fbpx

Клуб – Витални пензионери

ПРИМАМЕ НОВИ ЧЛЕНОВИ ОД 10 до 20 АВГУСТ!

 

Драги пензионери!

Кај нас, пензионерскиот живот најчесто асоцира на пасивност. Затворени дома, пред телевизор, со мала физичка активност и се’ подолга листа на лекови… такви најчесто се пензионерските денови.

Но, здравјето не се одржува со пасивност и лекови. Здравјето се одржува со АКТИВНОСТ, дружење макар и преку интернет, со здрава храна и пешачење!

На почетокот од годинава, со голема група пензионери, ја започнавме првата промоција насочена токму кон создавање ВИТАЛНИ ПЕНЗИОНЕРИ. Се собравме во една голема група на Фејсбук, многумина дури по прв пат и си направија профил на Фејсбук, малку се учевме како оди сето тоа, но СИТЕ научија и работата ТРГНА!

Групата ги надмина сите наши очекувања и во однос на функционирањето, но и во однос на резултатите што ги добивме.

Некои ослабеа 5, а некои дури и 25 килограми за период од шест месеци!

Секој ден:  споделување рецепти, слики од пешачење, кој колку чекори поминал, кој какво хоби има или каде живее… се создаде една голема ЗАЕДНИЦА на пријатели, ВИТАЛНИ ПЕНЗИОНЕРИ, во која владее ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА. Не толку типично за социјалните мрежи.

Пролетта, истиот успешен процес го минавме со уште една голема група на пензионери.

Видете дел од коментарите на досегашните учесници:

Од искуствата со групите сфативме дека овој концепт може и тoa како да им биде од помош на нашите повозрасни родители, баби и дедовци.
Помош во насока на стекнување здрави животни навики, но што е исто така многу важно и во СОЦИЈАЛИЗИРАЊЕТО.

Поучени од таквите искуства, но и од сугестиите на досегашните наши членови, решивме нашата приказна наречена ВИТАЛНИ ПЕНЗИОНЕРИ да ПРЕРАСНЕ во КЛУБ ВИТАЛНИ ПЕНЗИОНЕРИ.

Што значи ова?

Создавањето на Клубот Витални Пензионери предводен од Д-р Митов, значи дека стекнувањето добри навики и дружењето нема да има временски интервал. Секој што ќе сака, ќе има можност да стане член на овој клуб ТРАЈНО, колку време сака секој поединечно.

Членовите на клубот ќе имаат бројни бенефиции, односно придобивки:

  • Пониска цена за групна програма во однос на онаа досега –  (250 денари месечно)

  • Попусти од 20% на продуктите на Д-р Митов (подигнати само во просториите на Центарот за лајфстајл медицина)

  • Попусти од 30% на индивидуалните програми на Д-р Митов

  • Членување во група на Фејсбук во која:

  • постојано, на неделно ниво ќе се објавуваат различни програми за исхрана (и посни верзии)

  • ќе има по едно тематско предавање на Д-р Митов, секоја недела. Темите ќе бидат: болки во зглобовите, заштита од падови и скршеници, остеопороза, несоница, концентрација и меморија, хипертензија, дијабет, покачен холестерол и триглицериди и слично.

  • ќе објавуваме повеќе статии (најмалку 2-3) во неделата на споменатите соодветни теми

  • ќе имаме 2 вклучувања во живо на Д-р Митов за одговарање на бараните прашања, вкупно три неделно

  • постојано ќе имате можност за поставување на прашања во рамките на групата

  • постојано ќе се споделуваат рецепти помеѓу самите членови

Доколку дозволуваат епидемиолошките мерки, организирање на еден или повеќе настани и дружења во живо!

Денес ја отвараме можноста да ни се придружите!

Од 20-ти август ќе можете и АКТИВНО да им се приклучите на ВИТАЛНИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ!

(ПРИМАМЕ НОВИ ЧЛЕНОВИ ОД 01-20 АВГУСТ)
Дена
Часа
Минути
Секунди
Започна втората група на ВИТАЛНИ ПЕНЗИОНЕРИ!

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА оваа промоција?

САМО за лица над 60 годишна возраст!

ШТО ПОДРАЗБИРА да се биде ВИТАЛЕН ПЕНЗИОНЕР?

  • МАКЕДОНСКА храна! Нема авокада, киноа, чиа…

  • Достапни и евтини препознатливи производи

  • Лесни за готвење и блиски на македонската кујна!

  • Печашење секој ден!

  • Вклучување во живо и дружење во групата! 

КОГА ЗАПОЧНУВА?

ПРИЈАВУВАЊЕТО ќе биде до 20 Август! (нови пријавувања ќе им постојано, но попустот важи до 20 август)

ПОЧЕТОК: 20  август!

ЦЕНА?

Еден месец е 250 денари, но плаќањата се вршат за 3 месеци. Уплати можат да се извршат и за 6 или 12 месеци (година):

  • 3 месеци = 750 денари

  • 6 месеци = 1300 денари

  • 12 месеци = 2.500 денари

Како се разликува КЛУБОТ ВИТАЛНИ ПЕНЗИОНЕРИ од претходните промоции и од ПРОГРАМИТЕ за животен стил?

Кај Програмите, има лични консултации со д-р Митов, и директна секојдневна комуникација. Членовите на Клубот Витални Пензионери веќе ќе имаат дополнителни бенефиции, што претходно ги наведовме.

Работата со Клубот Витални Пензионери ќе биде групна, и комуникацијата ќе се одвива преку Фејсбук група, но ако дозволат епидемиолошките мерки, ќе организираме и дружби и предавања и во живо.

Има два начини на уплата:

1) Преку веб страната, со картичка во нашата продавница

2) Преку банка, на сметка:

ДУТП  ЦЕНТАР ЗА ЛАЈФСТАЈЛ МЕДИЦИНА ФЕНИКС ДООЕЛ увоз-извоз Струмица

СМЕТКА БР.210-071-581-220-108 НЛБ Тутунска Банка

ЦЕЛ НА ДОЗНАКА:

Клуб Витални Пензионери

  • 750 (за 3 месеци)
  • 1300 (за 6 месеци) или
  • 2500 денари (за една година)

Ако уплатите на овој начин – испратете ни ја уплатницата на Фејсбук страната на Д-р Митов, или јавете ни на 071588286.

СПЕЦИЈАЛЕН ПОПУСТ: за извршените уплати од три месеци (750 денари) до 20. август – наместо три, членството ќе важи ЧЕТИРИ месеци, до 1. Јануари 2022 година!

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор