fbpx

КАЛАМАТА – едни од најдобрите маслинки по својот состав!

tonus

Сите сме чуле за здравствените бенефити од умерената упореба на ладно цеденото маслиново масло, пред сé заради неговите моно и полинезаситени маснотии, но дали и маслинките имаат сличен ефект?

Луѓето ги одгледуваат маслиновите дрвја со милениуми заради нивните плодови – маслинките.

Постојат стотици видови маслинки и тие се многу важен дел од Медитеранската исхрана, која се смета за една од најздравите во светски рамки. Во продолжение, нешто повеќе околку нутритивноста и позитивните карактеристики на каламата маслинките.

"“Online”/

Каламата маслинките се со потекло од Пелопонез, поточно градот Каламата, по кој го добиле и името. Можеби ќе ви звучи чудно, но каламата маслинките и општо сите маслинки, се сметаат за овошки, а нутриционистите ги вбројуваат помеѓу најздравата храна која може да се најде, пред сé, поради уникатниот состав од здравите маснотии и моќни антиоксиданти.

Нутритивна и вредност

Каламата маслинките имаат висока содржина на здрави масти и ниска содржина на јаглехидрати. Во 40g или околу 5 маслинки содржат: 90kcal, 6g масти, 5g протеини,5g јаглехидрати, 3g растителни влакна, но и 53% од дневно препорачаниот внес на натриум.

Споредбено со другите овошја, маслинките се особено богати со маснотии. Сепак, значајно е да се каже дека дури 75% од овие масти се мононезаситени или масти здрави за срцето.


Каламата маслинките се извор и на минерали и масно-растворливи витамини: железо, калциум, бакар, витамин А и витамин Е. Ова ги прави погодни за намалување на ризикот од анемија, за завцрстување на коските, за подобрена функција на срцето, кожата и очите, но ги прави и добри антиоксидативни средства.

Антиоксидативно дејство

Каламата маслинките содржат добар процент на различни типови полифеноли антиоксиданти. Двата главни се олеуропеин и хидрокситиросол.

Антиоксидантите се компоненти кои превенираат оштетувања на клетките од молекулите наречени слободни радикали. Според студиите, за одржување на здравјето, телото има потреба од баланс помеѓу количините на слободните радикали и антиоксидантите. Дисбалансот може да води кон оксидативен стрес, а тој кон хронични воспалителни процеси, главен ризик-фактор за повеќето хронични заболувања.

Имајќи предвид дека телото постојано продуцира слободни радикали, а недоволно антиоксиданти, внесот на антиоксидантите преку храната треба да биде исто така постојан.

Полифенолните антиоксидати се поврзуваат подобреното срцевото здравје, но и со некои превенцијата од некои невродегенеративни и малигни заболувања.

Маслинките се храна добра за срцето

Каламатата е добар извор на олеинска киселина, мононезаситена масна киселина.

Една студија од 2016 вели дека јадењето повеќе мононезаситени масни киселини го намалува ризикот од предвремена смрт.
Други студии, директно го поврзуваат дејството на мононезаситените масни киселини со намалениот ризик од артеросклероза или насобирање маснотии во вените, состојба која води кон зголемен крвен притисок и зголемен ризик од срцев удар.

Затоа, повеќе релевантни здравстевни институции ширум светот и ја препорачуваат умерена консумација на ваквите маснотии со цел превенирање на срцеви заболувања.

Студиите покажуваат дека олеинската киселина од каламата маслинките може да помогне и при слабеењето, односно промовира согорување на калориите во телото. И на овој начин, индиректно влијае за поздраво срце, преку превенирање од гојазноста.

Покрај мононезаситените масни киселини, за позитивниот ефект на каламатата врз срцето одговорни се и нејзините главни полифенолни антиоксиданти – олеуропеин и хидрокситиросол.

Навистина голем број на студии укажуваат дека овие 2 полифенолни антиоксидатни можат да го намалат притисокот, но и значително да придонесат за подобрен липиден профил. 2 главни фактори за каридоваскуларното здравје.

Потенцијално антиканцерогено дејство

Олеинската киселини и антиоксидантите во истражувањата покажале и одредено антиканцерогено дејство.

Лабораториските студии покажуваат дека олеинската киселина може да ја намали експресијата на одредени гени кои се поврзуваат со претворањето на здравата клетка во туморна.

Слично на ова, олеуропеинот и хидрокситиросолот покажале антитуморни активности, блокирајќи го растот и ширењето на одредени малигни клетки. Дополнително, тие покажале и одредено уништувачко дејство на ваквите клетки.

Анималните студии покажуваат превентивно дејство на споменатите антиоксиданти во однос на ракот на дојка, дебело цревно, бели дробови, но и некои други типови канцер.


Заштитно дејство за нервните клетки

Многу невродегенеративни заболувања, како најчестите на пример – Паркинсоново и Алцхајмерово заболување, се резултат на хроничната инфламација или постојаниот оксидативен стрес на нервните клетки, предизвикан од слободните радикали.

Храната богата со моќни антиоксиданти, како каламата маслинките, и тоа како е од помош во превенцијата од вакви заболувања.

Лабораториските и анималните истражувања покажуваат дека олеуропеинот е значаен невропротеткор или заштитник на нервните клетки од оксидативните оштетувања. Всушност, тоа значи заштитник од споменатите најчести невродегенеративни заболувања.

Внимателно со количината!

И покрај наведените позитивни дејства кои се должат на нејзиниот состав, каламата маслинката, како и сите други маслинки треба внимателно да се консумира во однос на количините. Тоа не е случај само поради богатата масна содржина, која може да допринесе за дебелеење.

Покрај здравите масти и антиоксидантите, маслинките најчесто се чуваат во раствор со големи концентрации на готварска сол. Огромните количини на натриум кои ги внесуваме  преку маслинките, можат дополнително да ја зголемат содржината на дневно внесена сол, што може да биде особено проблематично на долг рок. Пред сé, штетите се на сметка на кардиоваскуларното здравје и бубрезите, но солта создава и други проблеми.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор