fbpx

Како да се хранат пациенти со рак на дојка?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Исхраната и начинот на живот се важен дел од терапијата на ракот на дојка. Светскиот Фонд за Истражување на Канцер (СФИК) во 2014-та година издаде извештај во кој го потврди овој став: како пациентите се хранат и живеат по дијагностицирањето на болеста влијае врз самиот исход од лекувањето. Светскиот Фонд за Истражување на Канцер е глобален авторитет и собир на експерти кои ја проучуваат поврзаноста помеѓу ракот и исхраната, телесната тежина и физичката активност. Извештајот од 2014-та година е досега најригорозната, систематска, глобална анализа на сета достапна наука за пациенти со рак на дојка и влијанието на начинот на живот врз исходот од терапијата. Во оваа анализа се опфатени 85 научни студии и 164 416 жени со рак на дојка. Главни заклучоци Утврдена е поврзаност помеѓу подобар исход од лекувањето на ракот на дојка и следните фактори:

"“Online”/
  • Здрава телесна тежина
  • Редовна физична активност
  • Консумирање храна со растителни влакна
  • Консумирање храна која содржи соја
  • Низок внес на масти, особено на заситени масти.

Оттука и панелот научници препорачува придржување кои истите препораки како и кај превенцијата од рак, вклучувајќи здрава исхрана, нормална телесна тежина и физичка активност. Се разбира, овие препораки мора да бидат усогласени со моменталната состојба на пациентот и со терапијата која ја прима. (Извор: Body mass index and survival in women with breast cancer–systematic literature review and meta-analysis of 82 follow-up studies. Chan D S, Vieira A R, Aune D, Bandera E V, Greenwood D C, McTiernan A, Navarro Rosenblatt D, Thune I, Vieira R, Norat T. Ann Oncol 2014; 25(10): 1901-191) Покрај општите препораки, постојат и конкретни продукти кои се истражувани во научни студии и нивните ефекти при лекувањето на ракот на дојка. Така, на пример, истражувања покажуваат дека каротеноидите може да го нарушат создавањето на малигни клетки. Бета каротенот го нарушува развојот на малигните клетки преку спречување на нивната клеточна пролиферација (размножување), го стопира клеточниот циклус, и може да стимулира апоптоза (самоубиство на малигната клекта). Дополнително истражувањата покажуваат дека каротеноидите од природни извори се поефективни во споредба со суплементите. Науката околу точното дозирање и начин на внес се’ уште е во развој, но нема дилема дали каротеноидите помагаат или наштетуваат. Круциферозните зеленчуци (зелка, карфиол, брокула и др.) истотака се интензивно истражувани и покажале позитивен ефект кај пациентите. Студиите покажуваат дека изотиоцијанитите (сулфорафан) присутни во овие зеленчуци го нарушуваат клеточниот циклус на малигните клетки на ракот на дојка. Еден механизам е преку инхибиција на првата фаза и индукција на детоксифицирачките ензими од фаза два, како на пример глутатион-С-пероксидаза. Забележано е општо успорување на стапката на размножување на малигните клетки и стимулирање на апоптоза (самоубиство на малигните клетки) под дејство на супстанциите присутни во овој вид зеленчук. Сите делови од плодот на калинката (семките, сокот, ферментиран сок и кората) покажуваат супресивни ефекти врз малигните клетки од рак на дојка во лабораториските истражувања. Маслото од семките го блокира дотурот на кислород во малигните клетки, го забавува  клеточното размножување и стимулира изумирање на малигните клетки. Кората од калинките исто покажува антипролиферативни ефекти. Џусот од калинка го намалува капацитетот за прошитување и метастазирање на малигните клетки. Науката за овие супстанции распоредени во различни природни извори е млада и брзо се развива. Д-р Митов ги систематизира наодите од голем број вакви студии и ги организира во протоколи за исхрана на пациентите, во согласност со нивната општа медицинска состојба, медикаментозна терапија и коморбидитети. Консултација може да се закаже преку контакт податоците на веб страната.

Fibro Gel
DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X