fbpx

МЕТЕОРОПАТИЈА – како влијае времето на нашето здравје?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Многумина тврдат дека наглата промена на временските услови им предизвикува појава или интензивирање на веќе постоечките болки, особено во коските и зглобовите,  предизвикани од артритис или некои други ревматски заболувања.

Луѓето, пак, кои страдаат од мигрена исто така неретко ги обвинуваат временски услови за појавата на болките, односно симптомите на мигрената.

Некои веруваат дека и срцевите удари се барем во одредена мера поврзани со временските услови, други пак ги поврзуваат и сезонските настинки со заладувањето и периодот на зима.

"“Online”/

Доста е тешко да го доведете во прашање она што луѓето ве уверуваат дека е вистина и го чувствуваат на свои коски, буквално и фигуративно. Но, што велат науката и фактите за наведениве состојби? Имаат ли било каква врска со промената на времето и општо, временски услови?

Срцеви удари


Кога станува збор за кардиоваскуларните заболувања, низа на студии укажуваат дека времето може да има влијание. Имено, најголем импакт имаат т.н. екстремни температури, односно многу високите температури во летниот период и оние далеку под нулата, во зимскиот период. Но, исто така големите промени во атмосферскиот притисок, можат да имаат влијание. Ќе наведеме неколку студии кои ни даваат резултати според кои можеме да го заклучиме ова:

• Една постара студија од северна Франција покажува дека наглите падови во барометарскиот притисок (на пример во периоди пред бура) може да биде поттикнувач за почести срцеви удари кај луѓето кои веќе се во висок ризик.

Fibro Gel

• Хрватско истражување од 2014 година ни дава податоци според кои можна е сериозна врска помеѓу еден опасен тип на аритмија и наглите падови на атмосферскиот притисок и повишената влажност во воздухот.

• Едно поголемо истражување од Канада нашло врска помеѓу интензивните снежни периоди и зголемениот ризик од срцев удар. Имено, добиени биле резултати според кои имало 16% зголемен број на срцеви удари во болниците и за 34% зголемен ризик од смртен исход од тие удари, во првиот ден после интензивните паѓања на снег. Но, тоа било случај главно кај мажите и интересно, и кај оние индивидуи кои немале историја на кардиоваскуларни заболувања. Се смета дека причината за ова е интензивната физичка работа, односно чистењето на снегот на особено ладни температури. Тешката физичка работа на поединци кои и не се така физички спремни, на екстермно ниски температури, може значително да придонесе за срцев удар, според истражувачите.

• Екстремно топлите лета исто така можат да бидат проблем кога станува збор за кардиоваскуларните заболувања. На телото му е потребен дополнителен ангажман за да ја одржи температурата во нормала. Срцето исто така работи понапорно. Постојат повеќе ризик групи кои се особено подложни на срцев удар при екстремно жешки температури, а тоа се: повозрасните лица, бездомниците кои се постојано изложени и оние со хронични заболувања. Овие групи на луѓе имаат помала способност за физиолошко адаптирање на екстремно топлите и ладни температури, па и на наглите промени во воздушниот притисок.

Болки во зглобовите


Истражувачите, поради огромниот интерес и сомнежите спровеле низа од студии на тематиката: климатски промени и болки низ телото. Резултатите од тие студии одат во две насоки. Според едни врската е јасна, други пак ја минимизираат директната релација и ја објаснуваат појавата на болки при промената на времето со друг пристап.

Според повеќе студии постои директна релација помеѓу интензивираните симптоми на ревматските заболувања и промената на времето. Спроведувани се во најголем дел статистички истражувања(но со огромен број на испитаници) според кои над 60% од испитаниците давале константни податоци за влошување на болките при промената на временските услови(температурите, влажноста и притисокот).

На пример, според една британска студија на тематиката со 13.000 испитаници, постои директна врска помеѓу облачното и врнежливо време и зголемувањето на потешките болки од ревматски заболувања. Испитаниците биле внимателно следени, односно следено било нивото на болки и локалната прогноза.

Од друга страна, една студија од Австралија вели дека ефектот на климата е минимален на ревматските болки. Сепак, резлутатите од првите студии кои наоѓаат врска, според експертите не докажуваат каузалитет или причинско последична врска. Така, фактот што болките се зголемуваат при влошувањето на времето може да се поврзани со помалата физичка активност во тие денови, на пример, што докажано може да ги зголеми симптомите.

Главоболки

Како што претходно споменавме, многу често луѓето со мигрена ја обвинуваат климата за интензивирањето на нивните болки.

Иако не постојат премногу студии на темата, оние кои се објавени им даваат потврда за овие чувства на луѓето со мигрена. Ќе наведеме само 2 од нив.

Првата, објавена 2015 во Journal of Headache and Pain, вели дека истражувачите од Тајван ги следеле главоболките на 66 пациенти со мигрена, во текот на цела една година. Оние кои тврделе дека температурата влијае на нивните болки, имале значително зголемени болки во текот на најладните зимски денови, за разлика од оние кои кажувале дека не се погодени од климатските промени.

Втората студија, исто така спроведена во Тајван вели дека општо главоболките се поверојатни во периодите на транзиција, од зима во пролет и од пролет во лето.

Вирусни и бактериски инфекции, односно грипови и настинки

Вирусите и бактериите се директни причинители за инфекциите, не климатските услови. Сепак, јасно е дека вирусните инфекции полесно се шират кај луѓето со намален имунитет и со суви дишни патишта.

За овие две причини, климата секако дека игра одредена улога. Имено дишењето многу ладен или многу топол воздух кој не е со адекватна, односно она што се смета за нормална влажност, може да предизвика суви дишни патишта (недостаток на течноста која ги облива, а во неа се содржат битни компоненти кои имаат антивирусен ефект, како антителата).

Физичкиот стрес предизвикан од чувството на студ, односно лачењето на одредени хормони, може исто така да влијае на зголемување на ризикот од настинки и грипови поради намалувањето на имунитетот.

Дополнително, во зимските услови седиме повеќе во затворени, непроветрени простории, неретко со лоша релативна влажност на воздухот. И ова секако го зголемува ризикот од инфекции.

Јасно е дека настинките и гриповите се заразни заболувања, значи генерално се добиваат преку контакт со заболени, но искуствата на луѓето, односно поврзувањето на ладното време и настинките не е сосем неосновано, иако се потребни уште многу истражувања на оваа тема.

Додека не ја согледаме целата слика во однос на оваа тема, важно е да често да проветруваме и да ги одржуваме просториите во кои поминуваме подолг период топли и влажни.


Временските услови и расположението

Повеќето истражувања на оваа тема нашле дека временските услови можат директно да влијаат на расположението. Она што субјективно го сметаме за лошо време, може да има импакт на нашето општо расположение, но и на ризикот од развивање на некои дијагнози како анксиозност и депресија, на пример.

Краток заклучок

Несомнено е дека сите надворешни фактори, па и времето, односно климатските услови, влијаат на состојбата и здравјето на сите живи суштества. Како што видовме претходно, временските услови можат да влијаат на влошување на некои медицински состојби.

Топлото време може да го зголеми ризикот од срцев удар и да го зголеми бројот на некои штетни организми пренесувачи на болести, ладното време може да предизвика хипотермија, ураганите и бурите уништуваат градови, поплавите исто така итн.

Fibro Gel

Значи најчесто временски услови се индиректно поврзани со нашето здравје, иако сé повеќе истражувања укажуваат и на директна врска.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X