fbpx

Како до подобра контрола кај дијабет?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Diabetes mellitus е хронично заболување кое е причинето од абномалните нивоа на шеќер во крвта. Овие абнормалности се предизвикани заради тоа што телото не може да создаде доволно инсулин или заради неможноста веќе создадениот инсулин да се искористи соодветно.

Статистиките во однос на ова заболување се загрижувачки. Бројот на заболени секојдневно вртоглаво расте, во светски рамки, но и кај нас во Македонија.

Пред сè, ова се должи на лошите животни навики за исхрана и физичката неактивност. Во претходните статии зборувавме општо околу дијабетот, кои видови постојат, како рано да го препознаете, кои луѓе се во посебен ризик и кои се начините за негово превенирање и природно контролирање. Денес, нешто повеќе околу живеењето со оваа дијагноза. Кои се неопходните работи што треба да ги знае секој дијабетичар? Како успешно да се справувате со ова хронично заболување?

"“Online”/

Зошто е важно да го контролираме дијабетот

Водењето соодветна грижа за себеси при дијабетот помага да се чувствувате подобро денес, но што е позначајно и во иднината. Кога шеќерот во крвта постојано е во нормалани граници:

• имате повеќе енергија
• помалку сте уморни и жедни
• раните заздравуваат побрзо
• имате намален ризик од кожни и инфекции на мочниот меур

Дополнително, екстремно е намален ризикот од дијабетични компликации, како:

Fibro Gel

кардиоваскуларни заболувања и срцев удар
• проблеми со очите и целосно слепило
• болки и замор во рацете и нозете – нервни оштетувања
• проблеми со бубрезите
• проблеми со забите

Чекор 1: Научете повеќе околу дијабетот

Луѓето знаат доста несериозно да му пристапат на дијабетот, па неретко можеме да видиме дијабетичари кои не внимаваат на исхраната, воопшто не се физички активни и ја занемаруваат терапијата. Дијабетот е сериозно заболување со можни редица компликации и огромен потенцијал за намалување на она што се подразбира под квалитет на живот.

Секако, менувањето на било кои навики (така и на оние кои се причина за дијабетот) не е лесно, а уште помалку лесно е воведувањето на нови. Како и да е, ако имате дијабет или сте во ризична група, ќе морате да се менувате.

Искуствата, но и истражувањата покажуваат дека знаењето за одредено заболување значително влијае на тоа како ќе се справите со него (особено ако е поврзано со животниот стил). Тоа важи и за дијабетот.

Колку повеќе знаете за природата на ова заболување, толку полесно ќе ги усвоите неопходните здрави навики, пред сè околу исхраната и физичката активност. Зошто?

Знајќи како ,,функционира” ова заболување, навиките кои мораат да бидат усвоени и исфрлени ќе добијат дополнителна тежина и смисла. Во природата на човекот е превземените постапки и однесувања да имаат цврста смисла.

Како да се едуцирате за дијабетот?

Читајте релевантни извори на интернет, зборувајте повеќе со матичниот лекар, учествувајте во групи за поддршка, побарајте стручна помош и консултации итн.

Чекор 2: Редовно контролирајте ги параметрите кои се значајни при дијабет

Во зависност од типот на дијабет и индивидуалната состојба на пациентот, крвниот шеќер треба да се мери барем еднаш во текот на денот, а редновно треба да се прави и HbA1c тести (на секои 3-6 месеци). Овој лабораториски крвен тест ја покажува просечната вредност на шеќер во крвта во последните 3 месеци. Зошто е ова важно?

Потребно е да знаете како се движат нивоата на глукоза во крвта со текот на времето. Ако нивоата покажуваат нагорна тенденција, треба да се најдат причините, бидејќи на тој начин се зголемува ризикот од низа дијабетични компликации. Обично посакуваните вредности за овој тест треба да бидат под 7, но сепак тоа е индивидуално.

Друг параметар кои треба постојано да го следните е крвниот притисок. Повишениот крвен притисок може да биде знак дека дијабетот значително ги уништува крвните садови.

Третиот параметар е липидниот профил (триглицеридите и холестеролот). Дијабетот може да доведе до намалување на ,,добриот” HDL холестерол и повишување на нивото на ,,лошиот” LDL холестерол. Дополнително, тој може да води и кон повишување на мастите (триглицеридите) во крвта. Ваквата ситуација дополнително го зголемува ризикот од дијабетични компликации.

Околу тоа кои се оптималните вредности на сите претходно наведени параметри за вашиот случај, консултирајте се со лекарот кој ве води.

Чекор 3: Здравиот живот ќе мора да ви биде сопатник

Ова е можеби клучниот и последен чекор.
Доста често дијабетичарите имаат чувство дека сè е пренапорно во однос на следењето на новите навики и правила, па така често се чувствуваат и тажно, разочарано, напнато и раздразливо. Тоа е нормално доколку не е трајно.

Иако можеби знаат што точно треба да превземат за да имаат здрав живот, пациентите често имаат проблеми со дисциплината и држењето до планот. Во продолжение, неколку совети како да се справие со овие проблеми.

▫ Научете да се справувате со стресот – хроничниот стрес може да делува на покачување на шеќерот. Најдете начин да се справувате со него. Дали тоа ќе бидат прошетки, длабоко дишење, медитација, молитва, некакво хоби, градинарење, слушање музика или слично. Што ќе одберете зависи од тоа што вам ви одговара и ви помага да се чувствувате подобро и поопуштено.

▫ Чувствувајте се слободни да побарате помош и поддршка –доколку справувањето ви оди лошо и се чувствувате беспомошно, побарајте помош од соодветни лица. Дали тоа ќе помош од психијатар, ако тешко ја поднесувате новонастанатата состојба со болеста или од соодветни медицински лица, ако имате проблем со планирањето.

▫ Усвојте траен начин на здрава исхрана – добар избор е медитеранската исхрана која се базира на многу свежа храна (овошки и зеленчуци), мешунки, јаткасти плодови, семиња, риба и избегнување на масни и препроцесирани производи. Заборавете на диетите!

▫ Бидете редовно физички активни – ваквата активност мора да биде прв приоритет. На следното видео погледнете зошто.

▫ Бидете добро организирани во однос на медикаментите (доколку ви се препишани) – секогаш, без исклучок сериозно сфаќајте ја терапијата препишана од професионалци.

▫ Престанете да пушите

▫ Редовно контролирајте ги претходно споменатите параметри кои влијаат во која насока ќе се развива дијабетот – шеќерните нивоа, крвниот притисок и липидниот профил.

Fibro Gel

Исто така, ако сте дијабетичар многу е важно (секако, покрај рутинските прегледи во однос на самиот дијабет) барем еднаш во годината да правите прегледи на урината, заради можните проблеми со бубрезите, потоа да се вакцинирате од грип и редовно да посетувате стоматолог и очен лекар.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X