fbpx

Како СТРЕСОТ ја зголемува телесната тежина и што да направите за да го спречите тоа?

tonus

Секој од нас во одреден период од животот бил под стрес заради најразлични причини. Според експертите од областа, пандемијата со корона вирусот која сé уште е во тек без сомнение делува на зголемување на стресот помеѓу населението.

Делувањето на стресот освен психичко може да има и физичко ниво. Една понова студија утврдува силна релација помеѓу долготрајниот или хроничниот стрес и гојазноста.

Стресот е ризик-фактор за повеќе негативни состојби, вклучително и обезност

Истражувачите од една студија на оделот за епидемиологија и јавно здравје на образовната институција University College London (UCL), велат дека индивидуите кои се под хроничен стрес, односно имаат постојани високи нивоа на хормонот на стресот – кортизол, имаат значајно поголем ризик од развивање гојазност, во однос на оние со ниско ниво на кортизол.

"“Online”/

Резултатите биле добиени од околу 2600 испитаници над 50 годишна возраст, а истражувањето се одвивало 4 години. Интересно, нивните нивоа на кортизол биле мерени со земање на примероци од влакната на косата.

На тој начин, истражувачите велат дека е овозможен полесен пристап до информациите за нивото на кортизол во подолги временски интервали. На овој начин според нив, се избегнало и мерењето на акутниот стрес.

Дополнително, повеќе други студии зборуваат за релацијата помеѓу емотивното јадење и стресот, но и за врската меѓу кортизолот и метаболниот синдром.


Резултатите ја потврдиле претпоставката на истражувачите

Испитаниците кои имале повисоки нивоа на кортизол во влакната, имале значително поголема телесна тежина, обем на струк и поголем BMI (body mass index) или однос помеѓу висината и телесната тежина. Оние со најголема телесна тежина имале и најголемо утврдено ниво на кортизол во влакната од косата.

Оваа студија дава уште една издржана потврда за поврзаноста помеѓу стресот и гојазноста.

Точните механизми според кои стресот делува на зголемување на телесната тежина не се сосем познати, но најчесто се споменуваат емотивното јадење под стрес (обично на шеќерна и високо-калориска, масна храна која предизикува кратко чувство на задоволство) и метаболитичката улога на кортизолот.


Кратки совети за контролирање на стресот кој води до гојазност

За да превенираме здебелување кога сме под стрес, треба да најдеме некаков начин за справување со стресот. Секако, тоа е лесно да се каже, во праксата е потешко спроведливо, но во продолжение ќе ви понудиме неколку совети кои можат да бидат од помош:

Препознавање на симптомите на стресот – најпрво мораме да бидеме свесни дека сме под ризик и да се обидеме да видиме што најчесто ни го потхранува стресот. Анксиозноста, лесната избувливост, главоболките и непријатното чувство во мускулите се само неколку од симптомите на хроничниот стрес.

Пред да јадете, прашајте се зошто јадете – дали сте навистина гладни или се обидувате со вкусната, но нездрава храна, да си приредите кратко ослободување од стресот.

Кога чувствувате потреба за храна, а свесни сте дека телото не е гладно, обидете се да најдете некаква дистракција од ситуацијата.

Никогаш не прескокнувајте оброци, особено не доручекот.

Обидете се да се храните здраво и да јадете повеќе свежа храна, богата со нутриенти, а сиромашна со калории.

Утврдете која храна ви е ,,искушението” – повеќето луѓе имаат омилена храна за која и самите се свесни дека не е добра за нив. Препознавањето може да помогне да не правиме ,,резерви” од неа во домот.

Обрнете малку повеќе внимание на биоритамот – шемата на спиење и јадење, увидете каде грешите.

Сонот е значаен, спијте доволно!

Немојте да ја дочекувате на нож помошта која се обидуваат да ви ја дадат најблиските. Тие ви мислат најдобро.

Обидете се да бидете што повеќе физички активни. И малата активност значи многу ако е постојана! Не морате да пропешачите или истрчате повеќе километри, почнете полека но бидете конзистентни.

* На крајот, многу важно, доколку чувствувате потреба, побарајте стручна помош. И психолошките состојби се болест и нема ништо страшно и срамно во тоа што токму вас ве погодиле, тоа воопшто не значи дека сте слаба личност.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор