fbpx

Непријатни симптоми по откажувањето од цигарите – Како да си помогнете?

tonus

Пушењето е една од најголемите закани по јавното здравје во светски рамки, но и кај нас. Покрај загадениот воздух, слободно може да се каже дека во Македонија пушењето е проблем број 1 за јавното здравје.

Имено, Македонија е на високото 4то место во светот, според бројот на пушачи. Тоа за жал се одразува и на бројките на заболени и починати од белодробните малигни заболувања, што директно е поврзано со цигарите.

Пушењето е главниот предизвикувач и на кардиоваскуларните заболувања, односно предизвикува околу 25% од нив. Дури и луѓето кои пушат помалку од 5 цигари дневно покажуваат одредени знаци на рана фаза од некое кардиоваскуларно заболување.

Со зголемениот број на испушени цигари и временскиот интервал во кој се пуши, расте и ризикот од срцеви заболувања. Треба да се знае и дека пушењето на цигари со намалени нивоа на катран и никотин не го намалува ризикот од овие заболувања.

"“Online”/

[Поврзано: Пушењето како лоша животна навика]

Зошто откажувањето оди толку тешко?

Кога по откажувањето од цигарите никотинот ќе почне да го ,,напушта” телото, можни се најразлични непријатни чувства и симптоми. Всушност, токму овие симптоми го прават откажувањето ,,невозможно” кај значаен дел од пушачите. Затоа, огромен дел од луѓето ги откажуваат цигарите после навистина долг период проратен со силен напор, мотив, желба и посветеност.

Цигарите дефинитивно создаваат зависност

Никотинот е супстанца присутна во цигарите, со потенцијал да создаде зависност.  И тоа зависност која е сериозна речиси на ист начин како онаа од тешките дроги, како кокаин и хероин, на пример. Се работи за хемикалија која има влијание на функцијата на мозокот, но и на крвните садови, срцето, метаболизмот, хормоните итн.

Кога телото ќе се адаптира или навикне на редовната ,,доза” никотин, ако одеднаш го прекинете пушењето, се јавуваат навистина непријатни симптоми кои всушност се и главната причини зошто толку тешко оди откажувањето од цигарите. Во продолжение, нешто повеќе околу овие симптоми и корисни совети како да се справувате со нив.

Непријатни симптоми по откажувањето на цигарите

Непријатните физички симптоми вообичаено и не траат толку долго – околу 1 недела, но сепак психолошката битна додека тие траат, но и потоа, знае да биде доста исцрпувачка и долга.

Никотинот е толку моќен, што дури и ако сте пушач само неколку недели, ќе ги искусите непријатните симптоми ако ги прекинете цигарите. Секако, ќе имате послаби психолошки последици, симптомите ќе траат нешто пократко и ќе бидат со помал интензитет отколку кај долгогодишните пушачи.

Последиците, односно симптомите по откажувањето од цигарите, како што веќе споменавме се физички, психолошки и емотивни. Првата недела, особено третиот до петиот ден се секогаш најлоши. Тоа е периодот кога телото е конечно целосно исчистено од никотинот, па почнуваат и најсилните физички симптоми:

главоболки
силна потреба за цигари
порив за прејадување со вкусна храна
потење
хроничен замор
грчеви во стомакот, запек
несоница

Ако успеете да ги минете овие најтешки денови, физичките симптоми полека ќе ги снемува, но тука ќе останат психолошките и емотивни притисоци, како:

лесна избувливост
лошо и често променливо расположение
отежната концентрација
силна потреба за цигари
анксиозност
депресија

Овие симптоми можат да останат и повеќе од еден месец, треба да бидете свесни за тоа и да истраете.

Што можете да очекувате откако ќе ја испушите последната цигара:

30 минути до 4 часа: ефектите на никотинот ќе ,,избледат”, па ќе ви се јави потреба за нова цигара.
10 часа – силна вознемиреност, физичка потреба за цигара, тага и чувство на беспомошност.
24 часа – нервозата се зголемува, заедно со апетитот (немојте да се плашите, подобро е и да се прејадувате неколку недели, отколку да продолжите со цигарите, од здравствен аспект)
2 дена – почнуваат да се јавуваат главоболки, бидејќи нивото на никотин се намалува.
3 дена – никотинот веќе не е присутен во организмот. Главоболките продолжуваат, а растат и психолошките симптоми: депресивност, анксиозност, лошо и променливо расположение, тешка концентрацијa.
1 недела – кога веќе сте стигнале до една недела без цигари и тоа зборува за вашата решителност, желба, мотив и посветеност да се спротиставите на сите не така мали искушенија. Симптомите ќе бидат тука, но веќе ќе добивате надеж дека имате контрола над ситуацијата.
2 до 4 недели – сè уште ќе имате чувство на безенергичност и безволие, но ,,маглата” веќе ќе ви се расчистува, а апетитот повторно ќе се регулира и балансира. Состојбата со депресивноста, останатите психолошки симптоми и кашлањето сериозно ќе се подобрат.
по 5 недели – веќе сте на вистинскиот пат, психолошки сте силни, после сè што сте поминале знаете дека не вреди повторно да запалите цигара.

 

Како да се справувате со навистина непријатните симптоми?

За среќа, постојат и добри вести. Пушењето е прогласено за најпревентабилна лоша навика што значи дека во голема мера работите зависат од самите индивидуи!

Треба да запаметите дека ,,кризите” за цигара траат околу 15-20 минути, што значи не е толку многу тешко да си најдете дистракција за тој период. Помеѓу најчестите совети од искуствата на луѓето кои веќе ги оставиле цигарите се:

• Прво, најдете си добар мотив и не се идентификувајте со изговорите! Цврстината на мотивот е можеби клучна во однос на тоа колку успешно ќе се справиме со некоја лоша навика.

• Одберете близок датум со некакво значење и соопштете им на блиските и пријателите дека планирате да ги оставите цигарите. Нивната поддршка ќе ви биде многу важна.

  • Ако ви е оди премногу тешко, користете и замена за никотин, мастики, лепенки, електронски цигари итн.

    • Собирајте што е можно повеќе информации за корисните ефекти од оставањето на цигарите и психички подгответе за справување со претходно наведените симптоми.

    • Направете листа на тоа што ве мотивира да ги оставите цигарите и на сите здравствени бенефити. Кога ќе дојдат кризите, постојано читајте го напишаното.

    • Користете ја физичката активност како најдобар вид дистракција од кризите. Тоа ќе ви помогне и во справуањето со честата нервоза која често се јавува во овој процес на откажување.

    • Избегнувајте ги сите ситуации и прилики во кои знаете дека следува палење цигара. На пример пиењето алкохол. Максимално избегнувајте ги искушениејата, немојте да чувате цигари во домот.

    • Бидете подготвени за долг процес, не очекувајте непријатните симптоми да траат помалку од 1 месеци.

    • Создадете си притисок од средината, кажувајќи на што е можно повеќе луѓе дека ги оставате цигарите.

    • Најдете си хоби кое ви пружа задоволство и практикувајте го на пример кога ќе дојдат кризите. Такво хоби може да биде претходно споменатата физичка активност.

    Поминувајте повеќе време со непушачи.

    Пред да се разочарате, бидејќи во повеќе обиди не сте успеале да ги оставите цигарите, треба да знаете дека во светот, моментално има 10-тици, ако не и стотици милиони луѓе кои го оставиле пушењето зад себе, па помеѓу нив и луѓе кои повеќе пушат од вас, а веројатно и некои што повеќе се измачувале да ги остават. Секој обид е важен и не е залуден!

  • Другата добра вест, НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА. Без разлика колку долго и колку многу пушите, никогаш не е доцна да ги оставите цигарите. Само 20 минути по прекинувањето, зголемениот пулс и крвниот притисок паѓаат. По само 12 часа, јаглеродниот моноксид во крвта доаѓа на нормални нивоа. За 2-12 недели, циркулацијата се подобрува и функцијата на белите дробови значително појачува. По 1-9 месеци, кашлањето и недостатокот од здив при активности значително опаѓаат.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор