fbpx

Како СТРЕСОТ го намалува ИМУНИТЕТОТ?

tonus

Модерната медицина сè повеќе се интересира и наоѓа докази за директното влијание на стресот општо врз човековиот организам, па така и врз неговиот имуниот систем.

Всушност, интересот на науката се движи во насока на поставување на прашањeто: дали и на каков начин си влијаат помеѓу себе умот и телото.

Ваквиот интерес се јавува во последно време заради се поголемата присутност и интензитет на стресни ситуации и хроничениот стрес. Тоа е така, во значителен дел, поради брзиот начин на живот и сè поголемата отуѓеност која владее помеѓу луѓето. Сè повеќе обрнуваме внимание на матријалниот свет и живот, а сè помалку на менталното здравје и неговата значајност.

"“Online”/

Влијанието на стресот врз имуниот одговор

Периодов пак, акутелено е заболувањето предизвикано од корона вирусот. Рестриктивните мерки кои ги превземаат владите ширум светот, па и нашите власти, како и стравот кој природно се јавува, неминовно ќе доведат до поголем стрес, па дури и пострашни психолошки состојби.

Така, во овие тешки моменти освен што е многу важна физичката хигиена, не смееме да ја запоставиме и менталната! Зошто?

Имајќи во предвид дека здравствените системи ширум светот сè уште немаат најдено ефективна вакцина или пак третман за ова заболување, единствено што ни преостанува е да се потпреме на сопствениот имунитет.

Имуниот систем всушност претставува нашиот одбранбен механизам против сите несакани инфективни заболувања (предизвикани од различните микроорганизми), но и малку поопшто. Тоа е нашиот одбранбен систем кој треба да го одржи организмот во една т.н. состојба на баланс.

Повеќе истражувања покажуваат дека и те како стресот може да влијае на целокупното здравје и на имуниот одговор.

Функционалните единици на имуниот систем

Имуниот систем е составен од милиони клетки кои патуваат низ крвните садови до сите клетки и ткива. Нивната функција е да се борат и да ги отстранат од организмот страните тела, односно антигените (вируси, бактерии и малигни клетки).

Главниот тип на имуни клетки се белите крвни клетки. Постојат два главни типа на бели крвни клетки: гранулоцити и лимфоцити. Лимфоцитите се делат на: B-клетки и Т-клетки. Постојат и моноцити.

В-клетките продуцираат антитела кои што се ослободуваат во течностите со кои се опкружени клетките и дејствуваат на тој простор.

Т-клетките – ако причинителот на инфекција навлезе во клетката, овие Т-клетките се размножуваат и ја уништуваат инфицираната клетка.

Стресот може да влијае на имуниот систем на два начина

Кога сме под стрес, имуниот систем има намален капацитет да се бори со антигените. Затоа сме поподложни на инфекции. Сепак, краткотрајното супресирање на имунитетот поради стресот не треба да претставува посебна опасност. Но, хроничниот стрес, а со тоа и хроничното супресирање на имуниот одговор го прави организмот поподложен на инфекции и болести.

Првиот начин на кој што делува стресот на намалувањето на капацитетот на одговор на имуниот систем е директен. Директниот начин се остварува преку супресирачкото дејство на кортизолот (хормонот на стресот) на бројот, односно на продуцирањето на имуни клетки.

Вториот начин е индиректен. Кога сме под стрес, можеме да користиме начини на справување со стресот кои се неповолни по нашето општо здравје, а со тоа и на функцијата на имуниот систем. Такви начини се на пример: обемното јадење, јадењето на нездрава храна, пушењето, пиењето алкохол и други нездрави навики.

Овие т.н. лоши задоволства за момент можат да ни предизвикаат лачење на хормони кои на краток рок ќе ни дадат пријатно чувство, но на долг рок, можат да остават трајни последици.

Така, стресот се поврзува со главоболки, поголема подложност на инфекции (вирусни и бактериски), кардиоваскуларни заболувања, дијабет, астма, гастритис итн.

Заболувања и состојби кои можат да бидат поврзани со стресот

Дигестивни болести – стресот може да има влијание на дигестивниот систем. Додека сме под стрес, дигестијата е во застој. По намалувањето на стресот, спротивно, дигестијата забрзува. Оваа состојба и зголеменото лачење на адреналин при стресот можат да доведат до негативен ефект по дигестивното здравје, па дури да предизвикаат и чиреви.

– Стресот го зголемува протокот на крв низ крвните садови поради забрзаната работа на срцето. Тој може исто така да влијае на имунитетот преку зголемувањето на крвниот притисок.

Хипертензија – исто така покачениот крвен притисок може да биде причинет од стресот. А знаеме дека тој води до зголемен ризик од низа на други заболувања.

– Стресот може да предизвика зголемување на нивоата на холестерол во крвта. Ова може да биде случај поради влијанието на излачените стресни хормони, адреналин и норадреналин врз ослободувањето на слободните масни киселини. Ваквата состојба може да води кон запушување на крвните садови. Друг ризик фактор кој го забрзува ова запушување се други две состојби кои можат да бидат предизвикани исто така од стресна состојба. Повишениот пулс и хипертензијата. Високиот крвен притисок со текот на времето може да создаде мали оштетувања во ѕидовите на крвните садови, а таквите места пак, се погодни за собирање на натрупаниот холестерол.

– Како што споменавме стресот може да има и индиректен ефект на нарушувањето на општото здравје и имунитетот. Тоа се остварува преку зголемената подложност кон избегнување на чувството на стрес преку препуштање на т.н. ,,лошите задоволства”. Такви се пушењето, алкохолот, лоша исхрана поради немањето на време или желба за внимавање и физичката неактивност поради истите причини. Во полош случај тоа може да биде и употреба на наркотични средства и злоупотреба на лекови за смирување.

Совети во однос на менталното здравје

Директорот на светската здравствена организација Тедрос вели дека е нормално да се чувствуваме збунето, исплашено и под стрес во вакви околности. Затоа, главниот совет кој може да помогне во оваа смисла е да се обидете што помалку да си го нарушите секојдневието кое сте го имале претходно. Секако, тоа е многу тешко во овие услови, но е можно.
Советите се следни:

– Одржете го контактот со луѓето со кои сте го имале и претходно!
Тоа што сте дома, не значи дека треба да се наруши комуникацијата со блиските луѓе. Барем денес тоа е лесно. Поседуваме компјутери, телефони, паметни телефони…

– Засилете ја комуникацијата со домашните и луѓето на кои им верувате!
Ова е особено важно заради тоа што повеќето луѓе, поради брзиот начин на живот, немаат доволно комуникација со блиските. Тоа е важно не само поради надминувањето на стресот создаден од корона вирусот, туку и заради семејството.

– Слушајте музика, читајте книги, гледајте филмови, а за децата, тука се и забавните игри. Секако и за возрасните игрите не се забранети.

– Ограничете го примањето на вестите и информациите!
Нема ништо многу значајно да пропуштите доколку во денот само еднаш или двапати ги проверите новостите. Постојаното дозирање со негативни, често и лажни вести, може многу да одмогне.

– Информирајте се од кредибилни извори.
Лажните вести можат да ви создадат паника и да ви ја засилат анксиозноста.

– Нека ве интересираат и убавите вести.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор