fbpx

Кои се најчестите лажни ,,сигнали” за глад?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Во една од претходните статии зборувавме повеќе за апетитот и неговото значење. Споменавме дека желбата за храна (апетитот) е еволутивно детерминирана и претставува еден од клучните елементи за преживувањето на човекот.

[Поврзано: Изгубен апетит? Некогаш може да е сериозен знак]

Затоа, многу е важно да научиме соодветно да ги следиме сигналите кои нѝ ги дава телото во однос на потребата од храна. Иако првично овој процес на ,,следење” изгледа сосема едноставен, сепак многу често се наоѓаме во ситуации кога мислиме дека сме гладни, а всушност сме жедни или под стрес. Од друга страна, некогаш и обратното може да биде случај – телото навистина има потреба од ужина или оброк, но ние не сме свесни за тоа.

"“Online”/

Во продолжение, 4 важни совети кои ќе ви помогнат да го ,,слушате и следите своето тело” многу поефикасно, односно да го разводите чувството на глад од можните слични чувства. Следниот пат кога ќе мислите дека сте гладни, особено ако имате проблем со тежината, внимавајте што чувствувате:

1) Дали е тоа можеби силна потреба за високо-калорична шеќерна и масна храна со интензивни вкусови карактеристики?

2) Дали чувствувате главоболка?

Fibro Gel

3) Дали сте безенергични и заморени?

4) Дента се чувствувате безидејно?

Ако имате некоj од претходно наведените ,,симптоми” или чувства, запрашајте се:

за број 1) Дали можеби сум под стрес?

Кога сме под стрес, имаме хронично повишени нивоа на хормонот кортизол, што може да доведе до низа непријатни симптоми, помеѓу кои и зголемена потребата од вкусна храна. Прејадувањето, кое речиси како по правило е со нездрава храна, води кон нагло повишени нивоа на шеќер во крвта, но и кон повишени нивоа на серотонин – хормон на среќата и задоволството. На тој начин, барем за кратко забораваме на стресот и неговите непријатни симптоми (како на пример лошото расположение).

Сепак, кога за кратко повторно нагло ќе паднат глукозните нивоа, повторно се чувствуваме лошо, но и гладно. Овие циклуси водат кон гојазност!

Повеќе совети околу тоа како полесно да го контролирате стресот кој води кон прејадување и гојазност, прочитајте на следниот линк: Како СТРЕСОТ ја зголемува телесната тежина и што да направите за да го спречите тоа?

за број 2) Дали сум можеби дехидриран/а и жеден/дна?

Една од најчестите причини за главоболки е токму дехидрираноста. Многу често главоболките и сето чувство околу нив потсетува на низок шеќер, па многумина жедта ја помешуваат со гладот.

На пример, една студија дава навистина интересни резултати. Имено, според неа луѓето несоодветно ,,одговарале” на сигналите од телото, односно ги помешувале чувство на глад и жед, дури во 62% од случаите.

Пиењето вода тешко може да го покрие гладот, но внимвајте секогаш да сте добро хидрирани, за да не го помешате чувството на жед со потреба од храна.

Ако се чувстувате главоболки и глад, испијте 1 или 2 чаши вода. Ако и по ова повторно чувствувате глад, веројатно тој е вистински.

[Поврзано: Главоболки – можни причини, превенција и кога треба да се обратите на   лекар; Што се случува со нашето тело кога не пиеме доволно вода?]

за број 3) Дали сум преморен/а?


Ако се има предвид дека храната е всушност и енергија, логично би било кога сме изморени да сме повеќе гладни. Сепак, во ваквите ситуации најчесто се посегнува по високо-калорична и нездрава храна, по која инаку не би посегнале кога би биле соодветно одморени или би имале квалитетен сон.

Како сонот е поврзан со телесната тежина и совети како да си помогнете за подобар сон, прочитајте тука.


за број 4) Дали можеби ви е досадно?

Јадењето од досада е доста честа појава, особено кај помладите кои имаат помалку обврски. Јадењето нѝ дава привремена смисла на пополнето време, кога немаме други обврски. Согледувањето на овој проблем е повеќе од половина решение. Ако немате што да правите можете на пример да создавате навика за одредена физичка активност, како редовното пешање или возење велосипед.

Како да знаете кога сте навистина гладни?

Секако, во најголемиот дел од случаите кога се чувствувате гладни, навистина сте. Доста е тешко да се дадат универзани ,,симптоми” за релевантниот глад, бидејќи тој е различно, субјективно чувство за секој човек. Вртоглавица, збунетост, чувство на празен стомак, кркорење на цревата, тешко концентрирање, лесна надразливост се највообичаените знаци на гладот.

Многу е важно да ги препознаваме и да регираме соодветно, секако откако претходно ќе си ги поставиме сите претходно наведени прашања (особено ако сме во процес на слабеење): Дали сум можеби само жеден, нервозен, под стрес или пак ,,немам друга работа”?

[Поврзано: 10 причини зошто сте постојано ГЛАДНИ?!
Како да препознаете високи нивоа на КОРТИЗОЛ?]

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X