fbpx

Краставици – зеленчук со многу корисни својства: од маска за лице, па до помош при импотенција!

tonus

Краставиците се помеѓу најодгледуваните едногодишни култури, заедно со доматите и пиперките, во светски рамки. Одгледувањето на овие култури во Македонија е традиционално, а добиените крајни продукти се со особено висок квалитет.

Штета би било, особено периодов кога пазарите се преполни со свежи, пролетни овошки и зеленчук, да не ги искористиме придобивките кои ни ги нудат, но и уникатните вкусови.

Краставицата кај нас најчесто се користи при подготвување на најразлични салати, во сендвичи, смути пијалаци, но и како ферментирана храна.

"“Online”/

Таа има низа на научно потврдени здравствени бенефити, па дури може да превенира од некои заболувања. Да ги видиме најзначаните:

1) Добар нутритивен, односно хранлив состав

Краставицата е една од намирниците со најмала калориска вредност. И покрај тоа, таа содржи низа на микронутриенти, што ја прави навистина густо-нутритивна. Од 150g краставици, покрај само 22kcal, добиваме и:

• 0,2g маснотии
• 5,5g јаглехидрати
• 1g протеини
• 1g растителни влакна
• 7% од Дневно Препорачаниот Внес за витамин Ц
• 31% од ДПВ за витамин К
• 5% од ДПВ за магнезиум
• 7% од ДПВ за калиум
• 6% од ДПВ за манган

Дополнително, краставиците содржат и други микронутриенти во помал процент (витамин Ц, железо, бета каротен, витамин Б9, натриум итн) , но и над 96% вода.

За да се максимализира нивната хранливост, најдобро е да се јадат нелупени, бидејќи лупењето ја намалува содржината на растителни влакна, но и на одредени витамини и минерали кои се присутни токму во неа. Важно е краставицата да биде соодветно измиена, доколку се употребува со лушпата.

2) Краставиците содржат антиоксиданти

Телото природно продуцира слободни радикали како метаболитички ,,отпад” . Ваквиот отпад е силно реактивен, па може да предизвика оксидативен стрес, односно да ги оштети различните клетки на организмот. Во спречувањето на овие процеси клучна улога играат антиоксидантите.

Спречувањето на оксидативниот стрес го спречува развојот на хроничните воспалителни процеси во организмот, кои се еден од главните ризик фактори за повеќето хронични заболувања како: рак, кардиоваскуларни заболувања, Алцхајмер итн. Оксидативниот стрес од слободните радикали. исто така може да предизвика и катаракта, макуларна деградација, Паркинсонова болест и многу други заболувања.

Овошките и зеленчукот, вклучително тука и краставиците, се особено богати со антиоксидативни компоненти, кои го поседуваат опишаното дејство. Повеќе студии укажуваат на моќно антиоксидативно дејство на екстрактот или сувата материја од краставиците.

Треба да се каже дека е малку веројатно, со умереното консумирање на краставицата, да се внесат количини кои биле потврдени за корисни кај научните студии.
Сепак, во комбинација со други зелечуци, краставицата може да биде корисна и од овој аспект.

3) Одлична храна за слабеење и храна која промовира хидратација

Логично би било да се заклучи дека високиот процент на вода (над 96%), ги прави краставиците сосема погодни за хидратација. Ова е важно за физички активните лица, но и за сите останати, посебно кога имаме многу високи температури.

Добрата хидратација е многу битна, скоро за сите физиолошки процеси во организмот. Важно да се спомене е дека некои студии покажуваат податоци според кои значителен дел од населението, добива дури 40% од дневните потреби за вода, токму од храната.

Покрај хидрирањето на организмот, високиот процент на вода (што фактички би значело и мал процент на калории), но и растителните влакна, играат значајна улога и во промовирањето на слабеењето. Во 100g краставици има само 15kcal. Ова би значело дека краставиците може да се консумираат како салата, заедно со оброкот, во речиси неограничени количества, без тоа значително да влијае на бројот на калории, а притоа да промовира и чувство на ситост.


4) Краставиците можат да помогнат во намалувањето на шеќерот во крвта

Тие содржат супстанции кои можат да го намалат нивото на шеќер во крвта.

Една теорија за ова дејство, која произлегува од студиите, е дека кукурбитацините ги помагаат регулацијата на лачењето на инсулинот и метаболизмот на гликогенот.

Краставиците имаат навистина низок гликемиски индекс. Ова значи дека тие ги обезбедуваат нивните микронутриенти, без притоа да го зголемат нивото на глукоза во крвта.

Растителните влакна, исто така можат да го помогнат процесот на намалувањето на шеќерот во крвта, преку овозможувањето на постепена апсорпција на глукозата.

5) Краставиците можат да влијаат на кардиоваскуларното здравје

Според Американската агенција за здравје на срцето, растителните влакна можат да помогнат во намалувањето на холестеролот во крвта и да превенираат од кардиоваскуларни заболувања.

Калиумот, кој исто така е присутен во краставиците, е многу значаен за здравјето на срцето. Студиите покажуваат дека зголемувањето на внесот на калиумот и намалувањето на натриумот, можат да придонесат за превенцијата од хипертензија или висок крвен притисок.

Дополнително, кукурбитацините, во некои студии покажале заштитно дејство во однос на артеросклерозата.

Краставиците содржат и цитрулин, супстанција која ја подобрува периферната циркулација, а е најдено дека помага при импотенција (еректилна дисфункција).

6) Краставиците можат да придонесат за здрави коски

Ваквото својство се должи на високата содржина на витаминот К во краставиците.
Со само 150g краставици, можеме да задоволиме над 30% од дневните потреби за К витаминот. Покрај витаминот D и калциумот, овој витамин има најзначајна улога во зачувавањето на здравјето на коските.

Краставиците содржат и помало количество на калциум. Витаминот К ја подобрува апсорпцијата на калциумот.

Исто така, уште една значајна функција на витаминот К  е да служи како кофактор за ензимите кои се одговорни за згрутчувањето на крвта. Без овој витамин процесот на згрутчување би бил нарушен.

7) Можеби најпознатото корисно дејство на краставиците: здравјето на кожата!

Некои студии укажуваат дека хранливите компоненти на краставиците можат да имаат корисно дејство за здравјето на кожата.

Ставањето на сечкани краставици, директно на кожата, може да ја олади и хидрира, но и да го намали воспалението и чешањето. Исто така, краставиците на кожата се корисни и при изгореници од сонцето.

Тонер: Изблендирајте или исцедете ја краставицата. Добиениот сок, оставете го на кожата околу половина час, а потоа исплакнете. Краставицата може да делуваат стимулирачки на циркулацијата на крвта во кожните ткива и исто така да ги исчисти нејзините пори.

Маска за лице: Измешајте еднакво количество на сок од краставица и јогурт. Добиената смеса можете да ја користите како маска за лице, која ќе ја помогне хидратацијата на кожата и ослободувањето од ,,црнките” кои знаат да бидат чест проблем.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор