fbpx

НАЈОПАСНИТЕ калории: ТЕЧНИТЕ калории!

tonus

За шеќерни пијалоци (категоризирани и како безалкохолни пијалоци) се сметаат сите оние пијалоци во кои има додадено шеќер или друг тип на засладувач (високо-фруктозен сируп, сахароза, овошен шеќер и други).

Во овие пијалоци влегуваат: газираните сокови, различните тоници, бистрите и густи овошни сокови, лимонади, енергетски пијалоци и сите останати во кои има додадено шеќер или некаков засладувач.

Овие пијалоци се најголемиот единечен извор на калории од шеќер, во исхраната на луѓето од развиениот свет. Во останатите земји во развој, ваквиот тренд е во постојан пораст. За тоа постојат повеќе причини, но тоа е сосема друга тема.

"“Online”/

Колку всушност е засладена една просечна ,,кола”?

Во една супена лажичка има околу 4g шеќер. Замислете 7-10 вакви лажички, во една обична чаша вода. Изгледа премногу нели? Но, во соковите немаме чувство дека количината на додаени шеќери е толку голема. Тие се на некој начин, ,,прикриени”.
Ова прави да бидат ,,калориска бомба”. Дополнително на ова, енергетските пијалоци содржат и коефин кој го покачува крвниот притисок.

Да обрнеме внимание на поимот ,,додадени”. Ова значи дека веќе и природно, на пример густите и бистри сокови, содржат овошен шеќер. Помеѓу овој шеќер и обичниот кристален шеќер и не постои некоја разлика, разликата постои кога овошниот шеќер се консумира од самата овошка. Тоа е случај бидејќи овошката содржи и многу други корисни компоненти и компоненти кои овоможуваат да нема пикови на шеќерот во крвта, а си имаат и своја значајна физиолошка улога во телото.

Koи се ризиците?

Научните студии се јасни: што повеќе консумирате засладени пијалаци, тоа е поголем ризикот од т.н. ,,предвремена смрт”, особено предвремена смрт од кардиоваскуларни заболувања и дијабет. Освен овие заболувања, се зголемува и ризикот од развој на канцерогени заболувања. Студиите покажуваат и дека ваквите пијалаци се малку повеќе штетни за жените.

Засладувачите како решение?

Науката во последните декади интензивно го истражува дејството на додадените шеќери и нивното дејство врз здравјето. Како едно од решенија за овој проблем се наметнуваат засладувачите (природни и вештачки синтетизирани). Засладувачите се исто така јаглехидратни компоненти, но со многу помала калориска вредност, со иста слаткост, а неретко и поголема од обичниот шеќер. На прв поглед, тие се елегантно решение, но потребни се навистина повеќе истражувања за да појасно да се определи нивното влијание врз здравјето на човекот.
Во последно време токму такви истражувања можеме да сретнеме сè почесто.

Една неодамна објавена студија направена од институтот за јавно здравје на Харвард за тема ги има токму засладувачите (вештачките). Накратко, добиените резултати се следни: пиењето на еден вештачки засладен пијалок, дневно, наместо еден со додаден шеќер, го намалува ризикот од развивање на кардиоваскуларни заболувања и дијабет. Но, ова не важело и за женските испитанички, туку сосема спротивното, ризикот бил зголемен.

Затоа препораката на истражувачите е: минимизирајте го пиењето на било какви засладени пијалоци, ако веќе треба да одберете, одберете ги оние со засладувач, но најдобро наместо тоа пијте повеќе вода.

Шеќерните пијалоци и дијабетот

Студиите во минатото имаат синхронизирани податоци на оваа тема. Постои јасна врска помеѓу консумирањето на пијалоците со додаден шеќер и дебелината. Секако, гојазноста е прв ризик факор за дијабет тип 2, но и повеќе други болести како на пример кардиоваскуларните.

Во една понова студија, анализирани биле податоците од една студија на 80 647 жени ( медицинските сестри кои биле следени од 1980 до 2014) и студија на 37 716 мажи (испитувани од 1986 до 2014). Добиените податоци биле во различни области од животниот стил и општиот здравствен статус кој бил проверуван на 2 години.

По внимателната анализа на податоците, односно земање во предвид на повеќето фактори, истражувачите заклучиле дека ризикот за предвремена смртност, од било кои заболувања, се зголемувал линеарно со зголеменото количество на консумирани зашеќерени пијалоци кај испитаниците во текот на животот.

Шеќерни пијалоци водат кон предвремена смрт

Зголеменото количество на шеќерни пијалоци на месечно ниво од 1 или ниеден на 1 до 4 пијалаци, го зголемувал ризикот за 1%. Зголемувањето од 2-6 пијалоци го зголемувал за 6%. 1 или 2 шеќерни пијалоци дневно, за 14%, а 2 или повеќе пијалоци, на дневно ниво за дури 21%. Општо земено, ризикот кај жените бил поголем.

Значи, поврзаноста помеѓу предвремената смртност од било која болест и пиењето на зашеќерени пијалоци е силна. Споредбено со оние кои не пијат воопшто пијалоци со додаден шеќер, оние кои пијат, имаат за 31% поголем ризик од смртност од кардиоваскуларни заболувања. Секој додаден шеќерен пијалок на дневно ниво, го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања за 10%.

Краток заклучок

Професорот по епидемиологија и нутриционизам, Валтер Вилет вели дека ваквите податоци се очекувани, имајќи го во предвид веќе одамна докажаното штетно влијание на високите концентрации на внесен шеќер врз метаболизмот и зголемениот ризик од кардиоваскуларни заболувања и дијабет. Тој смета дека веќе е време да се превземаат конкретни политики за заштита на населението. Такви политики може да бидат ограничување на рекламирањето и маркетингот на ваквите продукти, како и зголемување на даноците за нив.

На тој начин не само што ќе се заштити здравјето на луѓето, туку преку тоа ќе се заштедат и значителни ресурси кои се трошат на здравствените услуги за болестите поврзани со културата на пиење на вакви зашеќерени пијалоци. Некои земји како Португалија веќе имаат и конкретен резултат од ваквите воведени политики.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор