fbpx

Кога чоколадото е ЗДРАВА храна?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Кога ќе се спомене чоколадото, освен што ни паѓа на памет дека е многу вкусно, веднаш помислуваме на сосема нездрава храна која треба многу ретко да ја консумираме. Многу висока калориска вредност, маснотии, лоша за забите итн. Но дали секоја чоколада е иста?

Ова е важи само доколку разговараме за млечна или бела чоколада. Зошто?

Генерално, во чоколадната индустрија постојат 3 типа на чоколада. Темна, бела и млечна чоколада.

"“Online”/

Основната намирница за производство на чоколадата е какаото, поточно ферментираното семе од растението наречено Theobroma cacao. Ова семе има висока нутритивна вредност и еден од најдобрите антиоксидантивни извори во светот на растенијата. При подготовката на чоколадото, темното чоколадо ја задружува природната концентрација на маснотии од семето и ги има задржано сите микронутриенти, додека белата чоколада е составена само од какао маснотијата и млечните протеини и маснотии. Млечната темна чоколада има сличен состав на белата, плус одреден процент на какао прав.

Значи, белата и млечната чоколада содржат многу висок процент на додадени маснотии , а за разлика од темната имаа значително помалку или воопшто микронутриенти.

Тоа ја прави темната чоколада многу подобра за организмот од другите два типа (секако доколку се консумира во умерени количини).

Fibro Gel

Да видиме само дел од научно потврдените корисни својства за човековиот организам на компонентите од кои е составена темната чоколада.

1) Висока хранлива вредност

Ако одберете квалитетна темна чоколада, со висок процент на какао маса (какао делот без какао маснотиите), тогаш имате намирница која е особено нутритивно богата. Таа содржи висок процент на растворливи растителни влакна и различни минерали.
100g темна чоколада, со 70-85% какао маса содржи:

– 11g растителни влакна
– дури 67% од дневните потреби за железо
– 58% од ДП за магнезиум
– 90% од ДП за бакар
– 100% од ДП за манган
– исто така содржи сосема солиден процент на калиум, фосфор, цинк и селен

Сепак, 100g е преголема количина за да се изеде во еден ден поради големата калориска вредност (600kcal) од присутните, пред сè маснотии, но и јаглехидрати. Поради овие причини темната чоколада треба да се консумира умерено.

Кога станува збор за какао маснотиите, тие исто така можат да се сметаат за добри. Содржи главно мононезаситени и заситени масни киселини, но и помали колични полинезаситени масни киселини. Какао масата содржи и кафеин и теобромин, но не во толкави количини за да ве остави будни навечер, за разлика од кафето на пример.

2) Teмното чоколадо е еден од најмоќните извори на антиоксиданти

Какао правот и темната чоколада имаат навистина разновиден и богат антиоксидативен состав. Тој е импресивен во споредба со повеќето храни.

Антиоксидантите се соединенија кои телото ги искористува во справувањето со оксидативниот стрес кој може да биде предизвикан од слободните радикали кои постојано се продуцираат во организмот. Ваквите оксидативни оштетувања кои ги претрпуваат клетките од различните органски системи можат да доведат до хронични воспалителни процеси кои пак се еден од главните причинители за сите хронични заболувања. Ваквиот тип на заболувања се најзастапените и најсмртоносните во модерното време.

Една студија покажува дека какаото и темната чоколада имаат поголема антиоксидативна активност, односно полифеноли и флавоноиди, од било кои тестирани овошки, вклучително тука и бобестото овошје кое се смета за најдобар овошен антиоксидативен извор.

3) Може да го намали високиот крвен притисок и да ја подобри циркулацијата

Флавоноидите од темната чоколада можат да го стимулираат ендотелиумот, внатрешниот слој на артериите, да продуцира азотен оксид. Една од функциите на овој оксид е да поттикнува релаксирање на артериите што понатаму предизвикува намалување на крвниот притисок.

Научните студии го покажуваат овој ефект на испитаните пациенти, иако тој е благ, сепак постои.

4) Темната чоколада го зголемува нивото на HDL холестеролот (,,добриот”) и го заштитува LDL холестеролот од оксидација или оштетувања

Јадењето темна чоколада може да помогне во намалувањето на некои ризик фактори за срцеви заболувања.

Во една студија било заклучено дека какао правот значително може да придонесе во намалувањето на оксидативните оштетувања на LDL холестеролот кај мажите. Исто така, истражувачите заклучиле и дека, кај пациентите со покачен вкупен холестерол, какаото може да придонесе во зголемувањето нивото на HDL холестеролот во намалувањето на нивото на LDL холестеролот.

Оксидиран или оштетен LDL холестерол, значи холестерол кој дошол во контакт со слободните радикали. Ова ја прави оваа холестеролна молекула реактивна, односно способна да ги оштети артериите и со тоа значително да го зголеми ризикот од артеросклероза.
Во некои студии, темната чоколада се покажала и како намалувач на инсулинската резистентност, еден од најважните ризик фактори за кардиоваскуларни заболувања и дијабет.

Друга пак студија вели дека консумирањето на темна чоколада 2 или повеќе пати неделно може да го намали ризикот од калцификација на aртериите за дури 32%.

5) Може да превенира од оштетувања на кожата при изложеност на сонце

Некои од биоактивните компоненти на чоколадата можат да бидат особено корисни за кожата. Флавоноидите можат да нè заштитат од сончевите зраци, да го подобрат дотокот на крвта до кожните клетки и да ја подобрат густината и хидратацијата на кожата.

Една студија на оваа тематика дава интересни резултати. Имено, луѓето кои консумирале темна чоколада во период од 12 недели, имале за 2 пати зголемен МЕД. МЕД (минимална ерителна доза) или минимум потребна изложеност на UV сончеви зраци, по што би дошло до вцрвенување на кожата за 24 часа.

6) Темната чоколада е исто така добра за здравјето на мозокот

Студија спроведена на одреден број волонтери кои јаделе темна чоколада со високи концентрации на флавоноиди во рок од 5 дена, покажала подобрување во нивната циркулација на крв кон мозокот.

Какаото исто така е покажано дека може да ја подобри когнитивната функција кај повозрасните луѓе одредени оштетувања на мозокот. Може да ја подобри нивната вербалната комуникација и да намали неколку ризик фактори за болести кај овие лица.

Кофеинот и теоброминот кои се содржат во одредени количини во темната чоколада можат на краток рок да стимулираат подобрена функција на мозокот.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X