fbpx

Лосос – за што е корисна оваа риба?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Лососот и туната се двете морски риби кои се можеби најконсумираните во светски рамки, но и кај нас во Македонија. Во една од претходните статии се осврнавме подетално на нутритивниот состав и здравствените бенефити од јадењето туна, а денес нешто повеќе околу вкусниот лосос.

Терминот лосос се користи за повеќето риби кои потекнуваат од поширокото семејство, наречено Salmonidae (повеќе од 76 пастромковидни риби). Ова семејство потекнува од Тихиот Океан, односно главно лососите живеат во делот на Северна Америка. Денес се одгледуваат и ловат и на разни други места ширум светот.

За една храна да ја наречеме комплетна и здрава, мора да ги исполнува основните два критериуми – да биде нутритивна или хранлива и да има добри вкусови карактеристики.
Лососот несомнено и повеќе од доволно ги исполнува овие услови. Можеби е поскапа риба, но тој е особено хранлив и калоричен – многу лесно заситува, па и не треба толку често да се консумира. Еднаш до два пати неделно е оптимално.

"“Online”/

Нутриционистите го сметаат лососот за една од најнутритивните риби, пред сè поради неговиот исклучителен микронутритивен состав (широк спектар на витамини и минерали), омега 3 масните киселини, но и квалитетните протеини.

Имајќи го сето ова предвид, воопшто не треба да нè изненадат бројните корисни ефекти од лососот кои ќе ги наведеме во продолжение.

Хранлив профил на лососот

Иако постојат мали разлики во хранливоста помеѓу разните типови лосос и во зависност од различните начини на нивна преработка (приготвување), сепак секој вид е особено нутритивен. Во околу 85g зготвен лосос (не пржен) се содржат околу 150 калории, најголемиот дел од протеини (~22g), но и од масти (~7g). Лососот нема јаглехидратна содржина.

Во однос на микронутритивниот состав, лососот изобилува со елементи кои често се во недостаток при модерниот начин на исхрана. Пред сè, се мисли на селен (57% од дневните потреби), потоа витамин Б6 (40% од ДП), витамин Б12 (речиси 50% од ДП во помалку од 100g риба), витамин Б3 (45% од ДП), витамин Д (над 100% од ДП со едно сервирање), но и омега 3 масни киселини (над 100% од ДП).

Покрај ова, лососот содржи и солидни количества од останатите витамини од Б групата, потоа фосфор, калиум, бакар, магнезиум, железо, цинк, но и помали количества од витаминот А и од калциумот.

Одлична храна за видот

Исхраната богата со риба, како што е лососот, може да помогне во превенирањето и при состојбата на суви очи и симптомите на макуларната дегенерација – причина број 1 за трајно слепило во западниот свет.

Ваквиот ефект се препишува на антиинфламаторните омега 3 масни киселини кои се застапени во големи количества во лососот. Овој состав го прави лососот одлична храна и за намалување на ризикот од глауком, висок очен притисок, а обезбедува и правилен развој на очите кај најмладите.

[Многу повеќе околу тоа што се омега 3 масните киселини и кои се нивните корисни ефекти, прочитајте тука.]


Исклучителен извор на протеини

Лососот е богата храна со квалитетни протеини. Што значи тоа? Протеини кои во својот состав ги имаат речиси сите 9 есенцијални аминокиселини во одлични количества.

Како и омега 3 масните киселини, така и есенцијалните аминокиселини, телото нема механизам самото да ги создава, па треба секојдневно да ги внесувме преку здравата исхрана.

Протеините играат значајна улога во организмот од повеќе аспекти, вкучително главна стуктурна улога, побрзо залечување на разните, различните повреди, штитење на коските, одржување на мускулната маса во текот на слабеењето и процесот на стареење и многу други значајни улоги, како на пример ензимските (неопходни катализатори на сите метаболитички процеси во организмот).

Како што претходно наведовме, во помалку од 100g, лососот содржи над 22g квалитетни протеини.

Одличен извор на реткиот витамин Д

Телото има механизам самото да го создава овој витамин, но сепак во поголемиот дел од годината, тој не се продуцира (заради ограниченоста на сончевите зраци), па неговиот дефицит е доста честа појава.

Во поледно време на витаминот Д му се препишуваат сè поголем број значајни функции, покрај онаа клучната во метаболизмот на коските. Неговиот недостаток се поврзува со најразлични нарушувања, од различни кардиоваскуларни заболувања, артритис, малигни заболувања итн. Затоа е важно во летниот период повеќе да сме изложени на сонце и почесто да јадеме храна како што е лососот.

