fbpx

Не се сите МАСТИ штетни. НАПРОТИВ!

tonus

Поимот масти (уште нарекувани и липиди, триглицериди, маснотии), значителен дел од луѓето го поврзуваат со нешто негативно, односно нешто што е нужно лошо по човековото здравје. Во таа насока е и популаризирањето на најразличните т.н. low fat диети или диети кои подразбираат силно редуциран внес на маснотии.

[Поврзано: Диетите не се решение, диетите се ПРОБЛЕМ]

Мастите се есенцијални хранливи материи!

Покрај честите проблеми што објективно можат да ни бидат предизвикани од исхраната која изобилува со маснотии, многу е важно да се разбере дека за функционирањето на организмот, внесувањето на одредена количина масти преку храната, ни е од есенцијално значење, односно претставува нужност, ако сакаме да имаме оптимално здравје.

"“Online”/

Мастите, или хемиски кажано триглицеридите, се важни компоненти во исхраната на човекот. Kако макронутриенти, тие имаат повеќе улоги во организмот. Служат како најконцентриран извор на енергија (се извор на енергија при подолго нејадење, односно претставуваат енергетски резерви за организмот) како структурни компоненти, носачи на витамини и за повеќе други најразлични биолошки функции.

Главното што треба да го запоминеме е дека не сите масти се исти, односно постојат добри, лоши и најлоши масни компоненти.

[Поврзано: Кои МАСТИ се добри, кои лоши, а кои најлоши?]

 

Начинот на исхрана кој е идеален за здравјето на срцето, не нужно подразбира јадење на храна со минимум масти!

Не така одамна, повеќе угледни здравствени институции, како на пример Американската асоцијација за здравје на срцето или одделот за јавно здравје при Харвард Универзитетот, посебно за лицата со зголемен ризик од кардиоваскуларни проблеми, препорачувaа исхрана со што е можно помалку маснотии. Сметаа дека на тој начин, превенцијата може да биде полесно обезбедена.

Сепак, во последните години истите релевантни институции, велат дека наместо силно ограничување на мастите од исхраната, фокусот треба да се насочи спрема она што се подразбира под целокупен здрав начин на исхрана (во склоп на она што значи здраво живеење).

Реалноста е дека јадењето на повеќе свежа, полнозрнеста и минимално процесирана храна, по инерција ќе води кон намалување на внесот на масти, оние ,,лошите” – заситените и трансмастите.

 

[Поврзано: Буквално НАЈШТЕТНИТЕ масти – ТРАНСМАСТИТЕ!]

Главниот извор на заситените и трансмастите се различните препроцесирани производи со празни калории и месните и млечни произоди. Тие можат да го зголемат нивото на т.н. лош ,,LDL” холестерол, еден од најзначајните придонесувачи за нарушено кардиоваскуларно здравје.

Значи, целосното исклучување на сите типови масти од исхраната, нема нужно да го намали вашиот ризик од срцеви и други заболувања!

 

[Порврзано: Липиден профил, или народски кажано – МАСНОТИИ во крвта]

 

Low-fat диета, само уште една безуспешна диета во низа

Во почетокот на осумдесетите години на минатиот век, кратењето на мастите од исхраната беше во целосен тренд. Прехранбената индустрија мораше да се прилагодува на пазарот, па огромниот дел од процесираните производи содржеа сè помалку маснотии. За жал, за сметка на тие маснотии, храната почна да содржи сè повеќе рафинирани јаглехидрати – шеќери. (Бидејќи отстранувањето на маснотиите, придонесе за силно намалување на вкусот. Тоа шеќерот го анулира.)

Консумирањето на продукти од рафинирани брашна, тестенини, различни грицки со низок процент масти, стануваше секојдневие кое за жал може да се каже дека трае до ден денес.

Ваквата храна, т.н. храна со празни калории, претставува енергетска бомба за организмот. Бидејќи внесените калории се во силен вишок, тешко можат да бидат потрошени, па организмот повторно ја складира таа ,,вишок енергија” во масно ткиво.

Дополнително, ваквата храна е со особено висок гликемиски индекс, што значи непосредно по консумирањето прави пикови во крвниот шеќер, а потоа и доста нагли падови, што нè остава гладни. Сето ова прави луѓето да бидат поподложни на инсулинска резитентност, но и на прејадувања. Следствено на тоа се зголемува и ризикот од зголемена или прекумерна телесна тежина.

 

Mногу повеќе на оваа тема, прочитајте тука.

Јадењето премногу шеќерна храна со празни калории не е единствениот проблем на low fat диетите. Тие промовираат и избегнување на здравите или незаситените маснотии, кои се наоѓаат во здравата храна, како јаткастите плодови, семиња, ладно цедени масла и риба. Ваквата храна не само што не го зголемува ризикот од срцеви заболувања, туку напротив, го намалува, а делува и на полесно заситување и добивање на повкусни оброци.

[Поврзано: Зависно од вашата возраст – што треба да правите за здраво СРЦЕ?]

Неодржливост

 

Неконзистентноста и неодржливоста се можеби клучниот проблем општо земенено, за сите диети. Диетите како по правило вклучуваат силна рестриктивност, односно силни ограничувања, кои можеби се возможни и ќе дадат некаков резлутат на краток рок, но на долг рок се неодржливи.

Токму такви се и нешто поприфатливите диети, односно оние кои ,,дозволуваат” и одреден внес на здрави масти во исхраната.

Прво, како што споменавме на почетокот, мастите треба да ги внесуваме редовно и во доволни количества преку исхраната, бидејќи се исто така неопходни како што се протеините и јаглехидратите.

Второ, мастите се од особено значаење за вкусот на храната и за нејзината способност да нè засити. Значи умереното јадење храна богата со здрави маснотии, не само што нема да ,,нè здебели”, туку може да ни помогне да ослабеме!

 

[Поврзано: Кој е тој хормон на СИТОСТА и зошто е толку важен?]


Медитерански начин на исхрана- најдобро решение за трајна и здрава навика за исхрана

 

Зошто во овој момент Медитеранската исхрана се смета за нешто што е  најблизу до идеалната исхрана?

Таа е генерално растително заснована исхрана, но не се одликува со силна рестриктивност! Во една од претходните статии зборувавме токму на оваа тема – Повторно прогласена за најдобра исхрана на годината – Медитеранска исхрана 2020!  (исхрана со најлесна применливост и одржливост!)

 

Се работи за начин на исхрана кој подразбира вкусна храна, која дополнително на тоа е и блиска со нашата традиционална кујна.

Подетално околку базичните принципи на Медитеранскиот начин на исхрана, прочитајте на следниот линк: Медитеранска исхрана!

Програма на Д-р Митов за здраво слабеење

Програма на Д-р Митов за решение на покачени масти

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор