fbpx

Немирни нозе додека спиете? Што треба да знаете и што можете да преземете самите?

tonus

Движењето на секој мускул од нашето тело е контролирано од центри во мозокот. Иако не толку често, некогаш е можно ова движење да биде и несвесно, односно без наша волја. Притоа, ,,грешката” може да се случи во мозокот, во нервите кои ги пренесуваат сигналите до мускулите или во самите мускули кои ги примаат дразбите од тие сигнали.

Неволевите движења на мускулите се попознати како грчеви, а во медицинската литература се наречени миоклонус – брзо, неволево движења на мускулите.

Постојат повеќе типови на миоклонуси, а најчесто станува збор за грчеви што се безопасни и не претаставуваат симптом на некое заболување (тука спаѓа икањето, на пример).

"“Online”/

Неконтролираното движење на мускулите во текот на спиењето може да биде сосема безопасна состојба, но понекогаш и состојба што треба да нè предупреди за одредено нарушување поврзано со спиењето.

Во продолжение, повеќе информации околу тоа како да препознаете дали ноќните грчеви се поврзани со здравствен проблем или се нормална појава.

Ноќните грчеви – многу чест тип на миоклонус

 

Ако сте свесни дека во текот на ноќта имате немирен сон или пак сте забележале дека партнерот има некако тип на ,,ноќни грчеви”, треба да знаете дека не сте воопшто сами – вакви движења се забележуваат дури кај 70% од луѓето. Станува збор за спиечки миоклонус и тоа најчесто од физиолошки карактер – се случува кај здрави лица.

За жал, во одредени ситуации спиечкиот миоклонус може да биде и патолошки, односно да укажува на одредено заболување.

Симптоми на спиечки миоклонус

 

Самите причини заради кои се појавуваат овие грчеви не се сосема разјаснети од медицината. Во одредени случаи станува збор за пренагласена реакција на мозокот и ‘рбетниот столб на светлина, звук или движење кое се случува додека заспивате. Краткотрајните ноќни грчеви најчесто се случуваат во пределот на прстите на нозете или рацете, устата и очите, а можни се и несакани движењата на рацете, нозете или телото.

Ваквите движења тешко можат да ве разбудат, а кога тоа го прават, најчесто станува збор за нагло будење поради чувство на паѓање.

 

Третирање и превенција

 

Како што веќе споменавме, во најголемиот дел од случаите, станува збор за нормална појава и нема потреба од никаков третман. Најзначајните ризик-фактори за појава на ноќните грчеви се кофеинот внесен во телото подоцна во денот, емоционалниот стрес, нарушените навики за спиење, но и условите во собата кадешто спиење (ризикот е поголем ако собата е гласна, топла, светла итн.).

Така, превенцијата од несаканите движења кои можеби ни создаваат проблеми со спиењето и самиот квалитет на сонот, може да се обезбеди со избегнување, односно успешно менаџирање на споменатите ризик-фактори.

[Поврзано: Како да го подобрите сонот?]

Сепак, доколку станува збор за ноќни грчеви што ви создаваат посериозни проблеми, како тешко заспивање, зачестено непријатно будење во текот на ноќта и недоволен сон, можно е да станува збор за патолошки миоклонус.

Патолошките состојби што може да се ,,кријат” зад овие ноќни грчеви најчесто се нарушувања поврзани со сонот, како синдром на немирни нозе или периодични движења на нозете при спиење (PLMS), но и други сериозни здравствени состојби, како Паркиносонова, Алцхајмерова  болест, епилепсија, мултипла склероза итн.

[Поврзано: Може ли здравата исхрана да го намали ризикот од Паркинсон?]

Синдром на немирни нозе

 

Симптомите на овој синдром можат да се јават при спиењето, но и додека сме будни. Тие можат да вклучат: чувство на топлина и горење во нозете, чувство на чешање, пецкање, морници по кожата, па дури и болки.

Како резултат на тоа, се јавува силна, нелагодна потреба за движење на нозете која не можеме да ја контролираме. Најчесто се случува на двете нозе, а поретко и на рацете. Самото движење овозможува опуштање, но само привремено, додека не стигне новиот ,,напад”.

Ваквите симптоми имаат потенцијал значително да го нарушат сонот, односно да го отежнат заспивањето, да го намалат траењето на сонот и да ги предизвикаат сите оние проблеми поврзани со недостатокот на сон, како чести промени во расположение, слаба концентрација итн.

[Поврзано: Врската помеѓу СПИЕЊЕТО и телесната тежина]

Според статистиките, овој синдром е доста чест и се јавува кај околу 10% од популацијата, а во поголем ризик се повозрасните луѓе и жените. Точните причини не се сосема познати, а како најзначајни ризик-фактори се јавуваат:

 

 

Во последно време лекарите посветуваат сè поголемо внимание на овој проблем и на начините за негово надминување. За жал, конкретна терапија не постои, но избегнувањето на споменатите ризик-фактори, односно здравиот начин на живеење и соодветното третирање на поврзаните болести, би требало значително да помогне во третманот и превенцијата на синдромот на немирни нозе.

 

Состојбите како оваа и сличните нарушувања на сонот, не смееме да ги игнорираме, бидејќи без квалитетен сон, не можеме да имаме ниту здрав и квалитетен живот.

 

Добрата ,,хигиена на сон” е клучна

 

Како најзначаен дел од животниот стил на кој мораме да му обрнеме посебно внимание при вакви состојби, се нашите навики за сон.

Добрата хигиена на сон претставува комбинација од животни навики кои ќе овозможат квалитетен сон, како:

 

  • Секојдневно легнување во сличен временски период, вклучително и за време на викендите и одморите.

 

  • Сон од најмалку 7 часа во текот на денот (за возрасните лица, за децата и повеќе од 8 часа)

  • Избегнување на сина светлина од електронските уреди непосредно пред легнувањето.

  • Обезбедување на пријатен простор за спиење – добар душек, тивка, темна и соба со удобна температура.

 

 

[Поврзано: 3 конкретни причини зошто јадењето непосредно ПРЕД спиење не е добра идеја!]

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор