fbpx

Како да се спречат камчињата во БУБРЕЗИТЕ?

tonus

Камчињата во бубрезите се доста чест проблем помеѓу населението. Статистиките од САД ни даваат податоци според кои над 10% од населението во одреден период од животот го развива овој проблем. Нешто поголем ризик од развој на камчиња во бубрезите имаат мажите над 30 годишна возраст и оние кои веќе еднаш го имале проблемот, но сепак, непријатните камчиња можат да се појават кај секого.

Тие може да создадат поблаги, но и значителни, многу непријатни и долготрајни болки кои имаат потенцијал да се одразат многу негативно врз квалитетот на живот. Дополнително, можни се и одредени здравствени компликации, особено ако не се побара медицинска помош, како на пример значително зголемен ризик од хронични бубрежни болести.

Во продолжение нешто повеќе околу причините за појава на камчиња во бубрезите, нивните симптоми, кои лица се под ризик и подетално околу природниот третман и превенција од камчиња во бубрезите.

"“Online”/

Причини за појава на камчиња во бубрезите


Бубрежните камчиња се цврсти депозити или наслаги во бубрезите, кои имаат потенцијал да кристализираат, односно да преминат во камчиња со различен дијаметар и облик (шилест, поправилен топчест итн), но најчесто се работи за помали обеми.

Можат да се формираат на неколку начини, од кои најчести се два.

Првиот начин е преку комбинирање на калциумот со одредени соединенија од урината – оксалати или фосфор. Ова се случува кога споменатите компоненти се доста концентрирани во урината.

Другиот начин е преку таложење на уричната киселина, што најчесто се случува поради метаболизмот на протеините, односно преголемото внесување на прехранбени производи од животинско потекло.

Условите кои дополнително придонесуваат и го забрзуваат формирањето на камчиња во бубрезите се недоволната хидрираност на организмот (непиење доволно вода) и намалена pH вредност (што се случува при концентрирањето на уричната киселина).

Луѓе кои се под особен ризик

Ризикот од камчиња во бубрезите, како што споменавме е нешто поголем кај мажите, особено кај оние помеѓу 30-50 години. Дополнителни ризик-фактори се:

◦ генетски фактори (семејна историја на проблеми со бубрезите)
◦ одредени медикаменти (особено лекови за мигрена)
◦ неконтролирано суплементирање со витамин Д и/или калциум.
◦ исхрана богата со храна од животинско потекло и сол
седечки начин на живот
◦ гојазност
◦ исхрана сиромашна со калциум
◦ висок крвен притисок
◦ инфекции на уринарниот тракт
◦ хронична дијареа
◦ операции на некои делови од дигестивниот тракт
◦ некои автоимуни заболувања

Симптоми

Симптомите на бубрежните камчиња не се појавуваат сé додека тие не почнат да се движат во мочниот канал. Човекот нема анатомија според која цврстите материи би можеле да се движат низ телото, па така при движењето на камчињата можат да се појават следните симптоми:

• силни болки во долниот дел на стомакот или странично
• крв во урината
• мачнина и повраќање
• бели крвни клетки во урината
• намалени количини на излачена урина
• чувство на печење при уринирање
• постојана потреба за мокрење
• покачена телесна температура при инфекција

Природни третмани и превенција преку исхрана


Постојат одредени доста успешни третмани за решавање на проблемот со бубрежните камчиња, но во текстов ќе се осврнеме на природниот начин со кој можете да си помогнете при симптомите. За среќа постојат и начини за успешно да превенирање од појавата на камчиња во бубрезите, па ќе се задржиме и на начинот на исхрана и животниот стил што ќе ве одалечи од непријатните камчиња.

Доколку веќе го имате проблемот, пред да се обидете да си помогнете самите во ,,домашни услови’’, важно е да се консултирате со лекар, особено ако покрај камчињата во бубрег имате проблем и со некоја друга здравствена состојба или земате одредена терапија.

Иако доста од советите во продолжение ќе ви бидат од значителна помош во намалување на симптомите, сепак болките можат да бидат доста интензивни, па најдобро советите да ги користите како надополнување на конвенционалните третмани. Кај некои лица кои имаат камчиња со поголем обем, можно е да е потребна и операција.

Совети како да превенирате и да си ги олесните симптомите од бубрежните камчиња

Не постои точно утврдена исхрана при бубрежни камчиња, едноставно треба да практикувате здрава исхрана, но да се осврнете на одреден продукти и количини на нивно консумирање.

◦ Пијте доволно вода

Пиењето најмалку 2-3 литри вода дневно е еден од најдобрите начини за да си помогнете при камчиња во бубрезите, но и во нивната превенција.

◦ Пијте лимонов сок и употребувајте повеќе јаболков оцет

Двата продукта содржат солидни концентрации на лимонска киселина, компонента која може да помогне во разградувањето на калциумовите депозити и да го намали нивниот раст.

Според истражувањата и само 100g лимонов сок може да ја помогне. Најдобро е сокот да го исцедите самите, не да купувате пакувани сокови.

◦ Контролирајте ја телесната тежина

Една студија од минатата година укажува дека дури 44% од луѓето со камчиња во бубрезите биле гојазни или со зголемена телесна тежина.

Иако не е утврдена точна причинско-последична врска помеѓу гојазноста и појавата на камчиња во бубрезите, авторите на споментата студија велат дека метаболитичките состојби, како зголемениот холестерол и крвен притисок, можат значително да допринесат за формирањето на камчињата.

◦ Избегнувајте кофеински и пијалаци со додадени шеќери

Газираните, кофеинските и алкохолните пијалаци го зголемуваат ризикот од формирање на бубрежни камчиња.
Исто така, препроцесираните продукти кои содржат високи концентрации на додадени шеќери, сол, заситени маснотии итн, делуваат на побрзо формирање на камчињата, но ги интензивираат и симптомите ако веќе ги имате.

◦ Намалете со солта, внесувајте калциум во доволни количества со исхраната и внимавајте со суплементирањето на овој минерал

Често калциумот се смета за непријател при камчиња во бубрезите и дека треба да се намали неговиот внес, но тоа не е случај.
Иако најчестиот вид на камчиња во бубрезите се оксалатните камчиња, кои се формираат од калциумот и оксалатите во бубрезите, сепак храната сиромашна со калциум може да го зголеми ризикот од развој на бубрежни камчиња.

Заедно со богатата оксалатна храна, особено онаа како спанаќот, внесувајте храна богата со калциум. Тоа ќе овозможи нивно спојување во желудникот, наместо штетното спојување во бубрезите. Дополнително, ако внесувате повеќе натриум(сол), ќе губите повеќе калциум во урината што ќе го зголеми ризикот од развивање на нови камчиња. Повеќе околу калциумот и исхраната прочитајте тука.

◦ Избегнувајте храна пребогата со оксалати

Спанаќ, чоколада, кикирики, соја, сладок компир, кафе чаеви и бобесто овошје. Ваквата храна треба максимално да избегнувате.

◦ Исклучете ги црвеното месо и пакуваните месни производи од исхраната и намалете општо со животинската храна богата со протеини

Ваквата храна богата со пурини, предизвикува поголемо создавање на урична киселина и го зголемува закиселувањето во бубрезите.
Зголемената киселост и концентрација на урична киселина води кон создавање на камчиња. Зголемениот внес на протеини во исхраната предизвикува поголемо излачување на калциумот од бубрезите и на тој начин ја зголемува и веројатноста од бубрежни камчиња.

◦ Не претерувајте со суплементирање на витаминот Ц

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор