fbpx

Нане – 6 причини плус почесто да ја употребувате оваа билка!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Нането е цветно, повеќегодишно растение кое припаѓа на родот Mentha и семејството наречено Lamiaceae. Во рамките на родот Mentha постојат околу 20-тина различни видови. Нането вегетира во влажни предели со тропска и умерена клима. Луѓето најчесто го собираат од ливадите, но тоа се култивира и за комерцијална употреба.

Најчесто се користи за правење чај и во комерцијални цели, како додаток на пастите за заби и други препарати за нега и одржување на оралната хигиена поради уникатните освежувачки својства, потоа за правење на различни бомбони, како сув зачин итн. Имајќи го предвид освежувачкиот потенцијал на оваа билка, односно нејзиниот слабо сладок, а во исто време ,,ладен, разладувачки вкус”, таа може да се употребува и во летните освежителни пијалаци. Пробајте вода со лимон и нане.

Чајот од далечни времиња се употребува за нелагодности и болки во стомакот, а поради истите причини листовите од нане се додаваат и при варењето на гравот (голем дел од луѓето имаат проблемот со дигестирањето на оваа мешунка). Нането во традиционалната медицина се користи и за третирање на проблемот со непријатен здив, за арома терапиии, прочистување на воздухот во затворени простории итн.

"“Online”/

Во продолжение, 6 причини зошто треба почесто да ја користиме оваа билка.

Хранлива вредност и антиоксидативен состав

Листовите од нането имаат доста ниска калориска вредност. Свежите листови од нане содржат незначителни количества протеини, масти и нешто повеќе јаглехидрати (половината од нив се од растителни влакна).

Сепак, нането има солидна микронутритивна вредност: значителна количина од витаминот А (маснораствролив витамин кој е клучен за здравјето на очите), потоа железо, манган, витамини од Б групата (особено Б9 или фолна киселина) и помали количества калциум, магнезиум, калиум, цинк, фосфор, калиум и витамин Ц.

Покрај ова, нането преставува и солиден антиоксидативен извор, особено ако се спореди со другите слични билки. Покрај големата количина на антиоксидативниот витамин А, нането содржи и повеќе полифенолни антиоксидатни (розмарична, кафеинска и ферулична киселина, како и еугенол).

1) Подобро дигестивно здравје

Многумина го употребуваат нането само кога имаат болки во стомакот. Секако, за тоа постојат причини кои се и научно потвредни, но во следните точки ќе видите дека нането треба да се употребува почесто и заради другите негови корисни дејства.

Нането содржи компонента наречена ментол, која помага во релаксирањето на мускулите на дигестивниот тракт, обезбедува нивно полесно празнење и чувство на олеснетост.
Покрај споменатото, кај оваа билка е утврдено силно антимикробно и антивоспалително дејство.
Тоа би значело олеснета борба со инфламацијата во цревата и со потенцијалните патогени кои дополнително допринесуваат за влошување на симптомите.

Студиите покажуваат дека нането е особено корисно за олеснување на симптомите на луѓето со синдром на нервозни црева, како што се дијареата, запекот, стомачните болки, грчевите, повраќањето итн. Едно такво истражување вели дека редовното консумирање на капсули од есенцијално масло од нане, ги намалува наведените симптоми за дури 75%.


2) Ублажување на симптомите на грип и настинки

Уште една од најчестите употреби на повеќето чаеви, покрај онаа за болките во стомакот е онаа за побрзо пребродување на непријатните симптоми на грипови и настинки. Ова дејство повторно се должи на компонентата ментол.

Оваа ароматична компонента овозможува полесно разградување на мукозната течност во носот и на тој начин, значително олеснето дишење преку него. Некои студии пак, покажуваат дека ментолот предизвикува само субјективно чувство на олеснето дишење.

Секако, ефектите се утврдени кај есенцијалното масло, но одредено дејство е можно и кај чајот.

3) Помош при проблеми со непријатен здив

Кога луѓето се обидуваат да избегнат лош здив или да се ослободат од него, прво посегнуваат по мастики и тоа најчесто оние со ,,пеперминт”.

Сепак повеќето истражувања не наоѓаат антимикробен ефект кај мастиките , кој би бил доволен за да се ослободиме од хронично влошениот здив (бактериски причинет). Но јасно е дека споменатите мастики, можат да го ,,маскираат” нерпријатниот здив барем на неколку часови, што би било доволно кај ,,акутните” причинители за лош здив – некои прехранбени продукти, како кромид и лук.

Од друга страна, постојат научни податоци за антимикробниот ефект на чајот од нане и листовите од кои се прави. Ова значи дека пиењето чај од нане и џвакањето на неговите листови, може да води кон трајно ослободување од непријатниот здив кој е резлутат на активноста на одредени патогени во усната празнина.

4) Корисен ефект кај доилките

Доилките многу често се соочуваат со напукнатини или ранички на брадавиците, кои предизивкуваат болки и потешкотии при доењето. Истражувањата покажуваат дека нанесувањето на нане на овој дел од кожата, може да придонесе за намалување на болките.

Нането може да се нанесува во форма на чај (претходно оладен) и на есенцијално масло од листовите на оваа билка.

5) Корисен ефект за мозокот


Одредени студии покажуваат дека дури и самиот мирис на нането може да биде доволен и да придонесе кон подобрата функција на мозокот. На пример, една студија објавена во престижниот Journal of Neuroscience, покажува податоци според кои може да се види дека аромата на пеперминтот може да ја подобри меморијата и да го зголеми чувството на будност.

Една друга студија од САД, вели дека мирисот на нане покажува висока ефективност во намалувањето на чувството на замор и анксиозност, како и значително подобрување на ,,будноста”. Овие ефекти се можни благодарение на стимулирањето на централниот нервен систем, кое го предизвикува мирисот на нането.

6) Намалување на симптомите предизвикани од полицистичните јајници


Постојат и сериозни истражувања според кои чајот од нане може да има корисно дејство при синдромот на полицистични јајници, состојба кај жените која се карактеризира со високи нивоа на машки хормони. Ваквото дејство е возможно заради т.н. анти-андроген ефект на нането, односно способноста да го намали нивото на тестостерон и да направи одреден хормонски баланс.

 

Кратки совети за користењето:

▫ Листовите на нането се доста нежни. Кај готвените јадење, додавајте ги при крајот на готвењето за да се задржи формата, но и хранливите компоненти и мирисите.

▫ Кога купувате свежо нане, одберете ги најсјајните и најсвежи листови.

▫ Складирајте ги во соодветни пластични кеси и чувајте ги до најмногу 7 дена во фрижидер.

▫ Нането лесно се одгледува и дома. Обидете се да го посадите во саксија, така ќе си имате свеж зачин, но и ароматична билка во секое време.

▫ Свежата билка одлично се ,,вклопува” во различни тавчиња (гравче), супи, чорби, свежи салати, овошни салати, освежителни пијалаци (ја споменавме комбинацијата со лимон и вода, но може да се комбинира и со краставици), здрави сладоледи итн. Сувиот зачин наоѓа уште поголема примена.

Fibro Gel

Прочитајте и: Зошто треба да пиеме чај и во лето?

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X