Само еден оброк кој вклучува лосос обезбедува нешто повеќе од дневните потреби за овој витамин.

[Подетално околу витамин Д, прочитајте тука.]


Извор на селен

Селенот е еден од т.н. минерали во траги, односно се наоѓа во сосема мали количества во храната. Тој е уште еден микронутриент кој често недостасува кај луѓето, а има  исклучителна важност за нашето здравје.

Истражувањата го поврзуваат селенот со здравјто на коските, намалување на тироидните антитела кои се продуцираат кај луѓето со автоимуни тироидни заболувања, намален ризик од малигни заболувања итн.

Многу повеќе околу проблемите со тироидната жлезда и кога е потребно нејзино тестирање, прочитајте тука. Исто така, ако ве интересира исхраната при нарушена тироидна функција, кликнете тука.

Само еден оброк со лосос, може комплетно да ги задоволни дневните потребите и од овој микронутриент. Едно истражување покажува дека луѓето кои јаделе 2 оброка со лосос неделно, имале многу подобри нивоа на селен во крвта отколку оние кои суплементирале селен.

[Подетално околу овој минерал, прочитајте тука.]


Лососот е одлична храна и за срцето


Ова корисно својство на лососот се должи на неговиот минерален состав и омега 3 масните киселини. Омега 3 масните киселини можат да помогнат во намалувањето на целокупната инфламација во организмот и да го намалат ризикот од развој на артеросклероза, хипертензија, па и срцев удар.

Низа на студии ги поврзуваат овие специфични масни киселини со кардиоваскуларното здравје, па затоа кардиолозите препорачуваат јадење риба најмалку 1-2 пати неделно.

Дополнително, солидните минерални количества (калиум, магнезиум, па и железо), како и антиоксидативниот состав (селен и астаксантин), се од особено значење за здравјето на срцето.

Истражувањата утврдуваат дека оптималниот внес на калиум, води кон намален ризик од срцев и мозочен удар (го намалува високиот крвен притисок) и спречување на намалувањето на мускулната и коскена маса. Лососот содржи и одредено количество магнезиум, кој исто така е корисен за здравјето на срцето (неговите контракции). Нешто повеќе за овој минера, прочитајте тука.

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања, како дијабет, кардиоваскуларни, малигни заболувања итн.

Покрај минералниот антиоксидант – селен, лососот е богат и со еден каротеноиден антиоксидант, наречен астаксантин. Истражувањата го поврзуваат астаксантинот со намалување на оксидацијата на LDL ,,лошиот” холестерол и зголемување на нивото на HDL, односно ,,добриот” холестерол. Така, овој антиоксидант кој му го дава црвеното обојување на месото од лосос, го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.


Дополнителни потенцијални корисни дејства на лососот:


Подобро здравје на коските – поради омега 3 масните киселини, минералниот состав, но и витаминот Д

Подобро здравје на мозокот – Б-комплекс витамините – клучни и за продукцијата и ,,поправањето” на ДНК молекулите, еритроците, а влијаат и на намалувањето на инфламацијата итн. Дополнително, низа студии го поврзуваат рибиното масло (богато со омега 3 масни киселини) со намалување на анксиозноста, губењето меморија и ризикот од разни облици на деменција.

Добра храна при процесот на слабеење – протеинска, заситувачка храна, богата со омега 3 масни киселини (истражувањата ги поврзуваат и со поуспешно слабеење).

Одлична храна за тироидната жлезда – поради селенот. Доста чести се проблемите со оваа жлезда, особено кај жените.

Подобро здравје на кожата – поради потентниот антиоксидант астаксантин, но и омега 3 масните киселини.

Потенцијално антиканцерогено дејство – огромен број студии ги поврзуваат омега 3 масните киселини не само со превенцијата од малигни заболувања, туку и со намалување на растот и развојот на туморните клетки.

Fibro Gel

 

Можни опасности од прекумерната консумација

Лососот кој може да се најде по маркетите генерално е одгледуван, а не ловен. Така, поради лошата исхрана која често ја имаат одгледуваните лососи, можно е месото да има полош квалитет – нарушен квалитет на омега 3 масни киселини, но и потенцијална токсична содржина – жива, диоксини, пестициди, антибиотици, полихлорирани бифенили итн.
Затоа, добро е да не се претерува со лососот или да се јаде не повеќе од 5-10 пати месечно.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X