fbpx

Магданосот содржи АПИГЕНИН – моќна антиканцерогена супстанција!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Магдaносот е билка која традиционално се одгледува во јужна Европа, односно медитеранските земји, но и кај нас.

Тој е редовно пристуен на македонската трпеза, а има има и одлични својства во однос на нашето здравје. Се користи или како свежа билка или како зачин, односно во сушена верзија.

Постојат неколку видови на магданос кои се одгледуваат во Европа, а италијанскиот е најпознат и со најинтензивен вкус. Вкусот на типичниот магдaнос е особено богат и е некаква комбинација од пикантен и сладок вкус.

"“Online”/

Магдaносот е неизбежен во најразличните рецепти на медитеранската кујна (салати, чорби, чаеви итн), но истото може да се каже и за македонската. Сепак овие две кујни и не се така далечни, напротив.

Во продолжение, зошто навиката на готвење со магданос треба да ја задржиме и кои се научно потврдените корисни дејства на ова растение.

Богат нутритивен извор

Магданосот може да ви понуди многу повеќе хранливи материи од што очекувате. Во само 30g свежо исечкан магданос се содржат:

Fibro Gel

• само 11kcal
• 2g јаглехидрати
• 1g протеини
• под 1g масти
• 1g растителни влакна
• 108% од дневните потреби за витамин А
• 53% од ДП за витамин Ц

• 547% од ДП за витамин К
• 11% од ДП за витамин Б9
• 4% од ДП за калиум

Богат извор на антиоксиданти

Магданосот е богат со повеќе моќни антиоксидативни компоненти кои можат да бидат од голема корист за организмот.

Антиоксидантите се компоненти кои превенираат оштетувања на клетките од молекулите наречени слободни радикали. Според студиите, за одржување на здравјето, телото има потреба од баланс помеѓу количините на слободните радикали и внесените антиоксиданти.

Главните видови на антиоксидативни соединенција кај магодносот се:

◦ флавоноиди (мирицетин и апигенин)
◦ каротеноиди
◦ витамин Ц

Студиите покажуваат дека флавоноидните соединенија можат да го намалат ризикот од тешки заболувања, вклучително канцер на дебело црево, дијабет тип 2 и низа на кардиоваскуларни заболувања.

Понатаму, каротеноидите, односно поконкретно, присутните бета каротен и лутеин во магданосот, се поврзуваат со намален ризик од рак на белите дробови.

Витаминот Ц, освен силната антиоксидантивна улога има и значајна имуностимулирачка и улога во метаболизмот на колагенот. Колагенот е најраспространетиот протеин во организмот, со многу функции, а помеѓу најзначајните: здравјето на коските, мускулите и кожата.

Интересно, но сувиот магданос најчесто е побогат со антиоксиданти отколку свежиот и тоа повеќе од 15 пати!

Магданосот е одличен за коските!

Покрај тоа она што претходно го споменавме за витаминот Ц и метаболизмот на колагенот, постојат и други механизми според кои магданосот допринесува за здравјето на коските.

Ова својство главно се должи на навистина високиот процент на витамин К кој се наоѓа во магданосот. Имено, само неколку грами магданос ни ги обезбедуваат дневните потреби од овој многу важен витамин за коските.

Витаминот К, заедно со калциумот и витаминот Д, имаат најзначајна улога во метаболизмот на коските. Овој витамин според истражувањата активира одредени протеини кои влијаат на зголемување на густината на коските – мерка за количината на минерали кои се присутни во коските. Дополнително, тој е значаен и за правилното згрутчување на крвта.

Густината на коските е доста значајна заради тоа што значително го намалува ризикот од фрактури/скршеници (според некои истражувања и до 25%) што е особено битно за поворзасните помеѓу нас.

Магданосот е богат извор на компоненти кои ги заштитуваат очите!

Лутеинот, бета каротенот и зеаксантинот се трите каротеноиди на магдоносот кои делуваат заштитувачки и го одржуваат здравјето на очите.

Студиите докажуваат дека лутеинот и зеаксантинот можат да превенираат од макуларна деградација, неизлечива очна болест која е водечката причина за губење на видот во светски рамки, а е типична за повозрасните луѓе.

Бета каротенот може да се конвертира во витамин А во организмот на човекот. Токму високата содржина на бета каротен ги објаснува оние 108% во однос на дневните потреби од витамин А. Значи, со само неколку грама магдонос, задоволуваме значителен процент од потребите за витамин А, кој е клучен за здравјето на очите.

Магданосот и кардиоваскуларното здравје

Редовното консумирање на оваа билка може да биде од корист и за здравјето на срцето. Ваквото својство се должи пред сé на антиоксидативниот состав на магданосот, но и на неговата содржина на витамин Б9.

Според некои истражувања на голем број испитаници, најдена е релација помеѓу зголемениот внес на овој витамин од храната и намалениот ризик од кардиоваскуларни заболувања, за дури 40%. Дополнително, други студии велат дека недостатокот од витамин Б9 може да води кон зголемен ризик од срцеви заболувања и до над 50%.

Се смета дека механизмот според кој витаминот Б9 делува заштитувачки на срцето е тоа што го намалува нивото на амино киселината хомоцистеин, чие зголемено ниво се поврзува со оштетување на структурата на крвните садови и следствено, зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања.

Сепак, на оваа тема се потребни уште доста истражувања.


Магданосот содржи компоненти со антиканцерогено дејство

Богатиот антиоксидативен состав го прави магдоносот добар во борбата со хроничната инфламација. Хроничните воспалителни процеси кои се развиваат како резултат на оксидативниот стрес предизвикан од слободните радикали се еден главните ризик фактори за развој на хроничните заболувања, вклучително и канцерот.

Познато е дека антиоксидантите се главните ,,борци” против оксидативниот стрес предизвикан од слободните радикали.

Една студија вели дека храната богата со витамин Ц може да го намали ризикот од развивање на канцер и до 20%

Дополнително, магдоносот содржи и флавоноиди – мирицетин и апигенин, кои според анималните истражувања покажале одредено антиканцерогено дејство.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X