fbpx

Лицето несвесно го допираме 16 пати на час, како да се одвикнеме?

tonus

Сите си го допираме лицето безброј пати во текот на денот. Дали е тоа заради чешање на носот, заморени очи, зевање, кивање, кашлање или нешто друго, допирањето на лицето е на некој начин е рефлексно, односно го правиме без размислување, во еден миг.

Зошто треба да се обидеме да го контролираме овој рефлекс?

Рефлексното допирање на лицето може значително да го зголеми ризикот од инфекција со различни видови на вируси и бактерии, а особено со корона вирусот со кој моментално имаме пандемија.

Очите, носот и устата се простори каде што вирусот може најлесно да влезе во телото. Се’ што треба да направите е да ги допрете со претходно контаминирани раце.

"“Online”/

Постојат два начина на трансмисија на корона вирусот

Според повеќе релевантни институции, вклучително и СЗО, новиот корона вирус се пренесува од човек на човек, како и другите респираторни инфекции.

Оваа трансмисија или пренесување се случува преку секретни капки и тоа на два начина. Директен и индиректен.

Првиот начин е со директно кашлање, кивање или пак емитирање на капките од заразено лице, во затворен, непроветрен простор. Индиректниот начин пак, подразбира емитирање на овие капки од заразеното лице и потоа нивно паѓање на различни површини, кои потоа можат да бидат допрени од други лица. Овие лица, потоа можат да си го допрат лицето и на тој начин да се заразат.

Ова значи дека од директниот начин на пренесување можеме на повеќе начини да се заштитиме, на пример преку избегнување контакти со очигледно заразани лица, држење дистанца од сите луѓе, носење маски, избегнување на затворени простоии итн.

Но, од друга страна заштитата од индиректниот начин изгледа невозможна, бидејќи не можеме да знаеме кои површини се загадени, а не можеме да не допираме ништо.

Постојано, рефлексно го допираме нашето лице!



Една научна студија од 2008 година, за испитаници имала 10 лица со канцелариска работа. Набљудувани биле во рок од 3 часа. Истражувачите утврдиле дека во просек, испитаниците си го допирале лицето дури 16 пати, само во текот на еден час!

Друга студија пак, од 2015, испитувала 26 студенти по медицина во Австралија. Истражувачите утврдиле дека тие во 1 час, студентите во просек си го допирале лицето дури 23 пати. Дополнително на тоа, утврдено било дека дури половината од овие допири вклучувале допирање на носот, устата или очите, односно најлесните ,,влезови” , општо за вирусите и бактериите во телото.

Дури и медицинските работници, кои би требало да имаат поголема свесност за опасностите, студиите утврдуваат дека си го допираат лицето во  просек 19 пати во 2 часа. Исто така, постојат и податоци според кои медицинските лица имаат недостаток од постојана, правилна хигиена на рацете.

Миењето на рацете е клучно!



Имајќи предвид дека многу тешко можеме да се контролираме што допираме, а исто така многу тежок за контрола е и нашиот рефлекс за допирање на лицето, како најдобра превентива се јавува правилното миење на рацете.

За правилно миење на рацете се потребни сапун, вода и 20 секунди. Според СЗО и некои други релевантни институции, правилното миење на рацете се состои од 5 едноставни чекори:

• навлажнување на рацете со вода
• убаво и темелно нанесување на сапун
• соодветно триење на сите површини и рабови
• плакнење
• сушење, пред да се допира нешто друго

Сепак, треба да се има предвид дека и покрај правилното миење на рацете, ризикот од допирање на контаминирана површина, односно повторно контаминирање на рацете помеѓу две миење е особено присутен. Значи, треба да вложиме дополнителни намери и да ја избегнеме навиката за допирање на лицето.

Некои експерти советуваат интересни пристапи како носење на нов прстен или било каков накит, за да ни служи како потсетник дека не треба да го допираме лицето, при ,,рефлексите” за допирање.


Допирањето на лицето е навика која може да се избегне


Клиничките психолози ни даваат неколку практични совети за справување со оваа штетна навика:

• првиот чекор е да бидете свесни за опасноста и постојано да имате на ум дека не треба да го допирате лицето, самото ова може исто така да стане навика

• поставувањето на ливчиња со потсетување дека не треба да го допираме лицето, исто така може да биде од помош

,,занимавајте” ги рацете, односно дадете им некаква работа, особено додека сте дома

• употребувајте дезинфекциски средства за рацете кои имаат мирис, тоа би можело да ве потсети дека не треба да го допирате лицето

• на крајот, доколку сте свесни дека многу често го допирате лицето и тешко ви оди одвикнувањето, носењето ракавици може да биде од значителна помош, особено доколку често го напуштате домот

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор