fbpx

МЕТАБОЛЕН СИНДРОМ – секој би требало да знае за овој поим

tonus

Метаболниот синдром е здравствена состојба за која многу се зборува во последно време.

Иако првата формална дефиниција за метаболен синдром излезе од медицинските учебници релативно неодамна, во 1998 година, тој е распространет меѓу населението од многу поодамна, речиси толку често  како и обичната настинка. На пример, во САД погодува дури 1 од 6 луѓе. Ризикот од негово развивање расте со возраста.

Што всушност значи метаболен синдром?

Иако е толку распространет како поим и често се зборува за него, многумина не знаат што всушност претставува метаболен синдром. Означувањето на оваа состојба како засебна дијагноза е предмет на дебата и помеѓу докторите, односно многумина се на ставот дека метаболниот синдром не може да биде сметан за засебна дијагноза.

"“Online”/

Како и да е, општо прифатена дефиниција е дека метаболниот синдром е кластер или збир од повеќе метаболитички нарушувања (ризик-фактори), кои се појавуваат заедно, зголемувајќи го ризикот од кардиоваскуларни заболувања и дијбетес тип 2. Некои го нарекуваат и синдром на инсулинска резистентност.

Под збир од метаболитички нарушувања се подразбираат висок крвен притисок, зголемено ниво на глукоза во крвта, повишени маснотии и холестерол во крвта, обезност и некои други состојби. Имањето на една од нив, не значи дека имате метаболен синдром, но тие многу често се јавуваат во комбинација.


Зошто се јавува и кои се ризик-факторите?

Како што рековме, метаболниот синдром е збир на повеќе ризик-фактори, што значи и неговите предизвикувачи се повеќе. Зголемената телесна тежина и гојазноста се прв ризик-фактор, но тука влегуваат и други кои најчесто ја придружуваат гојазноста, како зголемено ниво на холестерол и триглицериди во крвта, висок крвен притисок, предијабетес, но и инсулинската резистентност.
Така, слободно можеме да кажеме дека еден вид на ,,тригер“ или поттикнувач на сите претходно набројани (можеби со исклучок на инсулинската резистентност)  е начинот на исхрана.

Затоа, како клучна причина која го предизвикува метаболниот синдром е континуиранираната неправилна исхрана и начин на живеење, односно јадењето на високо-калориска, шеќерна и масна зачинета храна, пушењето, неактивниот живот, неконтролираниот стрес итн.

Дополнителни ризик-фактори на кои тешко можеме да влијаеме се генетскиот, возраста, полицистичните јајници и медикаментите за одредени заболувања.


Симптоми и дијагностицирање

Докторите можат да се посомневаат на метаболниот синдром доколку имате најмалку три од следните симптоми:

1) Централна или абдоминална дебелина (масни наслаги во струкот), односно обем на струкот од над 100cm кај мажите и над 85cm кај жените.

2) Ниво на шеќер во крвта над 100mg/dL.

3) Крвен притисок 130/85 или над тоа.

4) Ниво на маснотии во крвта над 150mg/dL.

5) Ниво на HDL холестерол под 40mg/dL кај жени и под 50mg/dL кај мажи.

Дијагностицирањето оди по соодветното тестирање и практично утврдување на најмалку 3 од претходно наведените 5 симптоми.

Можни компликации од метаболен синдром

Компликациите кои можат да се појават заради нетретирањето на метаболниот синдром се често сериозни и долготрајни (хронични). Тука влегуваат:

◦ задебелување на артериите (артеросклероза)
дијабетес (со неговото развивање и очни заболувања, бубрежни заболувања и сите други негови компликации)
срцев и мозочен удар
бубрежни заболувања
◦ неалкохолно замастен црн дроб
◦ низа на други кардиоваскуларни заболувања


Третман и превенција

Ако имате дијагностициран метаболен синдром, целта на третманот ќе биде намалување на ризикот од развивање на претходно наведените компликации. Првата линија на третирањето, но што е уште поважно и на превенцијата, е всушност свртувањето кон  причините кои довеле до оваа ситуација – нездравата исхрана и лошите животни навики.

Значи, најпрово докторите советуваат губење на 10%, па и повеќе проценти од телесната тежина преку промена во животниот стил. Здрава исхрана, зголемена физичка активност и оставање на цигарите.

Промената на начинот на живеење се покажува како успешна кај повеќето пациенти, но доколку тоа не функционира во подобрувањето во некој/и од параметрите, односно симптомите на ова заболување, тогаш докторот може да ви препише некои лекови. На пример за контрола на крвниот притисок.

Превенцијата секогаш треба да ни биде приоритет, за сите заболувања, во продолжение неколку кратки совети за превенирање на збирот од состојби кои се дефинирани како метаболен синдром:

Губење на вишокот килограми
       ◦ регуларна, постојана физичка активност од најмалку половина час дневно(на пример
пешачење со умерено темпо)
◦ калориски дефицит

Правилна исхрана која ќе премине во навика, DASH, Медитеранска исхрана или било која друга што вклучува:
        ◦ свежа храна (овошки, зеленчук)
◦ храна богата со растителни влакна
◦ растителни протеини и здрави маснотии (мешунки, јатки)
◦ умерена употреба на солта
◦ избегнување на препроцесирана храна (шеќерна, газирани сокови, високо-масна)
◦ избегнување алкохол
◦ избегнување животинска храна богата со заситени маснотии

• Оставете ги цигарите

• Најдете начин да го контролирате стресот

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор