fbpx

Ловоров лист – магична билка од Медитeранот

tonus

Ловоровиот лист (Laurus nobilis) или ловор, се ливчиња од ловоровото зимзелено дрво кое потекнува од медитеранските земји.

Доказ дека ловорот се одгледувал и бил особено почитувано растение уште од далечното античко минато се познатите ловорови венци, изработувани токму од ловоровите листови. Ваквите венци служеле како симбол на слава и победа, па биле користени за ,,крунисување” на победниците во различните актуелни спортови во стара Грција и Рим.

Од далечни времиња ловоровите листови се користеле и во традиционалната медицина и како зачин, а денес ловоровиот лист е еден од најкористените зачини во медитеранската кујна. Во продолжение, што вели денешната наука во врска со бенефитите од ловоровиот лист и на што се должат тие?

"“Online”/

Ловоровиот лист најчесто се користи како зачин, но има и одредени други примени

Ловоровите ливчиња најчесто се употребуваат суви и цели, односно како зачин кој на јадењата им дава специфична арома. Се користат при подготвувањето на најразлични рецепти, како чорби, супи, риба, различни тавчиња итн. Исто така, позната е употребата на крупните биберови зрна и ловоровите ливчиња кај ферментираната храна (зимници).

Ловоровите ливчиња, како што рековме имаат доста специфична арома, но имаат горчлив вкус, па се вадат по подоготовката на јадењата.

Исто така, во нивната сува форма, тие се употребуваат за подготовка на чај, додека свежите листови се употребуваат и за добивање на есенцијално масло. Ова есенцијално масло потоа се користи во козметичката индустрија, за сапуни, парфеми итн.


Нутритивен состав

Два грами од овој зачин содржат:

• околу 6 калории
• 1,5g јаглехидрати
• 0,1g протеини
• 0,1g масти
• 0,5g растителни влакна
• 20mg калиум
• 14mg калциум
• 0,8mg железо

Дополнително, ловоровиот лист содржи и одредени количества од витаминот А, од некои минерали, како натриум, манган, магнезиум итн.

Антибактериски и антиоксидативни својства


Ловоровиот лист, особено неговото есенцијално масло, поседува антибактериски и антиоксидативни својства.

Една студија, која се фокусирала на антибактериски и антиоксидативни својства на одредени есенцијални масла, помеѓу кои и она од ловорот, заклучува дека токму есенцијалното масло од ловорот има најсилно дејство. Антибактериското дејство било утврдено во однос на патогените бактерии E. coli и Salmonella.

Може да помогне во превенцијата од кандида и во побрзо лекување на раните

Одредени студии покажуваат и антифунгални својства на есенцијалното масло од ловорот, во однос на квасците Candida. Во студијата се вели дека маслото делува на способноста на квасците да навлезат и да ги разбијат клеточните мембрани.

Дополнително, есенцијалното масло од ловоровите листови во анималните студии се покажало и како особено корисно во поефикасното лекување на отворените рани.

Потенцијални антиканцерогени својства


Некои истражувања покажуваат дека екстрактите од ловорот (листот, но и овошките) имаат потенцијални антиканцерогени својства во однос на ракот на дојка.

Една лабораториска студија во екстрактот од ловорот забележува потенцијален природен агенс во борбата против ракот на дојка. Имено, лабораториските истражувања на студијата покажуваат изумирање на малигните клетки во кои бил вбрзиган екстрактот.

Дополнително, едно истражување објавено во Nutrition and Cancer укажува дека споменатиот екстракт може да помогне и во борбата против ракот на дебело црево. Спроведените лабораториските студии на малигните колоректални клетки покажувале сличен, уништувачки ефект на ловоровиот екстракт, како и кај малигните клетки на дојката.

Корисно дејство при дијабет

Можно е ловоровите листови да имаат намалувачки ефект во однос на шеќерот во крвта. Истражувањата укажуваат дека употребата на мелениот ловоров лист, два пати дневно, делува на намалување на глукозните нивоа во крвта, но и на нивоата на  ,,лошиот” LDL холестерол. Дополнитено, ,,добриот” HDL холестерол бил повишен.

Едно друго истражување објавено во Journal of Clinical Biochemistry and Nutrition, утврдува позитивно дејство на ловоровиот лист врз инсулинската функција. Студијата била спроведена со цел да определи дали ловоровиот лист може да придонесе во превенцијата и справувањето со дијабетот тип 2. На 40 волонтери им биле давани различни количества од ловорови листови во форма на капсули, секојдневно во период од еден месец. Секое количество се покажало намалувачко дејство во однос на серумската глукоза и на вкупниот холестерол. Промени во контролната група немало.

Заклучокот кој може да се извлече од ова истражување е дека честата употреба на ловоровите листови, во склоп на она што се подразбира под здрава исхрана, може да придонесе за намалување на ризикот од развој на дијабет, но и на одредени кардоиваскуларни заболувања.

Подобра дигестија

Ловоровите ливчиња содржат одредени органски компоненти кои можат да помогнат при синдромот на нервозни црева, намалувајќи ги надуеноста и гасовите.

Тие имаат позитивен импакт на гастроинтестиналниот систем и преку поттикнувањето на почестото уринирање, што помага за полесно отстранување на токсините од телото.

Постојат податоци дека овие ливчиа можат да помогнат и при целијакија и за подобра апсорпција на хранливите материи во дигестивниот тракт.

Потенцијални други корисни дејства (за кои се потребни повеќе докази):

Дејство против првутот, кога се нанесува на кожата
Стимулирачко дејство на жолчката
Помош при епилепсија
Намалени болки во зглобовите и мускулите (ревматоиден артритис)
Помош при камчиња во бубрезите
Корисен ефект за здравјето на мозокот

 

Чај од ловоров лист

3-4 ситно исечкани ловорови листови се ставаат во 2,5dl. вода и се варат 10 минути. Се тргаат од оган и се оставаат уште 10 минути во поклопен сад.

Потоа чајот се цеди, му се додава една лажица цеден сок од лимон и две лажици мед. Чајот се меша и се пие 2 до 3 пати во текот на денот.

Традицијата вели дека овој чај може да помогне во олеснување на симптомите на бронхитис.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор