,совршено”. Можеби на почетокот ќе уживате во ваквиот порив за совршенство, во постојаното ставање предизивици пред себе и зголемената самодоверба од нивното одлично извршување, но тоа нема да функционира на долг рок. Во продолжение, три предупредувачки сигнали за прекумерен стрес на работното место кои треба да бидат препознаени и да им се обрне внимание.

,,Морам

Ако забележувате дека премногу често го користите зборот МОРАМ, можеби е време да да се запрашате дали тоа ,,морам” е навистина на линија на она што е премногу значајно за вас. Многу често луѓето се ставаат самите под непотребен притисок. Наместо да си оставиме простор да ,,засакаме” одредени работи, се форсираме да веруваме дека мораме да ги сакаме.

Ова е заради тоа што неретко луѓето имаат проблем со самодовербата, но и со преголемите амбиции.Така, некогаш и по веќе завршените работни обврски, луѓето остануваат со мислите на работа.

,,Дали направив сè што можеше да се направи?” ,,Дали ќе бидат клиентите/шефот/купувачите доволно задоволни од услугата?” ,,Сигурно можеше многу подобро!“

Ако постојано и постојано ве измачуваат вакви и слични мисли, дури некогаш не ви даваат ниту сон, време е да превземете нешто. За почеток, потребно е да сфатите дека многу од работите ги правите ,,автоматски” и да се обидете што е можно порационално да ја согледате ,,поголемата” слика. Сакате клиентите/шефот/купувачите да бидат задоволни, но дали вие сте задоволни? Почнете со ова прашање.

Постојано нарушена ,,хигиена на сон”

Многу често, заради претходно споменатите причини, луѓето работат постојано и постојано. Ваквиот ритам на живеење (со хроничен стрес) неминовно ќе води кон нарушени навики за сон. Последиците можат да се видат дури и на огледало – темните подочници и заморено лице. Заспивањето е сè потешко, а дури и кога спиењето е можно, мозокот останува активен, па соодветниот одмор е оневозможен.Токму заради овие причини оние под стрес и покрај 8 часовниот сон, се будат ненаспани.

За релативно краток период, ова може да води до многу непријатен циклус – стресот го нарушува сонот, а нарушениот сон нè прави уште поранливи на дополнителен стрес.Зошто е спиењето толку важно и како да го подобрите сонот, прочитајте тука.

Постојано ги избегнувате, дури и најблиските пријатели

Ако забележувате дека веќе не уживате и немате време за работите и активностите со пријателите кои претходно сте ги обожавале и ви создавале задоволство, поради работните обврски, најверојатно сте под константен стрес. Социјализирањето, дружењето со пријателите е особено важна човекова потреба. Целосното оттуѓување може да има низа на негативни импликации по менталното здравје.

Затоа, работата и социјалната активност секогаш треба да се во оптимален баланс.

Други знаци на исцрпеност и стрес од работата кои треба да бидат препознаени се:

• Чести промени во расположението
• Екстремно намален или зголемен фокус на работните задачи
• Нарушена комуникација со колегите
• Зголемена употреба на алкохол и цигари
• Чести промени во апетитот и нарушени навики за здрава исхрана
• Многу зачестено доцнење на работно место
• Постојано размислување за отказ и барање на нови потенцијални работни места
• Чувство на силна ослободеност пред слободните денови или викенди

Многу е битно да сте свесни дека имате проблеми со стресот

 

Првиот чекор кон решавањето е детектирањето на проблемот. Освен квалитетот на живот, хроничниот стрес, односно константно високите нивоа на кортизол кои не се третираат долго, можат да водат и кон серизони забоувања како: кардиоваскуларни, остеопороза, дијабет, психички нарушувања итн.

Fibro Gel

Повеќе совети околу тоа како да го контролирате стресот, прочитајте тука.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X