fbpx

Мајчина душица за смирување

tonus

Мајчината душица (позната и како темјаника) е повеќегодишно растение кое луѓето уште од далечното минато го користеле за најразлични потреби – медицински, кулинарски, како чај, декорација итн.
Расте на суви и сончеви места во текот на целото лето, на планините, но и на пониските места.

Има повеќе типови од оваа медитеранско билка, но најзастапениот е Thymus vulgaris. Неговите цветови, листови и маслото и денес се употребуваат за третирање на најразлични симптоми, како оние на дијареа, стомачна болка и грчеви, артритис, болно грло, бронхитис, грипови итн.

Во продолжение, што вели науката за оваа билка.

"“Online”/

Силен антимикробен ефект

Тимолот е природна компонента најдена во мајчината душица и спаѓа во категоријата соединенија наречени биоциди. Тоа би значело дека мајчината душица може да делува уништувачки на низа патогени микроорганизми – бактерии, вируси, габи итн.

Една студија од 2010 година дава податоци според кои тимолот може да ја намали бактериската резитентност на вообичаените антибиотски медикаменти, вклучително и на пеницилинот.

Есенцијалното масло од мајчина душица, дури и во помали количества, во студиите се покажува како потенцијален природен конзерванс за прехранбените производи, односно има заштитувачки ефект во однос на неколку доста чести патогени бактерии расипувачи на храната.

Едно истражување од Полска, спроведено на ова есенцијално масло (и она од лаванда), утврдува негова ефективност во борбата со резистентни видови на честите патогени расипувачи на храната, како Staphylococcus, Enterococcus, Escherichia и Pseudomonas.

Мајчината душица може да помогне и кај честите габични инфекции. Имено, истражувачите од Торинскиот универзитет во Италија, утврдуваат дека есенцијалното масло од оваа билка има значителен ефект во уништувањето на квасецот Candida albicans, инаку многу чест предизвикувач на квасочни инфекции во усната празнина и вагината.

Ваквиот ефект ја прави оваа билка (нејзиното есенцијално антимикробно масло) погодна и за побрзо заздравување на раните.


Билка одлична при кашлици

Сите знаеме дека нашите баби нѝ нуделе чај од оваа и сличните билки кога сме биле настинати. Денес, истражувањата покажуваат дека мајчината душица (нејзините екстракти, чаеви и есенцијално масло), односно нејзините листови, можат да помогнат при хронична кашлица и најчестите симптоми на акутниот бронхитис.

Затоа, кога имате проблеми со грлото, напијте се чаша топол чај од мајчина душица со мед и лимон.

Подобар имунитет!

Покрај тоа што мајчината душица е корисна при настинки и грипови, нејзиниот состав е добар и за нивното превенирање и побрзото закрепнување. Оваа билка е богата со витамин Ц, но е добар извор и на антиоксидатвниот витамин А. Дополнително, мајчината душица е богата и со железо, манган, бакар и растителни влакна.


Помош при покачен крвен притисок

Одредени анимални истражувања од Универзитетот од Белград, покажуваат дека екстрактот од ова растение може значително да ја подобри состојбата со хипертензијата.

Претходно е утврдено дека лабораториските глувци доста слично реагираат со луѓето на зголемениот крвен притисок, па резултатите од студијата најверојатно би можеле да бидат апликабилни или да важат и за луѓето.

Моќната антиоксидативна вредност на оваа билка покрај директниот корисен ефект, може да помогне за подобра стабилност на маслата за готвење

Липидната оксидација или оштетувањето на прехранбените маснотии е огромен проблем во прехранбената индустрија, но и во домаќинствата (при складирањето). Тоа води кон влошување на квалитетот на храната – нејзината безбедност, стабилност и нутритивна вредност.

Истражувачите од универзитетот во Варшава, Полска, ги испитувале својствата на екстрактот од мајчина душица и утврдиле дека неговиот моќнен антиоксидатвиен состав може да помогне во стабилизирањето на сончогледовото масло.

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

Мајчината душица е добра за подобрување на расположението

Студиите покажуваат дека некои од компонентите на оваа билка имаат моќно стимулирачко дејство на одредени делови од мозокот и влијаат на пренесувањето на мозочните импулси, на начин кој предизвикува смирувачки ефект. Освен при спиењето, ваквиот ефект е корисен и за луѓето со депресија, анксиозност и хроничен замор.

Заради овие причини, есенцијалното масло од мајчина душица уште од далечни времиња се употребувало за ароматерапија. Ова дејство е овозможено од моќната биоактивна компонента карвакрол.

Чајот од мајчина душица, како и сите останати чаеви има одредено релаксирачко дејство, ако се користи како релаксирачки ритуал. Повеќе други причини зошто треба да пиеме чај и на лето, прочитајте тука.

Одличен зачин и незаменлив дел од многу рецепти

Мајчината душица многу често се употребува во Медитеранската кујна, особено во европските земји Франција и Италија.

Оваа билка е главна компонента на познатиот Песто сос, еден од најпознатите и најдобри сосови за паста. Мајчината душица како зачин, но и во својата свежа форма оди одлично и со пилешко месо, риба, мешунки итн.


Други потенцијални корисни дејства :

Диспраксија (тешкотии при движењето)
Непријатен здив
Инфекции на ушите
При тешкотии со голтањето
Губење на косата
Акни и здравје на кожата

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор