fbpx

Како наглото слабеење води кон создавање КАМЕЊА во жолчката?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Многумина имаат проблем со жолчните камчиња, а особено под ризик се жените над 40 години.

Жолчните камчиња се стврднати депозити од дигестивните течности кои се формираат во жолчката, мал орган сместен веднаш под црниот дроб. Жочката е задолжена за лачење на дигестивни, жолчни сокови кој помагаат во дигестирањето на мастите од внесената храна.

Од невидливи до голф топчиња

Камчињата кои се појавуваат можат да бидат со различни димензии (од невидливи за око, до големина колку голф топче), да се појават како повеќе, но во некои случаи и како едно камче со поголеми димензии. Често пациентите со овој проблем имаат потреба од операциски зафат, односно вадење на жолчката, но оние кои минуваат без било какви симптоми (без болки), вообичаено немаат потреба од третман.

"“Online”/

Жолчните камчиња се формираат кога жочните флуиди содржат преголеми количества холетерол или билирубин и недоволно жолчни киселини или лецитин (емулгатор, односно супстанца која овозможува успешно мешање на водата и течностите на база на маснотии). Најчести се камчињата со холестеролен состав, но и билирубинските камчиња (пигментирани жолчни камчиња) знаат да направат проблем.


Поврзаноста помеѓу жолчните камчиња и гојазноста

Гојазноста ги зголемува шансите за развивање жолчни камчиња, но на ист начин делува и наглото губење на телесната тежина, заради различни диети или исхрана во постоперативен период. Во текстов ќе се задржиме на превентивата, односно што треба да направиме за да избегнеме формирање на вакви камчиња.

Причините поради кои обезноста е ризик-фактор за формирање на жолчни камчиња е тоа што делува на нарушување на нивоата на вкупен холестерол, наспроти лецитин и жолчни киселини. Дополнително, вишокот телесна тежина го отежнува празнењето на жолното ќесе, па на тој начин може полесно да дојде до депонирање, односно насобирање и стврднување на жолчната содржина богата со холестерол.

Fibro Gel


Врската на жолчните камчиња со наглото намалување на тежината

Иако губењето на тежината значително го намалува ризикот од развивање на жочни камчиња, екстремно брзото слабеење може да делува спротивно. За нагло губење на телесната тежина се смета сé што е над 2 kg неделно.

Механизмот според кој наглото слабеење допринесува за формирање на жолчни камчиња е сличен како оној при гојазноста- дисбалансот помеѓу холестеролот од една страна и жолчните киселини и лецитин, од друга страна.

Луѓето кои имале баријатрична операција (намалување на желудникот) се првите ,,кандидати” кои би развиле жолчни камчиња, бидејќи во само неколку месеци нагло ја намалуваат телесната тежина.

За ваквите пациенти дури постои и таблетна терапија за спречување на појавата на жолчни камчиња.

Но, и било кои други операции ја зголемуваат веројатноста за намален апетит и нагло намалување на килажата.

Наглото слабеење носи ризици

Губењето половина до 1 килограм неделно, се смета за разумно и посакувано темпо на слабеење. Умреното намалување на тежината не само што превенира од создавање на жолчни камчиња туку и од бројни други заболувања, но исто така тоа е подобар начин за да се стекнат нови навики кои би биле трајни. Доколку навиките не се трајни, можни се циклуси на зголемување и намалување на тежината – повторно ризик фактор за жолчни камчиња.

Според експертите, генерално не постои конкретна храна која е лоша за жолчката, но треба да се внимава и да не се претерува со било која храна. Да се усвои траен здрав начин на исхрана.

Постојат совети за исхрана со малку маснотии, но таа освен што не е корисна за жолчката и општата состојба, може да биде и опасна за жолчката и оштото здравје.

Губењето килограми најдобро се постигнува со зголемување на физичката активност и со усвојување на одржлив начин на здрава исхрана за вас, индивидуално. Исхрана која нема ни во еден момент да ве остави гладни и нема да направи да се чувствувате заморено и депримирано.

Неколку совети околу тоа како да постигнете умерено и трајно губење на телесната тежина:

Однапред испланирајте си ги оброците, особено доколку јадете надвор од дома. Често менито на рестораните е достапно и онлајн.

• Запишувајте што јадете, или симнете некоја апликација во која можете да внесувате. Според некои истражувања, луѓето кои запишуваат што јаделе 15мин по оброците, губат повеќе килограми од останатите кои не го правеле тоа. На овој начин ќе можете и полесно, но и точно да го утврдите и калорискиот дефицит.

Соберете повеќе ниско-калорични и здрави рецепти. За таа цел може да креирате фајл или да запишувате во тетратка.

Во домот чувајте само здрави намирници, односно оние кои ви се потребни за спроведување на планот. Обезбедете вкусни и здрави ужини за периодите кога ќе имате ,,кризи” за ,,каснување”.

• Додека јадете, правете го само тоа, исклучете го телевизорот, лаптопот, телефонот и другите дистракции.

Потрудете се да спиете доволно и да имате соодветен биоритам. Лошиот сон е ризик-фактор за покачена телесна тежина.

На крајот, не се трудете и не очекувајте да бидете перфектни. Може да се случат различни ситуации, па не секогаш можеме да контролираме, каде, што, кога и колку јадеме. Трудете се отстапувањата да бидат минимализирани, но бидете свесни дека едно мало ,,отстапување” не значи ништо. Учете од искуствата и превенирајте тие отстапувања да зачестат.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X