fbpx

Кој е чајот што го препорачувам, и зиме и лето?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Можеби изгледа најлесната работа на светот, но способноста на момент да се одвоите од секојдневната реалност и не е така едноставна работа.

Затоа ни се значајни ритуалите кои не релаксираат, а можеби и не сме свесни за тоа.

Помеѓу примерите за позитивни релаксирачки ритуали е и редовното пиење чај.

"“Online”/

Интересно е како нашиот мозок некогаш и сосем несвесно, суптилно ги употребува овие кратки моменти на уживање кои можат да делуваат амортизирачки на насобраниот стрес во текот на работната недела и значително да ни помогнат полесно да поминеме низ секојдневните предизвици.

Значи, ваквите ритуали можат да бидат доста успешен начин за справување со хроничниот стрес, што директно допринесува за подобрен квалитет на живот во целина, бидејќи знаеме дека ваквиот стрес на долг рок, во комбинација со повеќе други елементи може да води и кон намален имунитет, нарушена дигестија, когнитивна функација, нарушен сон, но и некои посериозни заболувања.

Покрај овие позитивни дејства на редовното пиење чај, составот на чаевите најчесто изобилува со компоненти кои делуваат позитивно и на физичкото здравје. Денес ќе зборуваме за позитивните ефекти на хербалниот чај од хибискус врз нашето здравје.

Fibro Gel

Хибискусот потекнува од Северна Америка и југоисточна Азија, но денес се одгледува во повеќето земји со тропска и субтропска клима, а во вкусовите на чајот уживаат луѓето од сите делови на светот.


Богат антиоксидативен извор

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак генерално зависи од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

Чајот од хибискус е богат извор на полифенолни антиоксидативни. Покрај тоа, хибискусот  има навистина уникатен, пикантно-киселкаст и сладок вкус во исто време, а нема калориска вредност.

Анималните истражувања покажуваат дека антиоксидантите на хибискусот можат да ги намалат штетните ефекти од слободните радикали за дури 90%.

Чајот од хибискус може да помогне во намалувањето на крвниот притисок

Еден од најпознатите и најимпресивните бенефити на чајот од хибискус е токму намалувањето на крвниот притисок.

Со текот на времето, високиот крвен притисок може да води и кон посериозни срцеви проблеми, вклучително да го зголеми и ризикот од срцев удар.

Во една студија, волонтерите пиеле чај од хибискус и плацебо пијалак. Оние кои го пиеле чајот, имале значително намалени вредности за ,,горниот” крвен притисок, во однос на контролната плацебо група.

Дополнително, една поопширна студија или мета-анализа од 2015, ни дава податоци според кои може да се заклучи дека пиењето чај од хибискус може да го намали и горниот, но и долниот крвен притисок.

Намален холестерол и триглицериди (маснотии)

Едно истражување од 2011 го споредува ефектот на чајот од хибискус и црниот чај врз нивото на холестерол во крвта. Волонтерите биле поделени во две групи и пиеле од споментатите чаеви 2 пати дневно, во период од 1 месец. По поминувањето на периодот, ниту кај едните, а ниту кај другите не биле забележани намалени нивоа на ,,лошиот” или LDL холестеролот. Сепак и кај двете групи имало зголемување во нивото на ,,добриот или HDL холестеролот. Некои студии покажуваат и намалување на LDL холестеролот.

Постојат и слични, но и студии со спротивни заклучоци, затоа потребни се повеќе истражувања на темата чаеви и холестерол.

Покрај потенцијалната можност за намалување на крвниот притисок и холестеролот во крвта, чајот од хибискус во одредени студии покажал и способност да ги намали и маснотиите во крвта.

Последните три наведени позитивни ефекти на хибискусот го прават особено погоден чај за подобро кардиоваскуларно задравје.

Потенцијално антиканцерогено дејство

Како што споменавме, чајот од хибискус е богат со полифенолни антиоксиданти. Постојат низа студии за овие компоненти кои утврдуваат некаков нивен антиканцероген ефект.

Одредени лабораториските студии велат дека екстрактот од хибискус може да го попречи, но и намали растот на малигните клетки во усната празнина, желудникот и простатата.

Сепак, потребни се повеќе клинички студии на оваа тематика.

Антибактериско дејство

Дополнително на антиоксидативниот и антиканцероген ефект, одредени лабораториски студии утврдуваат и антибактериски ефект на хибискусот.

Една таква студија ни дава податоци дека екстрактот од хибискус ја спречува активноста на патогената Е.coli, бактерија која може да доведе до гасови, грчеви и дијареа. Друга студија пак, покажува дека екстрактот може да спречи и раст на уште 8 видови патогени, на исто ниво како одредени антибиотски терапии.

 

Жешкиот чај е добро да се пие и во лето!

 

Зборовите чај и лето некако не одат во една иста реченица, но едно истражување од Скандинавија значително ја менува перспективата. Верувале или не, жешкиот чај во текот на летните горештини може да ни помогне да се оладиме.

Ваквото тврдење во повеќе земји и не е толку изненадувачко. Имено, во Мароко, земја во северна Африка, летните температури многу често го надминуваат 45-тиот степен, но сепак луѓето не ја исклучуваат навиката за пиење топол чај и за јадење топли чорби. Ова не е случај само во Мароко туку и во повеќе земји со тропска, па и екватроска клима.

Заклучокот бил дека волонтерите од истражувањето изгубиле повеќе топлина, односно повеќе се ,,оладиле” по пиењето на флуиди со повисоки температури.

Истражувачите сметаат дека како причина за ова може да се смета дополнителното стимулирање кое го прави топлиот пијалак на термо-сензорниот систем на организмот. Тоа понатаму предизвикува поинтензивно потење, а преку него и губење на топлината, односно  ладење.

 

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X