fbpx

Минералот кој не смее да биде заборавен – КЛУЧЕН за цел метаболизам!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Јодот е еден од т.н. ,,минерали во трагови” кои се есенцијални или неопходни за правилното функционирање на организмот. Тој е присутен во одредена храна, а најчесто е додаден во неа. Исто така, може да се користи и како суплемент или додаток.

Јодот има низа важни улоги во организмот!

Јодот има повеќе важни улоги во организмот. Учествува како есенцијална компонента на тироидните хормони кои регулираат многу важни процеси во организмот: метаболитичка регулација, синтеза на протеини, ензимска активност и други важни физиолошки функции.
Јодот е исто така потребен за одржување на здравјето на скелетниот и нервниот систем на фетусот и новороденчето.

Јодот во храната

Присуството на јодот во храната зависи пред сè од неговото присуство во почвите на кои се одгледува таа храна. Повеќето земји имаат почви сиромашни со оваа компонента, а меѓу нив е и Македонија. Поради овој факт, потребно е да се јодираат одредени хранливи продукти, со цел да се овозможи адекватен внес, согласно потребите на организмот. Кај нас, солта се јодира од 1956 година, околу 20-30mg калиум јодид на 1kg сол. Најчесто јодиран продукт е готварската, натриумова сол.

"“Online”/

Во храната јодот најчесто може да се сретне кај морската храна, различните морски алги, различните житарки, овошјето, зеленчукот, но и некои млечни производи и јајца, пред сè заради суплементирањето на индустриските животни. Како што рековме, процентот на јодот во храната главно зависи од неговото присуство во обработливите почви.

Јодот во храната и во јодираната сол е присутен во неколку негови хемиски форми, вклучително негови натриумови и калиумови соли и неогрански јод (Ј₂). Неогранскиот јод многу ретко се среќава како ,,сам” елемент, почесто е во форма на некаква сол, па затоа често се реферира на јодид, а не на јод. Јодот во форма на јодид, многу брзо и лесно може целосно да се апсорбира од страна на тенкото црево. Потоа, оваа сол на јодот се редуцира до атоми на јод кои влегуваат во циркулацијата, па телото ги искористува за своите потреби, пред сè, преку тироидната жлезда.

Колкави се потребите за јод?

Средните дневни потреби за јод, кај возрасни индивидуи, кои овозможуваат непречена адекватна хормонска синтеза се 150 микрограми. Кај децата оваа вредност е малку помала, околу 90mg, а кај доенчињата околу 110-130mg. Јодот се излачува во млекото на доилките, па затоа тие имаат повисоки дневни потреби од останатата популација, околу 200 микрограми/ден. Во текот на бременоста, исто така потребите за јод се зголемени.

Fibro Gel

Опасности од јоден дефицит

Недостатокот од јод може да има повеќекратни последици врз растот и развојот и е водечка причина за превентабилните интелектуални нарушување во светски рамки.

Јодниот дефицит може да доведе до зголемување на тироидната жлезда или состојба наречена струма или гушавост. Ако овој недостигот е потенцирано изразен и релативно долготраен, освен гушавост, може да се равие и хипотироидизам.

Хипотироидизам, заболување заради ниска активност на тироидната жлезда, е често нарушување на ендокриниот систем кога тироидната жлезда не произведува доволно тироидни хормони. Може да предизвика бројни симптоми, како мала отпорност на настинка, чувство на замор, тврда столица, депресија, и склоност кон зголемување на телесната тежина.

Недостигот на јод (а со тоа и на тироидни хормони), особено во првиот триместар од бременоста, а потоа и за време на периодот на интензивен раст (новороденче и доенче) може да резултира со тежок физички и ментален заостаток во растот и развојот (кретенизам).

10 знаци кои укажуваат на недостаток на јод во исхраната:

1) Отечен врат

Отечен врат на предната страна е еден од најчестите симптоми на јоден дефицит. Оваа состојба која и претходно ја опишавме, типично е наречена гушавост.

Тиродната жлезда ги синтетизира нејзините хормони кога во крвта е зголемено нивото на ТСХ (тироидно-стимулирачки хормон) во крвта. Сепак, кога достапните нивоа на јод во организмот се мали, жлездата не е во можност да ги синтетизира тироидните хормони во доволно количество. За да го надокнади количеството, жлездата работи забрзано што предизвикува зголемување, па и реплицирање на клетките од тироидното ткиво. Ова понатаму, односно на подолг рок, води кон гушавост. За среќа, ваквата состојба може да се лекува со суплементи, но доколку подолго време не се третира, може да дојде до трајно оштетување на тироидната жлезда.

2) Неочекувано зголемување на телесната тежина

Ниските нивоа на јод можат да го успорат метаболизмот и да го поттикнат процесот на складирање на консумирата храна во маснотии, наместо нејзино согорување за енергија. Ова секако води кон зголемена телесна тежина.

3) Чувство на замор и слабост

Ова е случај заради тоа што тироидните хормони се потребни во процесот на согорувањето на внесената храна во енергија. Кога нивното ниво е ниско, телото не може да создаде енергија како вообичаено, па очекувано, ова води кон намалено чувство на енергичност.

4) Губење на косата

Недостатокот на јод може да ја спречи редовната регенерација на фоликулите на косата. За среќа, суплементирањето со јод може целосно да го ,,поправи” овој симптом.

5) Сува кожа што се лупи

Студиите потврдуваат дека кај дури 77% од луѓето со ниски нивоа на тироидни хормони, се појавува сува кожа што се лупи. Тоа е така заради улогата на тироидните хормони во процесот на регенерација на кожните клетки.

6) Чувство на ладно, повеќе од вообичаено

80% од луѓето со ниски нивоа на тироидни хормони чувствуваат претерана сензитивност на ладни температури. Ова е случај заради тоа што недостатокот од тироидните хормони го успорува метаболизмот, а со тоа и генерирањето на топлина.

7) Проблеми со учењето и запомнувањето

Повеќе научни студии укажуваат дека недостатокот од јод, во било која возраст, може да предизвика проблеми во учењето и запомнувањето.

8) Проблеми со бременоста и нередовни менструални циклуси

Научните студии укажуваат и на овие појави. За причина се сметаат ниските нивоа на тироидните хормони кои влијаат на хормоните-регулатори на менструалниот циклус.

Тестови за откривање на јоден дефицит во организмот

Постојат дијагностички процедури кои што можат да ни укажат на дефицит (недостаток) или суфицит (вишок) на јод во организмот. Тие тестови се: јодна фиксација и екскреција (излачување) на јод во урина (поединечен примерок или 24 часовна урина).

Каде најчесто го има јодот и на што треба да внимаваме при употребата на солта која е јодирана?

Јодот, како што веќе споменавме е присутен во многу малку прехранбени продукти (и тоа во мал процент) кои се достапни кај нас: во некои житарки, овошје, зеленчук и некои животински производи заради суплементирањето на животните.

Заради овие причини, многу ни е значајна готварската сол. Но, исто така значајно е таа да се чува на правилен начин и на правилен начин да се консумира!

Солта треба да се чува на темно и суво место.

Јодот е прилично нестабилен и секоја влажност, изложеност на светлина или оставање на солта на отворено, доведува до испарување на јодот од истата. При готвењето, солта треба секогаш да се додаде на крајот од термичката обработка на храната. Исто така, правењето на поголеми залихи од сол не е препорачливо.

Поголеми количини од 5g сол дневно, можат да создадат повеќе проблем, отколку корист.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X