fbpx

НИЗОК притисок – како да го вратиме во нормала?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Често се зборува за проблемите со покачениот притисок, односно хипертензијата и добро е што сé повеќе се зголемува свесноста за овој превентабилен, неретко потценет здравствен проблем. Но и нискиот притисок или хипотензијата може да биде непријатна.

"“Online”/

Крвниот притисок не е статичен

Крвниот притисок не е постојан во текот на целиот ден, туку константно се менува и прилагодува, сé со една цел – обезбедување на доволно кислород за секое едно ткиво и секоја една клетка во организмот.

Притисокот понизок од 90/60 се смета за низок пртисок, но и нешто повисокиот од ова може да ги создаде типичните симптоми. На пример, доколку најчесто имате 110/70, падот за 20 единици може да ви предизвика непријатни симптоми.

Она што се смета за низок притисок, нема исти вредности за секого

Нискиот притисок може да биде нормален и да не придизвикува никакви проблеми или да не биде причина за загриженост. На пример, притисокот доста се снижува при спиење или при нагло станување, а може да варира и поради други секојдневни работи како ритам на дишење, стрес, физичка кондиција, начин на исхрана итн. Исто така, притисокот е различен во различни делови од денот.

Она што за некои поединци е низок, можеби за некого не е, па докторите за хипотензија го сметаат оној низок пртисок кој веќе создава одредени симптоми кои ќе ги наведеме во продолжение.


Најчесто утврдени симптоми

Сепак, одредени здравствени нарушувања можат за симптом да ја имаат токму хипотензијата                        (особено ако таа нагло се појавува или симптомите се многу силни), што може да води кон намалена достапност до кислород на одредени ткива и клетки. Дополнително и нискиот притисок кој не е резултат на некое заболување, може да предизвика непријатни симптоми како:

Fibro Gel

◦ Збунетост, слабост и главоболки
◦ Нарушена концентрација
◦ Дезориентираност
◦ Онесвестување
◦ Замаглен вид
◦ Повраќање
◦ Потење
◦ Замор
◦ Жед

Екстремно ниските вредности за крвниот притисок можат да бидат и живото-загрозувачки, а  симптомите се: забрзано и ,,плитко” дишење, слаб и забрзан пулс, ладна и бледа кожа и целосна дезориентираност.  


При овие симптоми, веднаш треба да се побара медицинска помош.

Ако континуирано имате доста низок притисок, кој не ви предизвикува симптоми, исто така треба да се обратите на лекар, бидејќи како што веќе кажавме, можно е самата хипотензија е некаков симптом на некакво заболување.

Сепак, најчесто нискиот притисок и неговите симптоми не се причина за посебна загриженост.


Состојби кои можат да предизвикаат низок крвен притисок

• Бременост – циркулаторниот систем рапидно се проширува во текот на бременоста, па притисокот опаѓа, што е нормален процес. Нормалниот притисок се враќа по породувањето.

• Прблеми со срцето – некои кардиоваскуларни нарушувања водат кон намалување на крвниот притисок.

• Ендокрини проблеми – проблеми со тироидна, надбубрежна жлезда и панкреас.

• Поголеми загуби на крв

• Тешки инфекции

• Силни алергиски реакции

• Недостаток од некои нутриенти, како Б12, Б9 и железо, компоненти поврзани со здравјето на црвените крвни зрнца(анемија).

• Одредени медикаменти

10 природни начини како безбедно да го зголемите крвниот притисок


1) Пијте повеќе вода и пијалаци на база на вода –
дехидратацијата е честа причина за низок крвен притисок, дури и слабата дехидратација. Дехидратацијата најчесто се случува при брзото губење на вода, како при повраќање, тешка физичка активност, повишена температура и претерано потење, но и при користење на диуретиците.

2) Имајте здрава, балансирана исхрана – како што рековме, недостатокот од некои хранливи елементи, како железото и витамините од Б групата, може да биде причина за хипотензија, поточно анемијата неретко води кон намален крвен притисок. Најдоброто решение за анемијата е усвојувањето на здрав начин на исхрана или храна богата со железо и Б витамини.

3) Јадете помали оброци – обемните оброци исто така го снижуваат притисокот, иако ова е почест случај кај повозрасните. Ова е случај поради силно насочената крв во дигестивниот систем по обилните оброци.

4) Внимавајте на нивоата на глукоза во крвта – повисоките ниво на шеќер во крвта можат да го намалат притисокот. Уште една причина плус да ја ограничите употребата на храната со дададени шеќери.

5) Зголемете го внесот на сол – иако солта најчесто ни е непријател, натриумот кој го содржи таа може да делува на зголемување на притисокот. Сепак, консултирајте се со лекарот пред да го зголемите внесот на сол во секојдневнието. Притоа, посолувајте ја непроцесираната храна, а избегнувајте ја препроцесираната солена храна, како чипсовите на пример.

6) Ограничете го внесот на алкохол – прекумерната употреба на алкохолот води кон дехидратација, а алкохолот може да реагира и со одредени медикаменти, што дополнително предизвикува намалување на притисокот.

7) Не дозволувајте инфекциите да напредуваат – не ги занемарувајте симптомите на различните инфекции. Едноставна крвна слика може да укаже на тоа дали имате одредено инфективно заболувања(бактериско, вирусно, габично). Оставањето на  ваквите инфекции да напредуваат, може да води и кон намален притисок, што веројатно е една од помалите последици на нелкуваните инфекции.

8) Проверете ја тироидната жлезда – особено кај жените, чести се нарушувањата на штитната жлезда, а тие можат да бидат причина за намален притисок.

9) Пијте кафе и чај – пиењето на пијалаци кои содржат кофеин, може привремено да го зголеми крвниот притисок.

10) Носете цврсти еластични и високи чорапи до листовите – компресијата која тие можат да ја направат, може да ја намали крвта која оди кон долниот дел на екстремитетите и на тој начин да го подобри движењето на крвта во горниот дел од телото.

Дополнителни кратки совети:

• бидете редовно физички активни
• спијте со поткрената перница
• јадете повеќе свежа храна
• дишете правилно, на нос
• Избегнувајте:
◦ долга изложеноста на топла вода при туширањето
◦ предолго стоење на едно место
◦ нагли станувања после долго седење
◦ кревање на големи тежини
• доколку ништо од овие совети не ви помага доволно, консултирајте се со лекарот во однос на корисетење одредена терапија за зголемување на притисокот

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X