fbpx

Македонски домати – 2 рецептa со домати

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Се наближуваме кон летото, а тоа значи дека нашите пазари изобилуваат со свежи и здрави зеленчуци и овошки. Помеѓу нив, можеби и најзастапен и најпопуларен во нашата исхрана е доматот. Доматите се идеални за топлитe денови, бидејќи се богати со вода, содржат многу малку калори, а се богати и со витамини и минерали.

 

Одличен за во салати, но и во готвени јадења

 

Покрај останатите витамини, доматите особено го содржат витаминот Ц. Се смета дека со консумирање на еден просечно голем домат внесуваме околу 28% од дневните потреби за овој витамин. Тие се исто така богати со растителни влакна, го содржат минералот калиум, а се добар извор и на разни антиоксидантивни компоненти. Меѓу нив може да ги издвоиме ликопенот и бета каротенот.

"“Online”/

Ликопенот е црвениот пигмент со силни антиоксидативни својства. Тој е најприсутен во лушпата од доматот и интересно е што неговите својства и количества се подобруваат по одредена термичка обработка на доматите. За разлика од ликопенот, познато е дека витаминот Ц се уништува на повисока температура. Повеќе околу доматите и здравствените придобивки кои ги пружаат прочитајте тука.

 

Вкусни рецепти од домат за ручек или вечера

 

Денес ќе ви предложиме подготовка на 2 рецепти во кои се користи доматот како главна состојка. Едниот рецепт е супа од домати и црвени пиперки, а другиот  рижото со домати.

 

Супа од домати и печени црвени пиперки

 

Овој рецепт претставува одлична идеја за вечера. Ќе ви бидат потребни околу 30-тина минути за подготовка, а се добиваат околу 2 порции.

Fibro Gel

 

Потребни состојки:

 

  • 400g домати, исецкани на половина
  • 1 главица кромид, крупно исецкана
  • 2-3 црвени свежи црвени пиперки
  • 2 лажички ладно цедено маслиново масло
  • 2-3 чешниња лук, исецкани
  • Малку суво оригано и босилок
  • 1 супена лажица балсамико оцет
  • Околу 50g урда или моцарела сирење

 

Начин на подготовка:

 

  1. Во тавче за печење ставете ги доматите, кромидот, лукот и свежите пиперки, пропрскајте со маслиново масло и зачинете ги. Во загреана рерна на 200 степени печете околу 25-30 минути, додека сите зеленчуци не омекнат и благо карамелизираат. Испечените намирници ставете ги во блендер, додадете го и балсамико оцетот и неколку капки маслиново масло. Блендирајте и постепено додавајте онолку вода колку што ви е потребно за да ја добиете посакуваната густина.
  2. Доколку не ја консумирате веднаш, загрејте ја супата и при послужувањето додадете го моцарела сирењето или урдата на врвот. По желба, сервирајте ја со парче интегрален леб.

 

Нутритивна вредност:

(на една порција)

 

Калории: 220 Јаглехидрати: 21g од кои растителни влакна: 7,5g  Протеини: 9g; Масти: 10g од кои заситени масти: 3,5g; Витамин K: 27µg; Витамин Б3: 3mg; Витамин Б12: 0µg; Витамин Ц: 260mg; Витамин A: 7750IU; Витамин Д: 0IU; Фосфор: 120mg; Селен: 1µg; Железо: 1,5mg; Цинк: 1mg

 

Кремасто рижото со домати

 

Овој рецепт е одлична опција за ручек, брзо се подготвува – 35 минути и се добиваат околу 4 порции

 

Потребни состојки:

 

  • 600g свежи домати
  • 1l растителен бујон
  • 2 лажички маслиново масло
  • 1 кромид, ситно исецкан
  • 2-3 чешниња лук, ситно исецкани
  • 1 гранче рузмарин или босилок
  • 250g ориз
  • 20g пармезан

 

Начин на подготовка:

 

  1. Ставете половина од доматите и половина од бујонот во блендер и измиксирајте. Ваквата смеса ставете ја во тенџере и додадете го кон неа преостанатото количество бујон. На тивок оган оставете ја течноста да зоврие.
  2. Во меѓувреме, на тавче пропрскајте малку маслиново масло и пропржете го кромидот, околу 6-8 минути. Кога кромидот ќе омекне, додадете ги рузмаринот и лукот и гответе уште 1-2 минути. Потоа додадете го и оризот, промешајте и гответе дополнителни 1-2 минути.
  3. Претходно зовриените бујон и домати започнете бавно да ги додавате во тавчето со оризот. Најдобро е да додадете по четвртина од бујонот, оставете да се динста оризот и кога ќе испари дел од течноста додадете нова количина бујон. Кога ќе имате искористено половина од бујонот, додадете ги преостанатите свежи домати, ситно исецкани. По 20-25 минути, оризот и доматите треба да се кремави и меки.
  4. Тргнете го тенџерето од оган, промешајте и послужете. Врз оризот пропрскајте пармезан и босилок.

 

Нутритивна вредност:

(на една порција)

Fibro Gel

 

Калории: 330 Јаглехидрати: 60g од кои растителни влакна: 4g  Протеини: 8g; Масти: 4,5g од кои заситени масти: 1,5g; Витамин K: 16µg; Витамин Б3: 4mg; Витамин Б12: 0,1µg; Витамин Ц: 25mg; Витамин A: 2000IU; Витамин Д: 1IU; Фосфор: 160mg; Селен: 11µg; Железо: 3,5mg; Цинк: 1,5mg

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X