fbpx

Може ли стресот да ви ја „побели” косата?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

За многумина ,,побелената” коса е симбол за мудрост, искуство и зрелост, додека од други е доживувана како негативен знак, односно ,,предвремено стареење”. Без разлика дали оваа појава ја гледате како природен тек на животот или естетски проблем, белите влакна можат да бидат индикатор и за вашата здравствена состојба.

Како доаѓа до побелување на косата?

Фоликулите на косата содржат пигмент наречен меланин, кој ѝ го дава природното обојување на косата. Пигментните клетки, наречени меланoцити се одговорни за ,,вбризгувањето” на меланинoт во фоликулите на косата. Со процесот на стареење, телото почнува да го намалува создавањето меланоцити, па така косата почнува да го губи своето природно обојување.

Кога ќе дојде до побелување на влакното, (сè уште) не постои медицинска процедура или можност за реверзибилност на процесот, односно враќање на претходната боја на косата. Сепак, експертите се близу до откривање на улогата на генетиката во тоа кога доаѓа до побелување на косата. Продлабочувањата на овие знаења во иднина може да води кон решенија за враќање на природната боја на косата.

"“Online”/

Можни причини за белите влакна

Една работа која со сигурност ни е позната е дека годините и генетиката не се единствените фактори за намалувањето на меланоцитите. Хормоните исто така играат одредена улога во тоа колку рано ќе дојде до побелување на косата, но исто така фактори претставуваат и одредени медицински состојби и надворешни фактори, како:

Кожни заболувања, како витилиго – предизвикува изумирање на меланоцитите или нивна нарушена функција
Недостаток од витамин Б12 – медицинските експерти сè уште не се целосно сигурни зошто белите влакна се симптом на дефицит на витамините од Б групата, особено витаминот Б12, но познато е дека тие се многу значајни за целокупното здравје на косата. За повеќе информации околу овој значаен витамин, кликнете тука.
Коронарна артериска болест – едно истражување покажува дека младите лица со коронарна артериска болест, имаат дури 50% поголем ризик од предвремено побелување на косата, но исто толку поголем ризик и од губење на косата, во споредба со здравите младите лица кои ја немаат оваа дијагноза.
Хипертироидизамнекои експерти веруваат дека зголемената активност на тироидната жлезда може да предизвика предвремено побелување на косата, иако механизмот е сè уште нејасен.
Изложеност на хемикалии и различни загадувачи – Една студија од 2013 година наоѓа врска помеѓу пушењето и предвременото побелување на косата (пред 30-тата година од животот). Друго истражување пак, вели дека малите количества водороден пероксид присутни во фоликулите на косата, со текот на времето може да се наталожи, предизвикувајќи појава на бели влакна.

Генетиката зад побелувањето на косата

Видовме дека низа фактори можат да ја побелат косата, а истражувачите велат дека решенија се можни преку изучувањето на генетиката поврзана со овие процеси.

Во една студија од 2017 година, истражувачите од медицинскиот центар на Универзитетот од Тексас ги идентификувале клетките кои се одговорни за побелувањето и паѓањето на косата. Употребувајќи лабораториски глувчиња, тие откриле протеин наречен KROX20, кој е многу значаен за кожните клетки што му ја даваат основата на влакното. Овие клетки понатаму продуцираат специфичен протеин наречен SCF протеин, кој е пак клучен за обојувањето на косата.

Кога истражувачите го ,,избришале” генот на глувчињата кој го кодира продуцирањето на SCF протеинот, нивните влакна почнале да побелуваат, а кога истото го направиле со генот кој го кодира KROX20 протеинот, глувчињата почнале да ги губат влакната.

Според ова, тие заклучуваат дека KROX20 и SCF, двата протеини присутни во кожните клетки кои се основа на влакната, имаат интеракции со меланоцитните клетки и помагаат во растењето на соодветн пигментираните влакна.

Со продлабочувањата на ваквите познавања, експертите се надеваат дека во иднина ќе овозможат спречување на побелувањето на косата, но и соодветни третмани за оние луѓе кои имаат проблем со опаѓањето на косата.

Митови и вистинити тврдења околу белите влакна

1. Отстранувањето на едно бело влакно, ќе поттикне појава на многу други здрави влакна – всушност спротивното е вистина. Со отстранувањето од корен на ваквите влакна, дополнително се оштетува фоликулата на влакното, па со текот на времето, на тоа место веќе нема воопшто да расте влакно.

2. Белата коса е понежна од пигментираната – ова е вистинито тврдење. Како што старееме, скалпот продуцира сè помалку масти, предизвикувајќи посува, покршлива и погруба коса. Затоа е добро да се користат средства за нега и хидратација на косата.

3. Стресот може да ја побели косата – генерално неточно тврдење, но делумно и вистинито. Стресот не предизвикува побелување на косата, но според одредени истражувања тој може да води кон побрзо ,,менување” на влакната, а колку е почесто менувањето, толку повеќе пигмент е потребен за да ги обои новите влакна. Кога пигментот ќе почне забрзано да се троши, почнуваат да се појавуваат бели влакна.

,,Справување со белите влакна

Додека науката изнајде ефективни решенија за враќањето на старата боја на белата коса, еве три начини како самите да си помогнете:

Користете фарби за коса – можете да се исфарбате самите, но да користите и совети од професионалци за тоа која нијанса најдобро ви прилега на тенот.

Прифатете ја белата коса – тоа е природното обојување на вашата коса. Дополнително, во последно време белите влакна се ,,во тренд”.

Секогаш грижете се за вашата коса – можеби не ви се допаѓа белата боја, но ќе се согласите дека тоа е секако подобра опција од немањето воопшто коса. Затоа имајте редовни кожни прегледи, хранете се здраво и користете соодветни препарати препорачани од вашиот дерматолог.

Fibro Gel

[Поврзано: ОСУМ намирници за ЗДРАВА КОСА!]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X