fbpx

Медитеранско рижото со печен зеленчук!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Сите рецепти за рижото, кога се направени правилно, се богати и кремасти, а исто време ,,лесни” ја јадење и варење.

Дополнително, оризот од рижото добро ги апсорбира вкусовите од најразличните додатоци. Ова би значело дека оризот поседува голем потенцијал за правење различни комбинации и претставува јадење со одлични вкусови карактеристики што ќе го подготвите за прилично кратко време.

[Поврзано: РЕЦЕПТ – Интегрално рижото со печурки!]

"“Online”/

Рецептот во продолжение е уште еден пример како можете да ги искористите сите благодети на оризот на еден поинаков, различен начин:

Meдитеранско рижото со печен зеленчук

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

За печениот зеленчук:

  • 1 супена лажица маслиново масло
  • 300g шери домати, преполовени (може да користите и обични домати)
  • 2 големи црвени пиперки, исечкани на ситни коцки
  • 1 голема тиквичка, исечкана на коцки
  • ½ кафена лажичка морска сол
  • ½ кафена лажичка бибер

За рижотото:

  • 1 супена лажица маслиново масло
  • 1 голем црвен кромид, ситно исецкан
  • 3 чешниња лук, ситно исецкан
  • 220g интегрален ориз со долго зрно
  • 1 супена лажица балсамико
  • 250ml доматно пире или сос
  • 250ml растителен бујон
  • приближно 6 сушени домати, исецкани на мали парчиња (по желба)*
  • свеж босилoк
  • ½ кафена лажичка морска сол
  • ½ кафена лажичка бибер

Начин на подготовка:

За зеленчукот:

1)                 Загрејте ја рерната на 180°C и додадете маслиново масло во плех за печење.

2)                 Исецкајте го зеленчукот на мали парчиња и распоредете го во плехот. Одозгора ставете сол и бибер и протресете го плехот за убаво да се премачкаат сите парчиња зеленчук.

3)                 Печете во претходно загреаната рерна 30-тина минути.

За рижотото:

1)                 Додека се пече зеленчукот, додадете маслиново масло во големо тенџере или тавче и загрејте на среден оган.

2)                 Додадете кромид и гответе околу 2 минути пред да го додадете и сецканиот лук.

3)                 Додадете го оризот и оцетот балсамикот и мешајте околу 30 секунди.

4)                 Додадете ги доматниот сос и растителниот бујон, по околу 1/2 чаша наизменично. Оставете секоја количина да ја апсорбира оризот пред да ја додадете следната.

5)                 По 20 минути, додадете ги сушените домати и растителниот бујон. Промешајте, додавајќи повеќе течност доколку е потребно и варете уште 5 минути додека соодветно не се зготви оризот.

6)                 Тргнете го од оган и додадете босилек, сол и бибер.

7)                 Служете додека е топло.

–        Овој рецепт прави 4 порции.


Нутритивна вредност:
(на 1 порција)

Калории: 315 Јаглехидрати: 62g од кои растителни влакна: 8,5g и шеќери: 13g;  Протеини: 9g; Масти: 5g од кои заситени масти: 0,6g; Витамин Б1: 0,5mg; Витамин Б3: 9mg; Витамин Б6: 0,8mg; Витамин Б9 (фолна киселина): 130mcg; Витамин А: 4300 IU; Витамин Ц: 100mg; Витамин Е: 4mg; Бакар: 0,4mg; Железо: 2,8mg; Манган: 2,5mg; Калиум: 1200mg; Цинк: 2,4mg

Зошто е важно оризот и другите полнозрнести житарки да ни бидат основа на здравата исхрана?

 

Само полнозрнестите продукти можат да нѝ го понудат ,,целокупниот пакет” бенефити од одредена житарка, бидејќи за разлика од рафинираните, тие не подлежат на процеси во кои ќе им бидат отстранети одредени значајни делови, односно делови полни со различни хранливи материи – лушпа, никулец и ендосперм.

Fibro Gel

 

Што може да ни понуди полнозреастата храна, а не и храната од рафинирани житарки?

  • Многу повеќе витамини и минерали – витамини од Б групата, витамин Е, железо, цинк, магнезиум, калиум, селен итн.
  • Исклучително висока содржина на растителни влакна – тоа значи понизок гликемиски индекс на храната, подобро дигестивно здравје, побрзо заситување, понизок холестерол, помал обем на хронични воспалителни процеси.
  • Намален ризик од кардиоваскуларни заболувања
  • Намален ризик од дијабет тип 2

    Многу повеќе околу хранливоста на оризот и разликите помеѓу белиот и интегралниот, прочитајте на следниот линк: Важни разлики помеѓу белиот и интегралниот ОРИЗ – кога да го одберете едниот наспроти другиот?

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X