fbpx

Како до подобра КОНЦЕНТРАЦИЈА?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Можеби двете главни одлики на модерниот начин на живот се брзината и преголемиот обем на информации кои ги добиваме и без да имаме намера за тоа. Во една ваква средина, можноста за фокусирање на било каква работа може да биде навистина предизвик. Според статистиките во САД, просечниот Американец прима информации од 34 гигабајти во текот на само еден ден.

"“Online”/

Истражувањата покажуваат дека канцелариските работници имаат дистракции или дефокусирања на секои 10 минути, а за да се вратат назад на работните задачи со истиот фоксус кој го имале пред дистракцијата им се потребни дури 25 минути, во просек. Сето ова зборува колку е тешко да се дојде до ниво на концентрација кое би било задоволително, а во исто време и колку е тоа тешко.

Концентрацијата е поим кој се однесува на психичкиот напор/работа и фокусираност кои се насочени кон било каква ,,задача” која ќе си ја поставиме. Сеедно дали ќе биде тоа учењето, работењето или нешто друго што има потреба од ментална посветеност.

Поимот концентрација многу често се помешува со способноста за внимание, поим кој реферира само на временскиот интервал во кој можеме да се концентрираме – поим познат уште и под називот распон на внимание.

Концентрацијата генерално е доста значајна за целокупниот перформанс кој го имаме или за нашата продуктивност, што и да значи ,,продуктивност” за нас. На тој начин, таа е доста битен фактор за општиот квалитет на живот.

Значи, секогаш е пожелно да имаме добра концентрација, но тоа особено доаѓа до израз во одредени моменти, на пример при работа на некој важен проект, испитна сесија, важен тест, полагање за автомобил итн. Сигурно при некој од ваквите стресни периоди сте помислиле колку би било добро да можете да го подгинете нивото на концентрираност. Секако, како и кај сé останато, така и кај способноста за добра концентрација само постојаната работа или ,,тренинг” може да нé доведе до некое оптимално ниво.

Но, од каде да почнеме и како на побрз начин можеме да си помогнеме?

Фактори кои влијаат на концентрацијата

Концентрацијата и распонот на внимание се доста индивидуални работи, а можат да варираат заради различни фактори. За главни се сметаат возраста, квалитетот на сонот, менталното здравје и евентуални физички повреди на мозокот.

Најголемиот дел од луѓето имаат намалена меморија и концентрација со текот на стареењето.

Fibro Gel

Неспособноста да се концентрираме може да делува фрустрирачки и на подолг рок да премине во хроничен стрес и лесна надразливост. Ваквата состојба води кон намалена продуктивност и може да значително да влијае на нарушување на амбициите.

Па, од каде да почнеме, како да си помогнеме при нарушена концентрација?

1) Имајте добра ,,хигиена” на сон

Неправилниот биоритам може значително да ја наруши концентрацијата, а дополнително и другите когнитивни способности, како меморијата и способноста за внимание.

Привремените нарушувања на сонот можеби нема да предизвикаат поголеми проблеми, но редовниот недостаток од сон значително ќе ви го наруши перформансот на работното место и ќе влијае многу лошо на расположението.

Повеќето експерти советуваат спиење од најмалку 7-8 часа во текот на ноќта.

Нешто повеќе околу сонот и како да го подобрите, прочитајте тука.


2) Бидете редовно физички активни


Секогаш имајте време за физичка активност. И најмалите прошетките се доволни.

Покрај останатите бенефити за здравјето (помеѓу другото и помош за подобар сон), студиите покажуваат дека редовната физичка активност може да ја покачи концентрацијата. Ваквите резултати се утврдени после само 4 недели редовна физичка активност.

Дополнително, кај повозрасните лица кои редовно имале умерена физичка активност во текот на една година, утврдено е враќање на добрата меморија, која претходна е нарушена од атрофирањето на мозочно ткиво, како резултат на стареењето. Нешто повеќе околу физичката активност дознајте тука.

3) Поминувајте повеќе време во природа и зеленило


Ако сакате природно да си ја подобрите концентрацијата, обидете се секојдневно да поминувате барем 15тина минути во простор богат со зеленило, без разлика дали тоа ќе биде помал парк или голема шума. На пример, редовните прошетки преферирајте да ги правите во парковите, ако за тоа имате можност.

