fbpx

Нездравата храна може да влијае лошо и на расположението

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Според Светската здравствена организација, со некакви симптоми на депресија се соочуваат повеќе од 350 милиони луѓе ширум светот, од најразлични возрасни групи.

Можеби не е толку очекувано, но симптомите на депресијата можат да бидат причинети или интензивирани и од нашиот избор на храна. Така, можна е и индиректна врска помеѓу депресијата и зголемениот ризик од срцеви заболувања, повишен холестерол, гојазност, дијабетес, Алцхајмер итн.

Депресијата е сериозна состојба

Многу често луѓето ги помешуваат симптомите на депресијата и анксиозноста со едноставното нарушено расположение. Депресијата не е само ,,лош ден” или нешто што едноставно ќе исчезне.

"“Online”/

Депресијата е заболување, исто како и дијабетот, срцевите заболувања итн. Нејзиното игнорирање е исто како да игнорираме некое друго заболување или како да игнорираме мал пожар во дневната соба, кој може да прерасне во огромен и да ни ја опожари целата куќа. Ако сметате дека имате депресија, постои голема веројатност да сте во право и тоа значи дека е време да побарате помош од соодветни медицински лица.

Исхраната и симптомите на депресија

Што ако најдобриот начин за намалување на симптомите на депресија е можеби едноставната промена на навиките за јадење и на она што го јадеме? Веројатно некој ќе помисли дека тоа звучи преедноставно, но во суштина постојат доста очигледни докази за тоа. На пример, пиењето алкохол или обемното прејадување, предизвикуваат одредени, некогаш и нагли промени во она како се чувствуваме, односно промени во нашето расположение.

Според експертите, храната игра важна улога во тоа како размислуваме, делуваме и се чувствуваме. Ако страдате од депресија, исхраната која ја имате може да биде еден од корените на проблемот кој ви создава емотивен дисбаланс. Истражувањата откриваат дека изборот на храна може да влијае негативно на мозокот и да води кон ,,маѓепсан круг” или циклуси на анксиозност, депресија, промени во расположението, збунетост итн.

Fibro Gel

Шеќерната храна и серотонинот

Јадењето на процесирана храна, односно храна богата со додадени шеќери, но и општо богатата јаглехидратна храна– разни типови колачиња, десерти, крофни, брза храна, газирани пијалаци, процесирани житарки итн – предизвикува привремено лачење на серотонин, хемикалија на мозокот која ни дава пријатно чувство, ја олеснува напнатоста, нé смирува и прави посреќни. Бидејќи ваквата храна поседува ,,анти-депресивни” својства (на краток рок), таа може да стане т.н. комфортна храна или храна во која бараме утеха и постојано ѝ се враќаме.

Доколку често сте под стрес или имате депресивни симптоми, помислете само колку пати сте почувствувале неодложна потреба од вкусна храна, на пример парче чоколадо или бел леб, во намерата за момент да се почувствуате подобро.

Сепак, како што споменавме, ,,анти-депресивните” својства на ваквата храна се со краток рок. Веднаш по пикот на серотонинот, доаѓа и до негово нагло паѓање. Овој драматичен пад предизвикува уште полошо чувство од тоа поради кое првично сте посегнале по ваквата храна.

Пржената храна го покачува апетитот

Можеби ќе ви звучи чудно, но јадењето на помфрит или друг вид пржена храна – кромид, тиквички и некои месни и млечни производи – може да продуцира ист ефект во организмот како пушењето марихуана.

Имено, една студија објавена од National Institutes of Health, открива дека организмот, користејќи една од главните компоненти на повеќето растителни масла (кои се користат како медиуми за пржењето), прави ,,свои верзии” на психоактивната супстанца од марихуаната. Ваквите ендоканабионоиди, делуваат како природни зголемувачи на апетитот. Нивното прекумерно синтетизирање значително го зголемува чувството на глад, токму како што пушењето марихуана предизвикува неодложна потреба од храна со висок вкусов интензитет.

Ако постојано внесуваме ваква храна, постојано ќе бидеме гладни што може да води кон гојазност, но можен е и ефектот кој го споменавме погоре – нагли покачувања на серотонинот, а потоа и драматични падови. Јасно е дека ваквата ситуација предизвикува нагли промени во расположението и симптоми на депресија.

Што можеме да извлечеме како заклучок?


Ако често се чувствувате депресивно, постојано сте заморени, имате тешкотии да се концентрирате и доста често имате неодложни потреби за вкусна храна, можеби редовното консумирање на процесирана шеќерна и пржена храна е причината која ви ги предизвикува или појачува ваквите непријатни симптоми.

Покрај високо-јаглехидратната, шеќерна и храната со заситен маснотии (и трансмасти) и другата храна може да делува на емотивното здравје – дали позитивно и негативно.

Можете да се обидете да си помогнете со различни суплементи (витамини, минерали), чаеви, акупунктури итн., но тие ќе ви помогнат само на краток рок. Соочувањето секогаш треба да биде со коренот на проблемот, па затоа само суштинската промена и практикувањето на здравата исхрана може трајно да го реши проблемот. Секако, здравата исхрана во комбинација со она што се подразбира под здрави животни навики.

Нерационално е постојано да се однесувате на ист начин, а да очекувате поинаков исход за вашето здравје.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X