fbpx

Не е мит. Мозокот и дигестијата се поврзани!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Често пати луѓето забележуваат непријатност во пределот на стомакот кога се под стрес или пак ги чувствуваат познатите ,,пеперутки во стомакот” кога се заљубени или нервозни.

Овие чувства укажуваат на тоа дека има одредена конекција, поврзаност и меѓусебно влијание помеѓу мозокот и стомакот. Постојат истражувања според кои состојбата во нашиот стомак и цревната флора, може да влијае на мозокот, но и на повеќе други аспекти од општото здравје.

 

[Поврзано: ПРИЧИНАТА за инстантното подобрување на цревата со ФЕРМЕНТИРАНАТА храна]

"“Online”/

 

Така, дигестијата е ,,чувствителна” на емоциите што ги имаме, па лутината, тагата и другите чувства, можат да поттикнат непријатни симптоми во стомакот.

Како се поврзани дигестијата и мозокот?

 

Стомакот и мозокот се директно поврзани со т.н. мозочно – дигестивна оска или акциса, која всушност претставува мрежа од меѓусебно поврзани неврони. Индиректно, овие два органи се поврзани и на повеќе други различни физички и биохемиски начини.

 

Од хранопроводот, па сè до ректумот, дигестијата има над 100 милиони неврони, чија основна задача е регулирање и одржување на оптималната состојба во дигестијата – од голтање, па сè до ослободување на соодветни дигестивни ензими. Вагусот или т.н. ,,нерв скитник” е најдолгиот нерв во човековото тело, а воедно и најзначајниот нерв во однос на врската меѓу стомакот и дигестијата.

 

Повеќе истражувања покажуваат дека луѓето со одредени дигестивни проблеми, како синдром на нервозни црева или Кронова болест, имаат намален тонус или обем на вагусот, што упатува на негова нарушена функција.

 

[Поврзано: ,,Нервозни црева” – како да го препознаете овој синдром?]

 

Една анимална студија укажува на тоа дека исхраната богата со пробиотици, ја намалува количината на стресни хормони во крвта.

Ваквите факти упатуваат на заклучокот дека вагусот е многу важен во конекцијата мозок-дигестија.

 

Имајќи предвид дека конекцијата е двонасочна, непријатностите во стомакот можат да бидат последица, но и причина за состојби како стрес, анксиозност и депресивност.

 

[Поврзано: Депресијата не е обична тага!]

 

Поврзаност преку невротрансмитери

 

Како што претходно нагласивме, дигестијата и мозокот се поврзани и на повеќе други начини, меѓу кои и преку хемикалии ,,гласници”, наречени невротрансмитери.

 

Невротрансмитерите се создаваат во мозочното ткиво и помеѓуостанатото, задолжени се за контролирање на чувствата и емоциите. На пример, невротрансмитерот серотонин, поттикнува чувство на среќа и придонесува во циркадијалниот ритам.

Можеби ви е неочекувано, но серотонинот се продуцира и во дигестијата, од нашата корисна цревна микрофлора и тоа во поголеми количества.

 

[Поврзано: Како ДОБРИТЕ вируси ни помагаат против бактериите?]

 

Дополнително, цревната микрофлора продуцира и еден друг невротрансмитер, наречен гама-аминобутерна киселина, која е важна за контролирање на чувствата, како страв и анксиозност. Анималните истражувањата покажуваат дека одредени пробиотски бактерии можат да ја зголемат продукцијата на овој невротрансмитер и на тој начин да придонесат за намалување на депресивните и анксиозни симптоми.

 

[Поврзано: Кога чувството на СТРАВ станува проблем и што може да се направи?]

 

 

Поврзаност преку други хемикалии

 

Корисната цревна микрофлора продуцира и други хемикалии што можат да влијаат на мозокот, на пример кратко-верижните масни киселини, како бутират, пропионат и ацетат. Тие се продуцирани од бактериската микрофлора, преку разградување на пребиотиците внесени преку храната. Ваквите масни киселини, влијаат на мозокот на повеќе начини, како на пример го намалуваат апетитот, учествуваат во градбената структура на мозокот итн.

 

[Поврзано: 6 конкретни здравствени придобивки од ПРЕбиотиците!]

 

Цревната микрофлора метаболизира и други компоненти, како жолчната киселина и одредени аминокиселини, создавајќи хемикалии што потоа имаат свое влијание на мозокот.

 

 

Мозочно-дигестивната акциса е поврзана и со имуниот систем

 

Корисната цревна микрофлора игра значајна улога во имунитетот на човекот и процесите на инфламација, преку ,,контролирањето” на она што ќе се апсорбира, а што ќе се излачи од организмот.

[Поврзано: Како ИМУНИТЕТОТ е поврзан со животниот стил?]

Ако имуниот одговор е активен предолг период, се зголемуваат процесите на восплаение, а тоа се поврзува со низа ментални или мозочни нарушувања, како депресија, Алцхајмерова болест итн.

 

[Поврзано: Телесната тежина со изненадувачки ефекти и на мозокот!]

 

Имајќи предвид дека цревната микрофлора е поврзана со здравјето на мозокот, промените кои можат да се случат во неа, логично, можат да делуваат позитивно или негативно на менталното здравје. Така, повеќе истражувања укажуваат дека почестото консумирање на одредена пробиотската храна, можат да делуваат на намалување на симптомите предизвикани од депресијата и анксиозноста.

[Поврзано: ПРИЧИНАТА за инстантното подобрување на цревата со ФЕРМЕНТИРАНАТА храна]

Fibro Gel

 

Дополнително, студиите покажуваат дека соодветниот внес на пребиотици, или генерално растителни влакна од исхраната, исто така е поврзано со подобро здравје на мозокот. Така, во едно истражување од 2014 година, се вели дека земањето на пребиотиците наречени галактолигосахариди, во период од 3 недели, значително го намалило нивото на т.н. ,,хормон на стресот” – кортизол.

Која храна се смета за посебно добра во однос на мозочно – дигестивната акциса?

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X