fbpx

Колку е значајно СПИЕЊЕТО кај деца? И колку часа треба да спијат?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Поради најразлични причини, во последно време се зголемува бројот на случаи каде децата си легнуваат доцна во ноќта.

Тоа не е проблем само за децата и нивното здравје, туку е проблем и за родителите, од повеќе аспекти.

Прво, самиот проблем со задоцнетото легнување на децата се прелева и кај родителите. Ако детето легнува доцна и родителите легнуваат доцна и често запаѓаат во хроничен замор заради недоволно спиење со месеци! Децата пак, имаат потреба од подолг сон, па со легнувањето многу доцна се зголемува и веројатноста да спијат помалку од потребното што создадава негативни последици од различен тип за кои зборуваме подолу.

"“Online”/

Второ, лошите навики за спиење многу често го ослабуваат имунитетот и придонесува за зголемено покачување на телесната тежина.

Трето, со самото задоцнете заспивање на децата, родителите го губат таканареченото ВРЕМЕ ЗА СЕБЕ, што може да повчече многу сериозни последици за семејството.

Спиењето е важно како и здравата исхрана и редовната физичка активност!

Правилното спиење му помага на телото во ,,рестартирањето”, односно поправањето на штетата која е причинета во текот на денот, највеќе од слободните радикали, изложеноста на стрес и други надворешни влијанија, но спиењето е исто така период на природната обнова на клетките. Помеѓу компоненти кои се ,,обновуваат” се и невротрансмитерите, хемикалии кои им ја овозможуваат комуникацијата на мозочните клетки. Неодамна експертите утврдија и дека спиењето обезбедува ,,прочистување’’ на мозочните ќелии од токсините кои претставуваат потенцијална опасност за развивање одредени болести.

Најновите податоци кои ги добиваме од науката на оваа тема велат дека и многу мали нарушувања во ,,патернот’’ или навиката за спиење кај децата, може да доведе до доста сериозни проблеми. Студијата од Dalhousie University  вели дека проблемите од нарушениот сон се видливи само по 4 ноќи во кои децата спијат само 1 час помалку од потребното.

Истражувачите велат дека за очекување било да се забележат одредени разлики, но драстичните промени кои ги утврдиле за толку краток временски интервал, дефинитивно биле изненадување.

Педијатрите заклучуваат дека доста често родителите и не забележуваат дека детето не спие доволно, а како најчести причини за тоа се некаков вид на активности и хобија кои ги имаат по училишните обврски, но за најпроблематични се сметаат гледањето на телевизија и употребата на паметните телефони. Нарушениот сон е можен и заради некои посложени причини како што се синдромот на невнимание и хиперактивност (АДХД), аутизам или Аспергеров синдром.

Во продолжение, 5 конкретни причини зошто сонот е толку значаен и зошто е важно да знаете дали вашето дете спие доволно, а потоа и колку долг сон се препорачува за децата и бебињата од релевантните медицински институции.

5 причини зошто вашето дете има нужна потреба од подолг сон

Спиењето поттикнува раст

Хормонот за раст примарно се лачи во текот на длабокиот сон. Италијанските истражувачи проучувајќи ги децата со дефицитарни нивоа на хормонот за раст, утврдиле дека тие имаат ,,длабок сон” доста пократко време од просекот на децата.

Спиењето е добро за здравјето на срцето

Децата со нарушена навика за спиење често имаат мозочна престимулираност за време на спиењето, што може да поттикне состојба на стрес, повеќе пати во ноќта, односно овие децата имаат константно повишени нивоа на кортизол и глукоза во крвта.

Ваквата состојба се поврзува со дијабетес, гојазност и зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања. Така, доволното спиење придонесува за подобро кардиоваскуларно здравје и кај најмладите.

Спиењето влијае на телесната тежина

Сé поголем број на студии го потврдуваат тврдењето дека недоволното спиење ја зголемува телесната тежина кај сите, а особено кај децата и бебињата.