Научниците имаат сé поцврсти докази за позитивните дејства на зеленилото и изложеноста на чистата животна средина врз човековото здравје. Едно истражување од 2014 година ни дава податоци според кои дури и најобичното зеленило во канцелариите може да ја подобри концентрацијата и продуктивноста кај вработените, а дополнително и воздухот во просториите.

Една неодамна објавена долгорочна и сеопфатна студија на Орхус Универзитетот од Данска, спроведена на националнo ниво  утврдува дека изложеноста на зеленило во детството – паркови, шуми, рурални средини, ливади – значително го намалува ризикот од низа ментални нарушувања подоцнежните години од животот.

За неверојатниот позитивен ефект на зеленилото, докажан од темелната данска студија, повеќе дознајте тука.

4) Правете почести кратки паузи


Овој совет се покажал како доста корисен при долгото работење или учење.

Можеби зголемувањето на фокусот на дадена тема со тргнувањето на мислите од неа звучи сосем контрадикторно, но експертите советуваат дека токму тоа се случува.

Кога следен пат после повеќечасовен ментален ангажман целосно ќе ја загубите концентрацијата, направете кратка пауза. Препорачливи се и пократките паузи од неколку минути на секој половина час од работното време (особено ако е седечко работно место). Ќе бидете изненадени колку фокусот, концентрацијата, мотивираноста и креативноста ќе бидат подобрени.

Освен за зголемување на концентрацијата, ваквите паузи ќе ви овозможат и релаксација, а можете да ги искористите и да се раздвижите и истегнете (што е многу важно за мускулатурата и превенирање од болки и искривувања на ‘рбетниот столб). Подолгите паузи во работниот ден, користете ги за кратка прошетка.


5) Слушајте музика

Повеќе студии покажуваат дека слушањето музика при учењето или работењето може да ја зголеми концентрацијата. Дури и ако не сте љубител на музиката додека работите, можете да се обидете со некакви природни ,,неутрални” звуци кои ја ,,маскираат” непријатната бучава. Тие се покажале како добар избор.

Жанрот кој е оптимален е индивидуален за секого, но експертите велат дека генерално класичната (барокна) музика важи за најрелаксирачка и од најголема помош за зголемување на концентрацијата. Внимавајте музиката да не биде некоја што премногу ја сакате или мразите, бидејќи тоа може да ви направи дополнителен дефокус од работата.


6) Кофеински пијалаци


Не постојат причини ако не ги употребувате да почнете со пиење кофеински пијалаци, но студиите покажуваат дека на краток рок тие можат да ве одржат будни и да ви ја зголемат концентрацијата.

Ако чувствувате дека концентрацијата ви опаѓа, можете да се обидете да си помогнете со шоља кафе, какао, зелен чај или парче темно чоколадо (со над 70% какао).

Други совети за подобра концентрација

• најдете си некој смирува ритуал – редовно пиење чај, пријатен туш, медитација итн

• намалете ја/контролирајте ја употребата на социјалните мрежи – можете да си помогнете со инсталирање на апликации кои го мерат поминатото време и на тој начин да се самоконтролирате. Ќе се изненадите од времето кое го поминувате на овие мрежи. Денес, социјалните мрежи се најзначајниот фактор кој придонесува за дефокус и деконцентрација од секојдневните обврски, посебно кај помладите.

• игрите за ,,вежање на мозокот” се исто така добар избор – судоку, крстозбори, шах, сложувалки, меморија итн се особено погодни за децата и повозрасните.

• планирајте – доброто планирање и организирање на времето, но и на просторот во кој поминувате голем дел од денот, може значително да го подобри фокусот и концентрацијта.

• читајте повеќе книги – и општо, читајте ги сите текстови поспоро и повнимателно.

• утврдете што ви прави дистрации и обидете се целосно да го елиминирате од средината

• хранете се здраво – доста прехранбени производи кои се сметаат за здрава храна можат подиректно да помогнат за концентрацијата – ја споменавме темната чоколада, но тука се и оревите, авокадото и останатата храна богата со флавоноидни антиоксиданти кои го превенираат оксидативното оштетување на мозокот. Здравата исхрана ќе помогне и да се чувствувате подобро, полесно, а ќе ви помогне и во процесот на слабеење. Истражувањата покажуваат дека  телесната тежина во нормални граници е исто така значаен услов за добра меморија и концентрација.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X