fbpx

Медитерански мафини за добар почеток на денот

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Во една од претходните статии зборувавме за кризите за храна и за тоа како да се справиме со нив. Најчесто е подобро да почекаме овие кризи да поминат и нашиот апетит да се намали, но понекогаш потребно е едноставно да се препуштиме на задоволството . Но, како да направиме задоволството да не биде проследено со грижа на совест? Денешниот рецепт е одговорот на ова прашање.

"“Online”/

Интегралните мафини се начин да ја задоволите вашата потреба за храна, особено кога имате потреба од нешто слатко!

За овој рецепт потребни ќе ви бидат:

  • 200g интегрално брашно
  • 1 кафена лажичка цимет
  • 1 пакетче прашок за пециво
  • 50g крупни овесни снегулки
  • 4-5 супени лажици мед
  • 170ml бадемово млеко (слободно користете некое друго растително млеко, доколку немате бадемово)
  • 1 јајце
  • 6 лажици ладно цедено маслиново масло

Начин на подготовка:

1) Загрејте ја рерната на 200°С и ставете корпи за мафини во калапот за мафини.

2)Во еден сад, ставете ги сувите состојки (брашното, циметот, прашокот за пециво и овесните снегулки) и промешајте ги.

3) Во посебен сад, изматете го јајцето, па додадете ги млекото, маслото и медот.  Истурете ја содржината во садот со сувите состојки и мешајте добро, се додека смесата не стане хомогена.

Fibro Gel

4) Истурете ја смесата во калапите за мафини и декорирајте со малку овесни снегулки на врвот, пред да ги ставите за печење. Мафините се печат 25-30 минути.

*Забелешка: Обидете се да користите крупни овесни снегулки, а не овесна каша.  Користењето на овесна каша во рецептот забележително ја менува текстурата на мафините и тие нема да го имаат истиот вкус.

 

Вака подготвените мафини можете да ги јадете за појадок, заедно со шолја добро кафе.

 

Нутритивна вредност:
(1 мафин)
Калории: 154, Јаглехидрати: 14g, Протеини: 3g, Масти: 10g, Заситени масти: 5g, Натриум: 13mg, Калиум: 221mg, Растителни влакна: 3,7g, Шеќери: 8.2g, Калциум: 84mg, Железо: 0.9mg

Медитерански мафини за добар почеток на денот

Овие интегрални мафини со овес се вкусни, сочни, здрави и полни со нутриенти, а се особено погодни за оние кои го следат Медитеранскиот начин на исхрана, поради комбинацијата на интегрално брашно, овес и мед.

Зошто медитеранските мафини се здрава храна?

Одговорот е едноставен – заради состојките.

Интегралното брашно е далеку подоброто од белото, пченично брашно кое е најприменувано. Разликите се должат на количеството  растителни влакна, витамини и минерали  – интегралното брашно ги задржува растителните влакна и останатите микронутриенти речиси во целост, бидејќи се прави од целото зрно, додека кај белото брашно тие практично се отстрануваат за време на неговото процесирање. Заради растителните влакна, гликемискиот индекс е значително понизок, па освен што не се создаваат глукозни пикови, интегралните производи нè одржуваат сити подолг период.

Интегралното брашно е богато со витамините Б1, Б3 и Б5, има повеќе железо, калциум и протеини од другите брашна, а изобилува и со рибофлавин (витамин Б2) и фолна киселина (витамин Б9). Рибофлавинот е витамин неопходен за раст и развиток на телото, додека пак фолната киселина има извонредно важни функции, помеѓу кои поддржување на делбата на клетките и продукцијата на DNA. Повеќе за различните Б-витамини и нивната функција во нашето тело, можете да прочитате тука, додека подетално околу разликите на белото и интегрално брашно – Лебот е ЗДРАВА храна.

Овесот – крал на доручеците

 

Овесните снегулки се „ѕвездата“ на овој рецепт, бидејќи навистина се помеѓу најздравите житарки присутни на пазарот. Богат е со скроб (одличен извор на енергија), протеини, бета-глукани, витамин Е и здрави липиди. Тука можете да погледнете зошто овесот е најдобриот избор за вашиот појадок.

Медот во овој рецепт е замена за шеќерот. Всушност, најдобро е целосно да се избегнува рафинираниот шеќер онаму каде што е тоа возможно и да се заменува со медот, кој поседува низа корисни ефекти за кои можете повеќе да прочитате во една од претходните статии.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X