Врската помеѓу спиењето и телесната тежина се должи на следното: кога јадеме до заситување, нашите адипоцити (масни клетки) создаваат лептин, хормон кој сигнализира дека јадењето треба да престане. Нарушувањата во навиките за спиење предизвикуваат и нарушување во лачењето на овој хормон, па децата многу често се прејадуваат. Студиите покажуваат дека децата кои не спијат доволно, имаат поголема веројатност од гојазност.
Дополнително, ризикот за гојазност го зголемува и фактот што како и возрасните, така и  децата кои се уморни и под стрес, полесно посегнуваат по нездрава храна (со додадени шеќери, сол, заситени маснотии..), а исто така имаат тенденција да бидат помалку физички активни, па согоруваат помалку калории.

Сонот го зајакнува имунитетот

Во текот на спиењето, децата (и возрасните) лачат протеини наречени цитокини, соединенија кои се многу важни во борбата на телото со инфекциите, болестите и стресот. Покрај тоа што помагаат во борбата со болестите, тие го поттикнуваат сонот што објаснува зошто кога имаме грип или настинки се чувствуваме толку поспано. Во ваков случај, цитокините нé поттикнуваат да одмараме што ја подобрува способноста на телото полесно да се излекува.

Нарушеното спиење го намалува бројот на овие протеини, па студиите утврдуваат дека при изложеност на патогени, луѓето кои спијат под 7 часа имаат дури 3 пати поголема веројатност да развијат вирусна или бактериска инфекција. Иако сé уште не постојат вакви истражувања кај најмалите, се смета дека ефектот е сличен.

Спиењето ја подобрува концентрацијата и ги зголемува способностите за учење

Студиите утврдуваат дека само 30 минути повеќе сон, на децата во школска возраст им овозможува послесно справување со честите промени во расположението и со импулсивноста, па послесно можат да се фокусираат на учењето. Децата со синдромот на невнимание и хиперактивност (АДХД) се поранливи на негативните ефекти од нарушените навики за сон, па кај нив треба да се посвети и поголемо внимание.

Истражувањата утврдуваат дека спиењето ја подобрува способноста за учење кај децата од било која возраст.

Колку долго треба да спијат децата?

Според Британскиот NHS или британското здравство, децата имаат различни потреби за спиење во зависност од возраста.

◦ Бебињата во првата недела имаа потреба од 8 часа сон во текот на денот и 8 ипол часа во текот на ноќта.

◦ Во четвртата недела, во текот на денот 6-7 часа и 8-9 часа во текот на ноќта.

Кога бебето има 3 месеци, има потреба од 4-5 часа спиење во текот на денот и 10-11 часа во текот на ноќта.

бебињата од 6 до 9 месеци, треба да спијат 2-3 часа во текот на денот и 10-11 во текот на ноќта.

бебињата 1-2 години, 1-2 часа во текот на денот и 11 часа во текот на ноќта

децата 3-4 години, 11-12 часа во текот на ноќта

◦ децата 5-9 годишна возраст, треба да спијат 10-11 часа во текот на ноќта

децата 10-13 годишна возраст9-10 часа во текот на ноќта

тинејџерите до 9 часа во тектот на ноќта

Кратки совети за полесно усвојување на добри навики за спиење

• Основно е да се препознае дали постои некаков проблем со навиката за спиење на вашето дете.

• Не им дозволувајте на децата седење пред уреди кои емитуваат сина светлина барем 1 час пред спиењето.

• Овозможете им удобен простор за спиење, простор со нешто пониска температура.

• Воведете некаква релаксирачка навика пред спиењето, која ќе асоцира на спиење, на пример читајте бајки и обидете се вашето дете секој ден да си легнува во одредено време.

Поголемата физичка активност во текот на денот е добра и за подобриот сон.

• Не им дозволувајте на децата заспивање со цуцла полна со млеко или сокови.

• Никако не дозволувајте кофеински газирани пијалаци со додадени шеќери.

Fibro Gel

Силното осветлување на домот не е паметен избор.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X