fbpx

Не се дебелееме само од храна?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Општо е познато дека за пандемијата на гојазноста во модерното време, пред сé  одговорни се неправилната исхрана и физичката неактивност. Но, дали сте знаеле дека постојат и класи синтетски соединенција кои се поврзуваат со нагло зголемениот ризик од гојазност? Тие се наречени обезогени соединенија и се наоѓаат во низа секојдневни производи.

Во продолжение, дополнителни причини плус за исфрлање од употреба на пластичните чашки, прибор и различните прехранбени пластични пакувања и причина плус за зголемување на внесот на свежа и непроцесирана храна.

Што се обезогени соединенција?

Обезогените соединенција се синтетски или вештачки добиени хемикалии кои можат да се најдат во различните пакувања за храна, пластичен прибор и прибор за готвење. Ваквите компоненти се сметаат за нарушувачи на ендокрината функција на организмот.

"“Online”/

На тој начин, тие влијаат и врз телесната тежина. Освен тоа, тие можат и да нарушат некои други хормонски дејства, делувајќи на фертилноста и пубертесткиот развој.

Постојат над 20 утврдени обезогени соединенција, а ваквото име го добиле пред 16 години, кога било утврдено нивно нарушувачко дејство на метаболитичките процеси, што резултирало со зголемена телесна тежина, но и општо, зголемен ризик од зголемена телесна тежина во текот на животот.

Според истражувањата, обезогените соединенија го поттикнуваат зголемувањето на телесната тежина преку нарушувањето на метаболизмот на адипоцитите(масните клетки), зголемувајќи ја резервната енергија во масните ткива и  преку нарушувањето на невроендокрината контрола на апетитот и заситувањето.

Fibro Gel


Кои се најчестите обезогени супстанции?

1) BPA или бисфенол А

Токсичниот ефект на ова соединение е добро познат и се состои од зголемена инфламација, инфертилност и недостаток од витамин Д.

Но, според новите истражувања, ВРА се поврзува и со гојазноста и дијабетот. Една мета-студија од 2019 укажува на можна причинско-последична врска помеѓу детската гојазност и изложеноста на споменантата хемикалија бисфенол А.

Најчесто бисфенол А се користи кај пластичните шишиња, пластичниот прибор за една употреба, играчките, некои типови на медицински прибор, ПВЦ пластични компоненти, но исто така можно е да се сретне и кај металните буриња за пиво, металните пакувања за кафе, лименките и металните затворачи за тегли.


2) Фталати


Фталатите се хемикалии кои се додаваат на пластиката, со цел зголемување на нејзината флексибилност и рок на траење. Нашле примена во широк спектар на козметичките продукти и пакувањата за храна, но и детските играчки, кремите за сончање, детергентите итн.

Се смета дека во САД над 75% од населението во својот организам има одредено количество од овие компоненти.

Една мета-анализа од 2019 година, анализирала податоци од 29 истражувања, по што дошла до заклучок дека постојат силни индикации за директна поврзаност на изложеноста на фталати и гојазноста, особено кај повозрасните лица.

Покрај негативниот ефект во однос на метаболизмот и гојазноста, фталатите се поврзуваат и со репродуктивни нарушувања, вкучително оштетувања во ДНК на сперматозоидите, токсичност за тестисите и нарушен пубертет.


3)
Полихлоринирани бифенили

Синтетски компоненти со широка индустриска примена, вклучително како обојувачи на хартија, пластификатори на боите, а присутни се и во различни пластични и гумени производи. Иако во повеќето земји веќе овие компоненти се забранети, сепак сé уште можат да се најдат во многу производи, но и како загадувачи на водите и почвите.

Тие можат да се акумулираат во листовите и другите делови од растенијата и на тој начин да станат храна за рибите и другите животни, но да стигнат и до трпезите.

Студиите нашле релација помеѓу развојот на гојазност и овие компоненти. Дополнително, пронајдени биле и влијанија на зголемената инсулинска резистентност, зголемен ризик од дијабет тип 2 и метаболен синдром.

4) Атразин

Еден од најчесто употребуваните хербициди, односно земјоделски препарати за заштита на насадите од треви и други штетници. По нанесувањето на почвите, тој може да навлезе во нив, а така да стигне и до подземните води и евентуално да ја контаминира водата за пиење. Секако, дел од овој хербицид може да остане и на самите земјоделски култури.

Истражувањата покажуваат дека оваа компонента може да придонесе за развивање на инсулинска резистентност и гојазност, особено во комбинација со исхрана богата со маснотии.

Како да ја намалиме нашата изложеност на овие штетни компоненти

Кога се работи за овие обезогени супстанции, најважно е да се внимава дали бебињата и децата се изложени на нив, бидејќи во првите години од животот телото сé уште нема доволно развиени контролни механизми за тежината, а и штетите се повозможни. Секако, изложеноста е опасна за секого, па во продолжение неколку совети како да ја намалите изложеноста на ваквите штетни соединенија:

• Избегнувајте храна која е пакувана во било каква пластика

• Употребувајте стаклени чаши и шишиња(стаклото е најинтертниот, односно најмалку реактивниот материјал за пакување, единствената маана му е нееластичноста и лесната кршливост)

• Не ставајте пластични садови или разни пластични пакувања со храна во микробранова

• Употребувајте повеќе домашно подготвена козметика

• Внимавајте дали пластични продукти кои ги користите содржат ВРА

• Употребувајте прибор за готвење од нерѓосувачки челик, од легури на железо и карбон или од отпорно стакло

Fibro Gel

• Добро мијте ја и јадете повеќе свежа храна

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X