fbpx

МАСЛИНОВО МАСЛО ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ

tonus

Истражувачите од Универзитетот од Минесота, откриле потенцијално нов начин на кој медитеранската диета влијае на процесот на стареење и честите заболувања поврзувани со староста.

Д-р Doug Mashek, професор на институтот за медицина и биохемија на универзитетот во Минесота водел тим од истражувачи кои откриле дека маслиновото масло, една од базичните намирници на медитеранската исхрана, може да има клучна улога во позитивното дејство на овој тип на исхрана, односно спречувањето на болестите кои се поврзуваат со возраста и општо продолжување на животниот век.

Претходните студии укажуваа на виното, односно неговата компонента ресвертарол, како клучна намирница од медитеранската исхрана која се поврзува со главните придобивки по здравјето од овој тип на исхрана.

"“Online”/

Се сметаше дека ресвертаролот е компонентата која активира посебен метаболитски пат во клетките кој е одговорен за превенирање на болестите кои доаѓаат со староста, а со тоа и на продолжување на животниот век. Сепак, резултатите од истражувањето на д-р Doug Mashek укажуваат на тоа дека за активирањето на овој метаболиски пат е одговорна една друга компонента од медитеранската исхрана, а тоа е маслиновото масло.

Според Mashek умереното консумирање на маслиновото масло не е доволно за придобивките кои ги споменавме. Студијата сугерира дека ограничениот внес на калориите, односно умерениот калориски дефицит води кон најуспешно активирање на посебниот метаболитски пат и чувствување на придобивките од оваа основна намирница на медитеранската исхрана.

,,Утврдивме како мастите од маслиновото масло функционираат најдобро во корист на организмот, а тоа е најпрво нивно складирање во микроскопски структури, липидни телца, односно на начин на кој што организмот ги складира мастите, а потоа, во процесот на катаболизам на масти (нивно разградување со цел добивање на енергија, во текот на вежбањето или гладувањето) се остваруваат ефектите кои се од корист за организмот” – вели доктор Mashek.

Следен чекор на тимот на докторот ќе биде преведување на овие истражувања соодветно за биологијата на човекот, со цел откривање на нови лекови или точно утврдени начини на исхрана кои ќе го подобрат здравјето на луѓето и на краток рок, но и на долг рок.

,,Сакаме што подобро да ја разбереме биологијата зад сето ова, за потоа бенефитите да ги примениме кај човековиот организам, со надеж дека ќе ја смениме парадигмата на здравствениот систем, од одење кај осум различни доктори за третирање на различни осум состојби, до третирање на процесот на стареење, како причинител на сите тие осум состојби” – заклучува доктор Mashek.

Извор:
University of Minnesota
Оргинално истражување: Open access
“Lipid Droplet-Derived Monounsaturated Fatty Acids Traffic via PLIN5 to Allosterically Activate SIRT1”. Doug Mashek et al.
Molecular Cell doi:10.1016/j.molcel.2019.12.003.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор