fbpx

Модри сливи – за што се’ можат да помогнат?

tonus

Сливите се можеби најпопуларните овошки на раната есен, па денес ќе наведеме повеќе причини плус зошто треба максимално да го искористиме овој период кога нѝ се достапни во својата свежа форма.

Сливите се помеѓу најстарите култивирани растителни култури од страна на човекот. Припаѓаат во истото семејство со праските, црешите, кајсиите и слични овошки, но сепак сливите во голема мера се разликуваат од нив (според вкусот и нутритивноста).

Дополнително, сливите можат да се најдат во навистина безброј форми, бои и вкусови (над 2000 различни типови). Кај нас најзастапена е модрата слива, па ќе зборуваме за неа.

"“Online”/

Нутритивно сконцентрирана храна


Сливите се особено нутритивно сконцентрирана храна, односно имаат ниска калориска, а исклучително висока хранлива вредност. Тие содржат над 15 различни видови витамини и минерали, но и низа фитохемикалии, помеѓу кои и моќни антиоксидативни компоненти. Една слива со просечна големина содржи околу 30 калории, 8g јаглехидрати (1g фибер и 7g шеќери) и минимални количества протеини и масти.

Што се однесува до микронутритивниот состав, сливите содржат:

• 5% од Дневните Потреби за витаминот А
• 10% од ДП за витаминот Ц
• 5% од ДП за витаминот К
• 3% од ДП за калиум
• 2% од ДП за бакар

Покрај ова, сливите содржат и нешто помали количества манган, витамини од Б групата, фосфор, магнезиум итн.

Исклучителен антиоксидативен состав

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

Всушност, најзначајните корисни дејства на сливите се базираат токму на нивниот антиоксидативен состав. Сливите се добар извор на исклучително моќни антиоксидативни средства, како различни полифеноли, антоцијанини, каротеноиди, фалвоноиди и антиоксидативни витамини.
( примери: лутеин, криптоксантин, зеаксантин, неохлорогенична и хлорогенична киселина, витамин Ц итн.)

Една студија од 2009 година објавена во Journal of Medicinal Food, вели дека сливите се богат извор на одредени полифенолни антиоксиданти кои претставуваат природна заштита од оксидативни оштетувања на гранулцитите (многу значаен вид имуни клетки).

Некои други корисни ефекти со научна основа од антиокидативни состав на сливите: подобар вид, поспоро стареење, намален ризик од некои типови канцер итн.

Подобра дигестија и храна погодна при процесот на слабеење

Релевантните здравствени институции препорачуваат внесување најмалку 25-30g фибер на дневно ниво, за возрасните лица. Овие вредности, со модерната исхрана која денес ја имаме ретко кој може да ги достигне, па затоа свежата храна, како што се сливите, треба да биде што е можно почесто на трпезите.

Сливите се добар извор на растителни влакна, особено сушените сливи. Во нивната пулпа се пронајдени растворливи влакна, додека поголемата содржина од нерастворливите растителни влакна е утврдена во нејзината лушта. Во лушпата се содржат и одредени други корисни хранливи материи, па затоа повеќето овошки е добро да се јадат со лушпата, секако претходно добро и соодветно измиени.

Растителните влакна покрај тоа што се храна за корисната цревна микрофлора, тие помагаат и во постепеното дигестирање на храната. Ова постепено дигестирање, води кон постепеното испуштање на глукоза во крвта, што прави да сме сити подолго време. Дополнително, фиберот допринесува за побрза и подолга заситеност, преку врзувањето на слободната вода во стомакот. Ова е особено значење за поуспешното слабеење.

Растителните влакна, како оние нерастворливите од сливите, помагаат и при еден од најчестите проблеми со дигестивното здравје- констипацијата или запекот. Тоа го остваруваат преку подобрувањето на цревната перистатика. Сливите се познат народен лек за вакви проблеми.
Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер.

Студија објавена во 2016 година, вели дека одредени каротеноиди и полифеноли на сливите ја намалуваат гастроинтестиналната инфламација (воспаление) и стимулираат подобра дигестија.

Сливите можат да делуваат во намалувањето на холестеролот во крвта

Фиберот, особено растворливиот фибер на сушените сливите, може да делува на намалување на ,,лошиот” или LDL холестеролот во крвта.

Сушените сливи можат да го намалат холестеролот преку врзувањето со жолчните киселини и нивото отстранување од телото. Жолчните киселини се компоненти кои телото ги употребува за да ги дигестира мастите. Тие се синтетизираат во црниот дроб и нивната основа е холестеролна. Со нивото отстранување преку дигестијата, телото има потреба од нови вакви киселини, што значи користи повеќе холестерол во таа цел, што пак го намалува крвното ниво на холестерол.

Дополнително, сливите можат да допринесат за подобро срцево здравје и на неколку други начини:

• преку моќниот антиоксидативен и антивоспалителен ефект (антоцијанините, хлорогенична киселина, кверцертин, катехини)
• превенција од калцификација на артериите, една од водечките причини за срцев удар (поради солидните количества на витаминот К)
• превенција од повишен крвен притисок (исто така како резултат на витаминот К, но и на калиумот)

Подобро здравје на мозокот


Одредени фитохемикалии на сливите можат да придонесат во намалувањето на инфламаторните процеси во нервниот систем и на тој начин да го подобрат здравјето на мозокот, односно да ја подобрат способноста за учење и задржување на информациите.

Ова значи дека сливите можат да придонесат во превенцијата од Алцхајмер и Паркинсон.

Една студија објавена во British Journal of Nutrition во 2015 година, вели дека специфичниот полифенолен состав на сливите може значително да го намали ризикот од невродегенеративни болести кај луѓето кои имаат високи нивоа на холестерол (имаат нездрава исхрана).

Некои други утврдени корисни дејства на сливите:

Подобро здравје на кожата – поради солидните концентрации на витамин Ц (но и останатите антиоксидативни компоненти), кој освен што делува како антиоксидативно средство, има значајна улога и во синтезата на колагенот, протеин кој е многу важен за кожата.

Подобар имунитет – исто така поради витаминот Ц.

Намален ризик од дијабет – храна со низок гликемиски индекс. Постојат низа студии кои ги поврзуваат свежите овошки (не и нивните сокови!), како што се сливите, со значително намален ризик од дијабет тип 2.

Подобро здравје на коските – поради присутниот витамин К, калиумот, но и полифенолните антиоксиданти, сите со своја значајност за соодветната густината на коскената маса.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор