fbpx

Како НАИЗМЕНИЧНОТО ПОСТЕЊЕ влијае на ПОКАЧЕНИОТ ПРИТИСОК?

tonus

Доколку го следите нашиот блог, ќе забележите дека често го споменуваме наизменичното постење (intermittent fasting). Науката сè повеќе ги проучува неговите ефекти, а во продолжение ќе зборуваме накратко за влијанието на наизменичното постење врз крвниот притисок.

 

Што претставува наизменичното постење?

Ваквиот начин на постење претставува режим или начин на исхрана, во кој внесот на храна е ограничен до конкретен период од денот. Во останатиот дел од денот, не се внесува храна, односно се пости. Најчесто периодите кога се јаде се во рамка од 8, 10 или 12 часа. Како пример може да го земеме 16:8 постот. Ваквиот пост значи јадење во период од 8 часа (пример од пладне до 20h навечер) и потоа постење 16 часа.

Друг тип на пост е 5:2. Ваквиот пост е малку поразличен и подразбира лимитирање на внесот на калории (само 25% од потребните калории) 2 дена во неделата. Во останатите 5 дена од неделата, внесот на храна е вообичаен.

"“Online”/

Целта на ваквото постење е да го ограничи и регулира периодот кога внесуваме храна, а во преостанатиот период телото да премине во состојба на постење, односно искористување и претворба на резервите во енергија. Ова е една од причините поради која ваквиот пост може да доведе до намалување на телесната тежина.

Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека ваквиот пост може да доведе и до останати здравствени бенефити:

  • Подобрен метаболизам
  • Намалени воспаленија
  • Подобра функција на имуниот систем
  • Намалени нивоа на холестерол
  • Подобрени когнитивни способности
  • Подобро расположение
  • Подобар сон

 

Како влијае наизменичното постење врз крвниот притисок и врз ризиокот од хипертензија?

Се смета дека наизменичното постење (НП) има позитивно влијание врз крвниот притисок, првенствено преку механизми поврзани со намалување на тежината, подобрена инсулинска сензитивност и намален оксидативен стрес. Студиите покажуваат дека НП може да доведе до значително намалување на систолниот и дијастолниот крвен притисок. Еден клучен фактор е намалување на тежината – наизменичното постење често води до калориски дефицит, што пак ги намалува масните наслаги – познат придонесувач за хипертензија.

Дополнително, НП ја подобрува инсулинската сензитивност, намалувајќи го ризикот од инсулинска резистенција, кој е тесно поврзан и познат ризик фактор на високиот крвен притисок. Исто така, наизменичното постење го намалува оксидативниот стрес и воспалението во телото, а токму овие два фактори играат критична улога во развојот на хипертензијата.

Истражувањата покажуваат дека периодичните периоди на пост можат да ја подобрат ендотелијалната функција и да ја зголемат достапноста на азотен оксид, промовирајќи вазодилатација (ширење на крвните садови) и со тоа да дојде до намалување на крвниот притисок. Студијата објавена во „Journal of Translational Medicine“ во 2020 година забележала значително намалување на крвниот притисок кај испитаниците кои практикувале периодично постење, нагласувајќи го неговиот потенцијал како нефармаколошка стратегија за справување со хипертензијата.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор