fbpx

Кога чувството на СТРАВ станува проблем и што може да се направи?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Сите сме свесни дека модерниот начин на живот со себе носи прилично зголемен ризик од хроничен стрес. На тема стрес сме зборувале повеќе пати – Како стресот е поврзан со имуниот одговор, како може да делува на зголемувањето на килограмите, како да го препознаеме, како да го надминеме итн. Исто така, во еден од претходните текстови дадовме едноставни совети за справуваање со паничните напади кои често пати се и директно поврзани со хроничниот стрес.

[Поврзано: Како да ја надминеме склоноста кон негативното размислување]

Но хроничниот стрес може да биде ризик-фактор и за одредени психолошки состојби кои подразбираат постојано соочување со чувство на страв. Во продолжение, нешто повеќе токму околу стравот и можните начини самите да си помогнете за полесно да го надминете.

"“Online”/

Што претставува стравот?


Стравот е емоција предизвикана од некаква согледана опасност или закана. Тој води кон психолошки, но и физиолошки промени во организмот на човекот.

Се работи за исклучително комплексна емоција, но генерално може да се каже дека се јавува како резултат на одреден стимул присутен во сегашноста, заради некакво трауматично искуство од минатото или пак од опасност која препоставено веројатно ќе се случи во блиската или подалечна иднина.

Стравот претставува примитивна природна и моќна човекова емоција, всушност еден вид аларм кој треба да нè предупреди што е можно побрзо да изнајдеме начин да се справиме со опасноста (,,механизмот бори се или бегај”). Оваа ,,алатка” му служела на човекот со векови, но стравот во модерното време има и една малку поинаква димензија – многу често доаѓа од опасности кои самите си ги ,,измислуваме” и предвидуваме, а големиот дел од нив и не се така реални.

Fibro Gel

Ова чувство исто така може да биде симптом на некои ментални нарушувања, како панични напади, фобии, пост-трауматски стресни нарушувања, проблеми со социјализирањето и слично.


Физиолошки промени – биохемиски реакции кои се поврзани со чувството на страв

Како што споменавме, стравот е природна реакција и е повразан со нагонот за преживување. Кога сме соочени со чувство на страв, нашето тело соодветно одговарa преку споменатиот еволутивен механизам ,,бори се или бегаj”. Зад овој механизам стојат низа специфични биохемиски реакции, кои резултираат и со физички симптоми, како:

  • Потење
  • Забрзан срцев ритам
  • Високи нивоа на адреналин

Сето ова му овозможува на телото да се подготви за борба или му ја дава потребната енергија за избегнување на непријатната или опасна ситацијата. Како поекстремни физички симптоми се јавуваат и:

  • Тресење
  • Сува уста
  • Стегање во градите
  • Вознемирен стомак и гадење

 

Психолошки промени

Емотивниот одговор од друга страна, е доста индивидуален, односно секој реагира на свој начин на стравот.
Некој доста лесно може да се справи, додека за други луѓе стравот станува навистина голем проблем со кој се соочуваат често. Одговорот зошто некои поединци се ,,зависни” од адреналинот, односно стравот, најверојатно лежи во следното: чувството на страв предизвикува слични хемиските реакции во мозокот како чувството на возбуда и среќа.

Психолошките симптоми на стресот вкучуваат: вознамиреност (од различен степен), чувство на губење контрола, па во екстремни случаи и чувство од извесна смрт.

 

Кога треба да се консултирате со стручно лице?

 

Доколку постојано и постојано чувствувате помалку или повеќе интензивно чувство на страв, зборувајте со лекар, кој ќе ви даде соодветни совети во однос на вашата конкретна ситуација.

При постојано чувство на страв, можните психијатриски дијагнози се различни анксиозни нарушувања, како некаков вид фобија, но некогаш погоре наведените симптоми може да бидат резултат и на некаква физичка болест.

Фобиите подразвираат интензивни чувства на страв кој е целосно ирационален

Кратки совети за справување со секојдневниот страв, препорачани од англискиот NHS:

  • Дајте си време

Невозможно е да размислувате јасно и доволно рационално кога сте исплашени или анксиозни. Првата работа која треба да ја направите е да земете пауза, што и да правите во моментот кога сте соочени со непријатните чувства. Тоа е неопходно за да можете соодветно да се смирите од физичките симптоми.

Откако стравот ќе избледи, направете си некаква дистракција, како кратка прошетка, уживање во чај, кафе или било која друга работа која ве опушта.

  • Дишете длабоко

 

Кога ќе почнат физичките симптомите на стравот, како потењето, срцебиењето, најдобро е да не им се ,,спротивставувате”. Останете на местото каде што сте и едноставно почувствувајте ја паниката без да се обидувате да имате некаква дистракција.

Обично при нападите на страв, луѓето хипервентилираат, односно земаат многу подлабок здив од нормално и тоа го прават на забрзан начин, што резултира со чувство на недостаток од здив. Тоа пак, води кон збунетост, дезориентираност, а некогаш и кон болки во градите.

Со вежбањето техники за успорено дишење и нормализирање на ритамот на дишењето, можете да ги превенирате непријатните физички симптоми на паниката и да го запрете паничниот циклус (стравот создава нов страв).

Обидете се да го стабилизирате дишењето со задржување на здивот 2 секунди и потоа со издишување 3 секунди. При дишењето, внимавајте со секој здив да го ширите и стомакот, со што би се избегнале ,,плитките” вдишувања кои можат да создадат дополнителни проблеми.

  • Соочете се со стравот

Постојаното избегнување на стравовите прави тие да ви изгледаат уште пострашно. Од што и да се плашите, со почестото соочување, стравот почнува и трајно да избледнува.

На пример ако паничите од возење со лифт, обидете се почесто да се соочувате со стравот и да го изберете лифотот пред скалите.

  • Погледнете како стојат фактите!

На истиот пример со лифото – запрашајте се колку примери знаете на луѓе кои настрадале на било кој начин возејќи се во лифт? Ако ве плаши заглавувањето, дали познавате некој што засекогаш останал заглавен во лифтот?

  • Не се обидувајте да бидете идеални

Животот е полн со предизвици кои неминовно ќе ви направат стрес и искуства кои ќе ви предизвикаат страв. Без разлика дали станува збор за финансиски проблеми, болест, проблеми во врските итн. Главната цел треба да ни биде да најдеме начин како трајно да се справуваме со стресот и непријатните чувства поврзани со неговиот хроничен облик, а не како целосно да го отстраниме. Тоа е веројатно невозможно.

  • Никогаш немојте трајно да го поттиснувате стравот во себе. Зборувајте за тоа!

Зборувајте со луѓе во кои имате доверба и/или побарајте помош од стручни лица.

Нашиот здравствен систем, во овие пандемиски услови има телефонски линии кои се наменети токму за психолошка поддршка на граѓани и ранливи групи пациенти. Броевите погледнете ги на следниот линк: Побара психолошка поддршка!

  • Немојте да се потпирате на алкохолот и цигарите како механизам за опуштање!

Цигарите и алкохолот можеби ќе ви помогнат, односно ќе ве смират на краток рок, но долгорочно гледано, тие само ќе ви ги интензивираат
проблемите.

  • Водете дневник на искуства

Од секој паничен напад можете да изведете некои заклучоци кои ќе ви бидат корисни при евенуталните следни напади.

Водејќи дневник со искуствата кои сте ги доживеале при нападите на страв, можете да си помогнете и да увидите кои ситуации, состојби или чувства ви се ,,тригер” или ви ги потикнуваат типичните панични симптоми. На тој начин полесно ќе можете да ги избегнувате споменатите тригери и да ги контролирате чувствата.

Дополнителни совети:

  • Внимавајте дали спиете доволно!

  • Имајте здрава исхрана – тоа ќе ви овозможни стабилни енергетски нивоа.
  • Слушајте релаксирачка музика која вам ви се допаѓа

  • Немојте премногу да се фокусирате на работи кои не зависат од вас

  • Редовната физичка активност е добра превенција и во оваа смисла!

[Поврзано: Депресијата не е обична тага!; Дружењето го намалува ризикот од депресија!]

 

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X

Витални
пензионери

12 неделна групна програма за здрав и активен живот за пензионери

990 ден.